СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 13-19.07.2020

Тестирани се вкупно 8.161 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 1.038 нови позитивни случаи од 26 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=414; 39,9%) и Штип (n=149; 14,4%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 13-19.07.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 414 18
Штип 149 1
Свети Николе 82  
Тетово 78 6
Гостивар 67 4
Куманово 49 2
Струга 40 3
Дебар 21  
Кичево 19 3
Битола 19  
Охрид 18 2
Радовиш 15  
Кочани 12  
Прилеп 10 3
Демир Хисар 7  
Гевгелија 7  
Струмица 7 1
Пробиштип 6  
Кратово 4  
Кавадарци 3  
Велес 3  
Ресен 2 1
Крива Паланка 2  
Крушево 2  
Виница 1  
Вкупно 1.038 44

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица од 40-49 години со 220 (21,1%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст над 60 (n=214; 20,6%), 30-39 (n=205; 20,4%) и од 50-59 години (n=204; 19,7%). Најмал број е регистран кај децата од 0-9 (n=23; 2,2%) и 10-19 години (n=36; 3,5%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 583 (56,2%) лица од женски и 455 (43,8%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=931; 89,7%), регистрирани се 88 (9,5%) хоспитализирани, а кај 275 (29,5%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 360 (38,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 12 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 545 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 44 смртни случаи од 11 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=36; 81,8%). Од починатите, 41 биле хоспитализирани, а 3 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 19.07.2020, пријавени се вкупно 9.249 случаи на COVID-19 (I=445,2/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 34 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово и Куманово. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 9.249 445,2 432 20,8 4,7%
Скопје 4298 695,9 174 28,2 4,0%
Тетово 951 476,1 70 35,0 7,4%
Куманово 912 639,2 46 32,2 5,0%
Штип 607 1152,4 11 20,9 1,8%
Струга 370 545,3 41 60,4 11,1%
Прилеп 311 326,3 23 24,1 7,4%
Гостивар 298 248,8 20 16,7 6,7%
Охрид 244 434,9 7 12,5 2,9%
Велес 206 310,9 13 19,6 6,3%
Свети Николе 200 975,0 0 0,0 0,0%
Дебар 173 623,3 5 18,0 2,9%
Ресен 140 856,2 4 24,5 2,8%
Кичево 100 175,0 5 8,7 5,0%
Битола 89 87,3 2 2,0 2,2%
Кочани 89 185,5 3 6,3 3,4%
Пробиштип 43 281,0 0 0,0 0,0%
Струмица 31 32,7 2 2,1 6,5%
Кавадарци 29 67,4 1 2,3 3,4%
Радовиш 23 70,5 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 22 92,0 0 0,0 0,0%
Неготино* 22 93,7 1 4,3 4,5%
Гевгелија** 19 55,2 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 15 179,1 0 0,0 0,0%
Крушево 14 146,9 2 21,0 14,3%
Кратово 12 125,4 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 9 80,4 0 0,0 0,0%
Пехчево 6 120,2 0 0,0 0,0%
Валандово 6 50,6 0 0,0 0,0%
Виница 5 25,7 0 0,0 0,0%
Берово 4 30,8 1 7,7 25,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%

*10 лица се жители на Демир Капија  **6 лица се жители на Дојран, 2 од Богданци и еден е странски државјанин

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 1.152,4 заболени, Свети Николе со 975,0 на 100.000 жители, Ресен со 856,2 на 100.000 жители, Скопје (695,9/100.000), Куманово (639,2/100.000), Дебар (623,3/100.000), Струга (545,3/100.000), Тетово (476,1/100.000), Охрид (434,9/100.000), Прилеп (326,3/100.000) и Велес (310,9/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Демир Хисар и Кичево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

k1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 4.591 машки и 4.658 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 442,9/100.000, додека кај женските 451,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.058 (22,3%) со инциденца од 536,9/100.000, а највисока специфична инциденца од 638,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.774 заболени). Најниска инциденца од 162,5 и 157,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 372 и 394 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=9.249)

k2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=9.249)

k3

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.075) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=9.249)

k4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=9.059; 97,9%), 19,4% (n=1.756) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, ИБЗД Козле, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар), моментално се хоспитализирани 392 лица, а од нив 102 се на кислородна поддршка и 5 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,9%), кашлица (41,2%), малаксаност (41,1%), болка во грло (13,9%), главоболка (13,8%), треска (13,3%) и отежнато дишење (11,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=9.059; 97,9%), кај 2.599 или 28,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.582 или 60,9% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=9.059; 97,9%), пријавени се 83 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 21 биле хоспитализирани во текот на болеста. Триесет и девет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=9.059; 97,9%), кај 2.706 (29,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 1.864 лица имаат кардиоваскуларна болест, 778 дијабет, 366 се со хронична белодробна болест и 489 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.049 (60,0%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=9.059; 97,9%), регистрирани се 640 (7,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 432 смртни случаи (Лт = 4,7%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=312) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 81,4/100.000 жители. Регистрирани се 273 смртни случаи кај лица од машки и 159 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 348 (80,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=272), дијабет (n=128) и белодробна болест (n=62). Регистрирани се по два смртни случаи кај бремени жени и кај здравствени работници. Дваесет и два (5,1%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 410 (94,9%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=432)

k5

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=9.059; 97,9%), 180 (2,0%) се импортирани, од нив две лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 18.07.2020. Вкупно 4.220 лица (46,6%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 19.07.2020 тестирани се вкупно 86.543 материјали (детектирани 9.249 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 41.825 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=86.543)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 86.543 9.249 4.982 24 81.561 9.225
ИЈЗ – Вирусологија 43.778 5.258 3.226 22 40.552 5.236
ЦЈЗ Скопје 1.023 163 0 0 1.023 163
Авицена 5.760 735 0 0 5.760 735
Биотек 6.928 404 0 0 6.928 404
Жан Митрев Клиника 11.674 875 0 0 11.674 875
Систина 7409 445 0 0 7.409 445
Лаор 20 7 0 0 20 7
МАНУ 7.736 1.111 1.756 2 5.980 1.109
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 219 6 0 0 219 6
ЦЈЗ Битола 933 138 0 0 933 138
КИБФС 259 17 0 0 259 17
ГАК 43 3 0 0 43 3

*6 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 3.923 лица (42,4%) се активни случаи, 4.894 случаи (52,9%) се водат како оздравени (462 од нив се здравствени работници и 50 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 809 (16,5%) биле хоспитализирани додека останатите 4.085 (83,5%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=9.249)

k6

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=9.249)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1866 2258 174 4298
Тетово 299 582 70 951
Куманово 226 640 46 912
Штип 294 302 11 607
Струга 188 141 41 370
Прилеп 58 230 23 311
Гостивар 196 82 20 298
Охрид 129 108 7 244
Велес 29 164 13 206
Свети Николе 185 15 200
Дебар 111 57 5 173
Ресен 56 80 4 140
Кичево 81 14 5 100
Кочани 21 65 3 89
Битола 44 43 2 89
Пробиштип 27 16 43
Струмица 22 7 2 31
Кавадарци 17 11 1 29
Радовиш 19 4 23
Крива Паланка 8 14 22
Гевгелија 8 11 19
Демир Хисар 13 2 15
Крушево 9 3 2 14
Неготино 2 9 1 12
Кратово 7 5 12
Демир Капија 10 10
Македонски Брод 5 4 9
Пехчево 6 6
Валандово 6 6
Виница 2 3 5
Берово 1 2 1 4
Делчево 1 1
ВКУПНО 3.923 4.894 432 9.249

*6 лица се жители на Дојран, 2 од Богданци и еден е странски државјанин

 

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Тетово, Куманово и Штип (n=2.685)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.866 Куманово 226
Чаир 286 Куманово 186
Гази Баба 205 Липково 39
Аеродром 187 Старо Нагоричане 1
Карпош 170 Штип 294
Центар 162 Штип 279
Кисела Вода 148 непознато 13
Бутел 137 Карбинци 2
Ѓорче Петров 120
Сарај 113
Студеничани 107
Шуто Оризари 104
Арачиново 34
Илинден 21
Петровец 21
Сопиште 20
Чучер Сандево 13
Зелениково 11
странец 7
Тетово 299
Тетово 219
Желино 22
Теарце 17
Брвеница 14
Боговиње 13
Јегуновце 13

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Гостивар, Свети Николе, Струга и Дебар се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 20.07.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 14.348.858

Број на смртни случаи на глобално ниво – 603.691

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 7.584.675
    • Смртни случаи – 309.309
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 3.079.218
    • Смртни случаи – 207.535
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 1.436.141
    • Смртни случаи – 34.388
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.387.295
    • Смртни случаи – 34.686
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 597.223
    • Смртни случаи – 9.691
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 263.565
    • Смртни случаи – 8.069

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 20.07.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје