СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 22-28.03.2021

Тестирани се вкупно 24.904 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 1,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.418 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 7,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 21,6 до 33,2%, просечно 28,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.574; 48,2%), со неделна инциденца – 578,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 626,4/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија) (Табела 1, Картограм 1).

 

Картограм 1.     Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 22-28.03.2021, Р.С Македонија

неделна 22-28.03

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.060, 27,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.364; 18,4%), 30-39  (n=1.355; 18,3%), 50-59 (n=1.316; 17,7%) и 20-29 (n=865; 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=134; 1,8%) и 10-19 години (n=324; 4,4%). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возраснaта група од 60+ (16,3%).

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.682 (48,2%) лица од женски и 3.736 (50,4%) од машки пол.

 

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.056 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 21,3% во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 204 смртни случаи од 25 градови, 29,1% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 170 лицa биле над 60 години, 21 лице на возраст од 50-59 години, по пет лица од возрасните групи од 40-49 години и од 30-39 години и три лица од 20-29 години.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 28.03.2021, пријавени се вкупно 127.240 случаи на COVID-19 (I=6.149,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Прилеп, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Крушево и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 28.03.2021

tab1

Се забележува зголемување на бројот на заболени во сите извештајни единици освен во Демир Хисар, Крушево, Крива Паланка, Неготино, Богданци и Кратово каде има намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 10.147,8 на 100.000 жители, Неготино (9.762,6/100.000) и Скопје (9.219,7/100.000), а најниска инциденца со 2.607,8 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

КУМУЛАТИВНА 22.03-28

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 64.370 машки и 62.870 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 6.210,2/100.000, а кај женските 6.074,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 30.784 (24,2%) со специфичен морбидитет од 8.031,5/100.000, а највисок специфичен морбидитет од 8.267,8/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (22.989 заболени). Најнизок специфичен морбидитет од 1.106,2 и 2.236,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.532 и 5.596 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=127.240)

graf 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.422) е регистриран на 25.03.2021.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-ма недела (Графикон 2). Во последните 4 недели се регистрира повторно зголемување на бројот на заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 28.03.2021 (n=127.240)

graf 2

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија, Кардиологија, Урологија и Трауматологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.562 лица (12,9% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 1034 се на кислородна поддршка и 42 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија почна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со затварањето на овој извештај на 22.03.2021, вкупно се вакцинирани 6.998 здравствени работници со прва доза (4.002 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 3.278 (Pfizer/Biontech) со втора доза на вакцина против КОВИД19.

 

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 3.716 смртни случаи (Лт = 2,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=41), а според недела на пријавување во тек на 47-мата и 48-мата недела (n=220) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.990) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 780,1/100.000 жители. Регистрирани се 2.313 смртни случаи кај лица од машки и 1.403 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.654 (84,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=2.089), дијабет (n=925) и белодробна болест (n=405). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 27 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 191 (5,1%) починале во вонболнички услови, а 3.525 (94,9%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 28.03.2021 (n=3.716)

graf 3

Од 15.02.2020-28.03.2021 тестирани се вкупно 617.366 материјали (детектирани 127.240 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 298.364 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=617.366)*

tab2

*9 случаи се тестирани во лаборатории во странство

Според исходот од заболувањето, 18.000 лица (14,1%) се активни случаи, 105.524 случаи (82,9%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.817 (5,5%) биле хоспитализирани додека останатите 99.707 (94,5%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 28.03.2021 (n=127.240)

 graf 5

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=127.240)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 9140 46600 1202 56942
Прилеп 1030 5575 327 6932
Куманово 773 5673 237 6683
Тетово 545 5441 237 6223
Гостивар 452 3838 185 4475
Велес 650 3595 134 4379
Кавадарци 685 3587 95 4367
Битола 622 3458 178 4258
Штип 398 3698 99 4195
Охрид 732 3164 156 4052
Струмица 313 2753 127 3193
Струга 208 2271 165 2644
Кочани 217 1921 69 2207
Кичево 153 1743 69 1965
Неготино 397 1458 37 1892
Гевгелија 373 1360 44 1777
Свети Николе 105 1128 15 1248
Крива Паланка 92 910 42 1044
Ресен 148 809 25 982
Радовиш 104 734 39 877
Дебар 44 766 38 848
Делчево 85 720 30 835
Берово 98 685 28 811
Пробиштип 87 564 21 672
Виница 59 518 15 592
Валандово 66 416 12 494
Крушево 133 267 30 430
Богданци 70 321 8 399
Демир Капија 78 263 8 349
Кратово 29 284 13 326
Демир Хисар 41 271 8 320
Македонски Брод 30 252 10 292
Пехчево 26 194 6 226
Македонска Каменица 8 189 4 201
Дојран 9 98 3 110
ВКУПНО 18000 105524 3716 127240

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Во периодот од 22-28.03.2021 репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во С. Македонија изнесува 1,13. Доколку се споредат два двонеделни периоди, се забележува минимално намалување на R0 во периодот 15-28.03.2021 (1,12) во споредба со 1,18 во периодот 01-14.03.2021.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Со оглед на последователниот зголемен број на нови случаи, по препорака на Комисијата за заразни заболувања, на 09.03.2021 Владата донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 5 април 2021 година (понеделник). Дополнително е донесена одлука за задолжителна домашна изолација (карантин) од 14 дена за сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија.

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 21.03.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво122.536.880 (3.291.360 во последни 7 дена,

8% повеќе во споредба со претходна недела)

  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.703.780 (60.414 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 53.937.714 (1.173.561 во последни 7 дена, 5% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.299.243 (31.040 во последни 7 дена, 2% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 42.516.762 (1.441.065 во последни 7 дена, 13% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 929.332 (21.772 во последни 7 дена, 1% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 14.182.826 (298.438 во последни 7 дена, 49% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 790 (2.435 во последни 7 дена, 14% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 7.124.121 (263.650 во последни 7 дена, 8% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 153.446 (3.253 во последни 7 дена, 12% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.999.152 (50.916 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 76.113 (1.428 во последни 7 дена, 10% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.775.560 (63.730 во последни 7 дена, 29% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 30.843 (486 во последни 7 дена, 33% помалку во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

https://koronavirus.gov.mk

 

Скопје, 30.03.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19