СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 25.05.2020

Тестирани се вкупно 314 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 169 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи.

Регистрирани сe 16 нови позитивни случаи од 4 градови во државата (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 25.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 9 1
Штип 5 0
Струга 1 0
Гостивар 1 0
Тетово 0 1
Велес 0 1
Вкупно 16 3

 

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната групи од 40-49 години со 4 лица. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 9 лица од женски и 7 од машки пол.

Регистрирани се 4 хоспитализирани лица. Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови регистрирани случаи само 3 немаат историја на контакт со потврден случај. Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 14 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 3 смртни случаи. Случаите се на возраст од 76-84 години, со присутни симптоми и коморбидитети. Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Починатите се без историја на патување, а еден од нив имал контакт со потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 25.05.2020, пријавени се вкупно 2.014 случаи на COVID-19 (I=97,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Дебар и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 2.014 97,3 116 5,6 5,8%
Скопје 733 118,7 26 4,2 3,5%
Куманово 436 305,6 21 14,7 4,8%
Прилеп 210 220,3 14 14,7 6,7%
Тетово 177 88,6 16 8,0 9,0%
Велес 127 191,7 9 13,6 7,1%
Струга 76 112,0 15 22,1 19,7%
Дебар 51 183,8 4 14,4 7,8%
Штип 46 87,3 2 3,8 4,3%
Кочани 31 64,6 2 4,2 6,5%
Битола 28 27,5 2 2,0 7,1%
Охрид 23 41,0 0 0,0 0,0%
Гостивар 22 18,4 2 1,7 9,1%
Неготино* 10 42,6 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 5 11,6 1 2,3 20,0%
Гевгелија 4 11,6 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Струмица 3 3,2 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Пробиштип 2 13,1 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Кратово 2 20,9 0 0,0 0,0%
Кичево 2 3,5 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Берово 1 7,7 0 0,0 0,0%
Валандово 1 8,4 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%
Свети Николе 1 4,9 0 0,0 0,0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 305,6 заболени на 100.000 жители, Прилеп (220,3/100.000), Велес (191,7/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (118,7/100.000) и Струга (112,0/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Штип, Кочани и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

26.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 976 машки и 1.038 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 94,2/100.000, додека кај женските 100,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 439 (21,8%) со инциденца од 114,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 146,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (408 заболени). Најниска инциденца од 35,8 и 38,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 82 и 96 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.014)

26.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела, а највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=2.014)

26.5.3

Од пријавените случаи, 26,0% (n=523) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,9%), малаксаност (38,0%), треска (19,7%), главоболка (14,8%), болка во грло (14,6%) и отежнато дишење (14,3%).

Кај 654 или 32,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 494 или 75,5% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавени се 20 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Десет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, кај 620 (30,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 428 лица имаат кардиоваскуларна болест, 141 дијабет, 105 се со хронична белодробна болест и 123 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 283 (54,1%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 260 (12,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 116 смртни случаи (Лт = 5,8%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=76) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 19,8/100.000 жители. Регистрирани се 79 смртни случаи кај лица од машки и 37 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 87 (75,0%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=62), дијабет (n=23) и белодробна болест (n=22). Регистриран е еден смртен случај кај бремена жена. Девет (7,8%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 107 (92,2%) починале за време на хоспитализација.

Од вкупниот број на случаи, 96 (4,8%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020. Вкупно 1.203 лица (59,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 25.05.2020 тестирани се вкупно 25.841 материјали (детектирано 2.014 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 12.489 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=25.841)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 25.841 2.014 2.429 2 23.412 2.012
ИЈЗ – Вирусологија 16.762 1.591 1.517 1 15.245 1.590
Ветеринарен Факултет 702 66 0 0 702 66
Авицена 666 48 0 0 666 48
Биотек 1.523 53 0 0 1.523 53
Жан Митрев Клиника 4.029 178 0 0 4.029 178
Систина 824 30 0 0 824 30
МАНУ 1.335 48 912 1 423 47

Според исходот од заболувањето, 445 лица (22,1%) се активни случаи, 1.453 случаи (72,1%) се водат како оздравени (239 од нив се здравствени работници и 9 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 294 (20,2%) биле хоспитализирани додека останатите 1.159 (79,8%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.014)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 208 499 26 733
Куманово 35 380 21 436
Прилеп 46 150 14 210
Тетово 70 91 16 177
Велес 40 78 9 127
Струга 9 52 15 76
Дебар 47 4 51
Штип 11 33 2 46
Кочани 29 2 31
Битола 7 19 2 28
Охрид 8 15 23
Гостивар 4 16 2 22
Демир Капија 2 5 7
Крива Паланка 6 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Неготино 1 2 3
Пехчево 3 3
Виница 1 2 3
Крушево 2 1 3
Струмица 1 2 3
Кратово 1 1 2
Пробиштип 2 2
Македонски Брод 2 2
Кичево 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Свети Николе 1 1
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 445 1.453 116 2.014

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.014)

26.5.4

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).

На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 25.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво5.304.772 (100.264 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 342.029 (4.342 нови)

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 2.395.295 (57.171 нов)
    • Смртни случаи – 141.472 (3.356 нови)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.025.176 (18.192 нови)
    • Смртни случаи – 17429 (543 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 427.832 (1026 нови)
    • Смртни случаи – 11.164 (176 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 201.207 (241 нов)
    • Смртни случаи – 5.952 (204 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 17548 (927 нови)
    • Смртни случаи – 6.879 (16 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 80.002 (2.707 нови)
    • Смртни случаи – 120 (47 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 26.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје