СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 30.05.2020

Тестиран е вкупно 771 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 221 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Тетово, Прилеп и Битола) каде не се регистрирани позитивни случаи.

Регистрирани сe 62 нови позитивни случаи од 9 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (38,7%).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 30.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 24 0
Штип 14 0
Тетово 12 0
Струга 4 1
Гостивар 3 1
Куманово 2 0
Велес 1 0
Кочани 1 0
Валандово 1 0
Вкупно 62 2

 

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 14 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 33 лица од женски и 29 од машки пол.

Регистрирани се девет хоспитализирани лица. Кај 25 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови регистрирани случаи, 42 имаат контакт со потврден случај. Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 17 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 2 смртни случаи, од Гостивар и Струга (Табела 1). Случаите се на возраст од 60-64 години, сите со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во ОБ Гостивар и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Еден имал пропратни коморбидитети, а немале контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 30.05.2020, пријавени се вкупно 2.226 случаи на COVID-19 (I=107,1/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Велес, Куманово, Прилеп и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Гостивар (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 2.226 107,1 133 6,4 6,0%
Скопје 841 136,2 34 5,5 4,0%
Куманово 455 318,9 21 14,7 4,6%
Прилеп 211 221,4 14 14,7 6,6%
Тетово 210 105,1 20 10,0 9,5%
Велес 130 196,2 10 15,1 7,7%
Струга 84 123,8 18 26,5 21,4%
Штип 76 144,3 2 3,8 2,6%
Дебар 51 183,8 4 14,4 7,8%
Кочани 33 68,8 2 4,2 6,1%
Битола 28 27,5 2 2,0 7,1%
Гостивар 26 21,7 3 2,5 11,5%
Охрид 23 41,0 0 0,0 0,0%
Неготино* 12 51,1 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 5 11,6 1 2,3 20,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Гевгелија 4 11,6 0 0,0 0,0%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Кичево 3 5,2 0 0,0 0,0%
Струмица 3 3,2 0 0,0 0,0%
Кратово 2 20,9 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Валандово 2 16,9 0 0,0 0,0%
Пробиштип 2 13,1 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Берово 1 7,7 0 0,0 0,0%
Свети Николе 1 4,9 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 318,9 заболени на 100.000 жители, Прилеп (221,4/100.000), Велес (196,2/100.000), Дебар (183,8/100.000), Штип (144,3/100.000), Скопје (136,2/100.000), Струга (123,8/100.000) и Тетово (105,1/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа 31.05.2020

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.082 машки и 1.144 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 104,4/100.000, додека кај женските 110,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 483 (21,7%) со инциденца од 126,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 162,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (452 заболени). Најниска инциденца од 40,6 и 43,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 93 и 109 случаи соодветно (Графикон 1).

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.226)

31.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.226)

31.5.3

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=2.226)

31.5.4

Од пријавените случаи, 25,8% (n=574) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 94 лица, а од нив 26 се на кислородна поддршка и 11 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,9%), малаксаност (39,8%), треска (19,2%), главоболка (15,2%), отежнато дишење (14,9%) и болка во грло (14,2%).

Кај 717 или 32,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 513 или 75,0% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавени се 22 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, кај 694 (31,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 479 лица имаат кардиоваскуларна болест, 159 дијабет, 122 се со хронична белодробна болест и 133 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 311 (54,2%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 266 (11,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 133 смртни случаи (Лт = 6,0%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=85) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 22,2/100.000 жители. Регистриран е 91 смртен случај кај лица од машки и 42 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 100 (75,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=68), дијабет (n=26) и белодробна болест (n=24). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,8%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 124 (93,2%) починале за време на хоспитализација.

Од вкупниот број на случаи, 96 (4,3%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020. Вкупно 1.306 лица (58,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 30.05.2020 тестирани се вкупно 29.575 материјали (детектирани 2.226 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 14.293 тестови на 1.000.000 жители.

 

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=28.804)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 29.575 2.226 3.723 6 25.852 2.220
ИЈЗ – Вирусологија 18.548 1.734 2.333 4 16.215 1.730
ЦЈЗ Скопје 81 15 0 0 81 15
Авицена 820 62 0 0 820 62
Биотек 1.958 57 0 0 1.958 57
Жан Митрев Клиника 4.269 187 0 0 4.269 187
Систина 1.244 36 0 0 1.244 36
МАНУ 1.900 54 1.390 2 510 52
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81

 

Според исходот од заболувањето, 541 лице (24,3%) се активни случаи, 1.552 случаи (69,7%) се водат како оздравени (242 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 4). Од случаите кои се водат како оздравени, 341 (22,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.211 (78,0%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.226)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 267 540 34 841
Куманово 45 389 21 455
Прилеп 41 156 14 211
Тетово 78 112 20 210
Велес 30 90 10 130
Струга 14 52 18 84
Штип 41 33 2 76
Дебар 47 4 51
Кочани 2 29 2 33
Битола 3 23 2 28
Гостивар 6 17 3 26
Охрид 6 17 23
Демир Капија 7 7
Крива Паланка 6 6
Неготино 3 2 5
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Пехчево 3 3
Виница 1 2 3
Кичево 1 2 3
Струмица 1 2 3
Кратово 2 2
Македонски Брод 2 2
Пробиштип 2 2
Валандово 1 1 2
Свети Николе 1 1
Берово 1 1
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 541 1.552 133 2.226

 

 Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.226)

31.5.5

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

Владата на Република Северна Македонија на 57-мата седница на 26.05.2020 година донесе одлука со која од 27 мај, целосно престанува важењето на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 30.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво5.817.385 (116.048 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 362.075 (5.017 нови)

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 2.677.500 (64.408 нови)
    • Смртни случаи – 154.608 (3.396 нови)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.122.350 (19.776 нови)
    • Смртни случаи – 179.353 (975 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 489.921 (14.502 нови)
    • Смртни случаи – 12.078 (245 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 249.525 (11.445 нови)
    • Смртни случаи – 7.157 (313 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 180.446 (944 нови)
    • Смртни случаи – 7.014 (33 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 96.902 (3.973 нови)
    • Смртни случаи – 482 (55 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 31.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје