СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 18-24.01.2021

Тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 21,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9 до 19%, просечно 14%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=851; 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци (Табела 1, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 18-24.01.2021, Р.С. Македонија

мапа 18-24.01.2021

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=507, 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=299; 17,3%), 50-59  (n=298; 17,3%), 30-39 (n=287; 16,6%), и 20-29 (n=231; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=32; 1,9%) и 10-19 години (n=73; 4,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 875 (50,7%) лица од женски и 852 (49,3%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 24.01.2021, пријавени се вкупно 90.717 случаи на COVID-19 (I=4.384,2/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Охрид и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 24.01.2021

tabela 1

Во најголем дел од државата се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Гостивар и Кичево се забележува минимално зголемување, додека позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Ресен, Крушево, Кратово, Пробиштип и Делчево (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.599,2 на 100.000 жители, Скопје (6.389,1/100.000), Кавадарци (5.744,3/100.000) и Свети Николе (5.201,8/100.000), а најмала инциденца со 2.098,9 заболени на 100.000 жители се регистрира во Крушево (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Мапа до 24.01.2021

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 46.237 машки и 44.480 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.460,8/100.000, а кај женските 4.307,3/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 21.323 (23,5%) со инциденца од 5.563,2/100.000, а највисока специфична инциденца од 5.979,1/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (16.625 заболени). Најниска инциденца од 786,9 и 1.540,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.801 и 3.855 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=90.717)

1

 

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). По 47-та недела се забележува континуиран пад на бројот на регистрирани случаи.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 24.01.2021 (n=90.717)

2

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 620 лица (11,9% помалку во споредба со минатата недела), а од нив 236 се на кислородна поддршка и 11 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 17.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 2.791 смртни случаи (Лт = 3,1%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=218) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.195) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 572,7/100.000 жители. Регистрирани се 1.765 смртни случаи кај лица од машки и 1.026 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.044 (82,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.604), дијабет (n=716) и белодробна болест (n=319). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 22 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи 170 (6,1%) починале во вонболнички услови, а 2.621 (93,9%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, до 24.01.2021 (n=2.791)

3

Од 15.02.2020-24.01.2021 тестирани се вкупно 443.268 материјали (детектирани 90.717 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 214.229 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=443.2)*

tabela 2

*9 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 8.782 лица (9,7%) се активни случаи, 79.144 случаи (87,2%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 4.976 (6,3%) биле хоспитализирани додека останатите 74.168 (93,7%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (90.717)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 4969 33623 870 39462
Куманово 373 4552 188 5113
Тетово 333 4506 193 5032
Прилеп 205 4084 233 4522
Гостивар 212 3206 159 3577
Штип 140 3253 83 3476
Битола 158 2882 148 3188
Велес 237 2672 102 3011
Охрид 333 2279 111 2723
Струмица 286 2116 104 2506
Кавадарци 273 2147 52 2472
Струга 136 1896 143 2175
Кочани 86 1590 38 1714
Кичево 129 1508 57 1694
Свети Николе 30 1022 15 1067
Гевгелија 94 854 22 970
Неготино 94 840 19 953
Дебар 98 610 33 741
Ресен 104 605 18 727
Крива Паланка 47 633 33 713
Радовиш 39 613 33 685
Берово 44 515 18 577
Делчево 127 406 26 559
Пробиштип 38 450 12 500
Виница 30 442 10 482
Валандово 12 306 7 325
Демир Хисар 8 228 6 242
Македонски Брод 9 221 10 240
Богданци 29 187 6 222
Кратово 17 187 11 215
Крушево 29 153 18 200
Македонска Каменица 20 166 4 190
Демир Капија 26 154 2 182
Пехчево 12 163 5 180
Дојран 5 75 2 82
ВКУПНО 8.782 79.144 2.791 90.717

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 24.01.2021 (n=90.717)

5

 

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 17.01.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво217.287 (4.725.029 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.014.957 (93.882 во последни 7 дена, 9% повеќе во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 41.493 (2.467.817 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 954.545 (43.804 во последни 7 дена, 15% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 30.509.880 (1.610.353 во последни 7 дена, 15% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 666.237 (37.698 во последни 7 дена, 2% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 12.462.338 (204.654 во последни 7 дена, 1% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 196 (3.410 во последни 7 дена, 4% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 5.335.273 (183.178 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 127.817 (2.846 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.313.130 (177.252 во последни 7 дена, 1% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 52.905 (5.000 во последни 7 дена, 16% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.266.428 (81.775 во последни 7 дена, 14% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 22.244 (1.124 во последни 7 дена, 35% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало или имало контакт со потврден случај, да се упатува да се јави на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

Скопје, 26.01.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19