СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 01.06.2020
Тестирани се вкупно 710 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 55 нови позитивни случаи од 8 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (60.0%) и Тетово (25.5%).
Од вкупниот број на тестирани, 127 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица во Скопје без регистрирани позитивни случаи.
Табела 1. Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 01.06.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 52 | 0 |
Тетово | 14 | 0 |
Велес | 2 | 0 |
Гостивар | 2 | 0 |
Куманово | 2 | 0 |
Кочани | 1 | 0 |
Пробиштип | 1 | 0 |
Штип | 1 | 0 |
Кратово | 1 | 0 |
Струга | 0 | 1 |
Вкупно | 76 | 1 |
Од регистрираните нови слулчаи 21 се под истражување поради задоцнето пријавување на приватната лабораторија каде истите биле тестирани.
Кај случаите за кои се добиени податоци (55), најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 11 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 30 лица од женски и 25 од машки пол.
Регистрирани се 5 хоспитализирани, а кај 3 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 31 има контакт со потврден случај.
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 26 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Регистриран е еден смртен случај. Се работи за лице од Струга на возраст од 56 години. Кај починатиот биле присутни симптоми и бил хоспитализиран на ГОБ 8-ми септември каде и починал. Починатото лице имало пропратни коморбидитети а е без историја на патување и контакт со потврден случај во државата.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 01.06.2020, пријавени се вкупно 2.391 случај на COVID-19 (I=115,1/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Велес, Прилеп и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга, Гостивар и Тетово (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 2.391 | 115,1 | 141 | 6,8 | 5,9% |
Скопје | 928 | 147,2 | 36 | 5,8 | 3,9% |
Куманово | 469 | 328,7 | 23 | 16,1 | 4,9% |
Тетово | 231 | 115,6 | 22 | 11,0 | 9,5% |
Прилеп | 212 | 222,4 | 14 | 14,7 | 6,6% |
Велес | 132 | 199,2 | 10 | 15,1 | 7,6% |
Штип | 104 | 197,4 | 2 | 3,8 | 1,9% |
Струга | 84 | 123,8 | 20 | 29,5 | 23,8% |
Дебар | 51 | 183,8 | 4 | 14,4 | 7,8% |
Кочани | 38 | 79,2 | 2 | 4,2 | 5,3% |
Гостивар | 29 | 24,2 | 3 | 2,5 | 10,3% |
Битола | 28 | 27,5 | 2 | 2,0 | 7,1% |
Охрид | 23 | 41,0 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Неготино* | 12 | 51,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крива Паланка | 6 | 25,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кавадарци | 5 | 11,6 | 1 | 2,3 | 20,0% |
Гевгелија | 4 | 11,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Струмица | 4 | 4,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Радовиш | 4 | 12,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крушево | 3 | 31,5 | 1 | 10,5 | 33,3% |
Пробиштип | 3 | 19,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Пехчево | 3 | 60,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Виница | 3 | 15,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кратово | 3 | 31,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кичево | 3 | 5,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Македонски Брод | 2 | 17,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Валандово | 2 | 16,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Свети Николе | 2 | 9,8 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Демир Хисар | 1 | 11,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Берово | 1 | 7,7 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Делчево | 1 | 4,2 | 1 | 4,2 | 100,0% |
*седум лица се жители на Демир Капија
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 328,7 заболени на 100.000 жители, Прилеп (222,4/100.000), Велес (199,2/100.000), Штип (197,4/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (150,2/100.000), Струга (123,8/100.000) и Тетово (115,6/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во продолжение е прикажана состојбата со COVID-19 во државата заклучно со податоците добиени за 2.370 случаи.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.148 машки и 1.222 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 110,8/100.000, додека кај женските 118,3/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 507 (21,4%) со инциденца од 132,3/100.000, а највисока специфична инциденца од 172,3/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (479 заболени). Најниска инциденца од 44,1 и 47,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 101 и 119 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.370)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.370)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=2.370)
Од пријавените случаи, 24,8% (n=587) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 90 лица, а од нив 24 се на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (52,4%), малаксаност (39,7%), треска (18,9%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (14,6%) и болка во грло (14,1%).
Кај 791 или 33,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 592 или 74,8% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Пријавени се 22 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, кај 733 (30,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 497 лица имаат кардиоваскуларна болест, 175 дијабет, 127 се со хронична белодробна болест и 140 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 319 (54,3%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 273 (11,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 141 смртен случај (Лт = 6,0%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=90) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 23,5/100.000 жители. Регистрирани се 96 смртни случаи кај лица од машки и 45 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 107 (75,9%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=77), дијабет (n=30) и белодробна болест (n=28). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 132 (93,6%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=141)
Од вкупниот број на случаи, 100 (4,2%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 01.06.2020. Вкупно 1.395 лица (58,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 01.06.2020 тестирани се вкупно 31.187 материјали (детектирани 2.391 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 15.072 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=31.187)
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 31.187 | 2.391 | 4.162 | 9 | 27.025 | 2.382 |
ИЈЗ – Вирусологија | 19.243 | 1.843 | 2.575 | 7 | 16.668 | 1.836 |
ЦЈЗ Скопје | 168 | 27 | 0 | 0 | 168 | 27 |
Авицена | 855 | 66 | 0 | 0 | 855 | 66 |
Биотек | 2.094 | 62 | 0 | 0 | 2.094 | 62 |
Жан Митрев Клиника | 4.453 | 209 | 0 | 0 | 4.453 | 209 |
Систина | 1.489 | 46 | 0 | 0 | 1.489 | 46 |
МАНУ | 2.130 | 57 | 1.587 | 2 | 543 | 55 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
Според исходот од заболувањето, 634 лица (26,8%) се активни случаи, 1.595 случаи (67,3%) се водат како оздравени (242 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 352 (22,1%) биле хоспитализирани додека останатите 1.243 (77,9%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.391)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.370)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 338 | 554 | 36 | 928 |
Куманово | 55 | 391 | 23 | 469 |
Тетово | 86 | 123 | 22 | 231 |
Прилеп | 30 | 168 | 14 | 212 |
Велес | 29 | 93 | 10 | 132 |
Штип | 69 | 33 | 2 | 104 |
Струга | 12 | 52 | 20 | 84 |
Дебар | 47 | 4 | 51 | |
Кочани | 7 | 29 | 2 | 38 |
Гостивар | 8 | 18 | 3 | 29 |
Битола | 3 | 23 | 2 | 28 |
Охрид | 6 | 17 | 23 | |
Демир Капија | 7 | 7 | ||
Крива Паланка | 6 | 6 | ||
Неготино | 3 | 2 | 5 | |
Кавадарци | 4 | 1 | 5 | |
Гевгелија | 4 | 4 | ||
Струмица | 2 | 2 | 4 | |
Радовиш | 4 | 4 | ||
Пехчево | 3 | 3 | ||
Пробиштип | 1 | 2 | 3 | |
Виница | 1 | 2 | 3 | |
Кратово | 1 | 2 | 3 | |
Крушево | 2 | 1 | 3 | |
Кичево | 1 | 2 | 3 | |
Македонски Брод | 2 | 2 | ||
Свети Николе | 2 | 2 | ||
Валандово | 1 | 1 | 2 | |
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
Делчево | 1 | 1 | ||
Берово | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 655 | 1.595 | 141 | 2.391 |
На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=381)
Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 319 |
Чаир | 84 |
Сарај | 43 |
Бутел | 38 |
Аеродром | 34 |
Гази Баба | 32 |
Студеничани | 13 |
Карпош | 13 |
Кисела Вода | 12 |
Илинден | 11 |
Шуто Оризари | 9 |
Ѓорче Петров | 8 |
Центар | 8 |
Петровец | 8 |
Арачиново | 4 |
Сопиште | 2 |
Тетово | 86 |
Тетово | 60 |
Теарце | 14 |
Боговиње | 4 |
Брвеница | 3 |
Јегуновце | 3 |
Желино | 2 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 01.06.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 6.057.853 (122.917 нов)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 371.166 (4.000 нов)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 2.817.232 (73.439 нови)
- Смртни случаи – 160.514 (2.812 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 2.159.791 (17.244 нови)
- Смртни случаи – 1594 (509 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 5137 (15.136 нови)
- Смртни случаи – 12.627 (274 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 272.512 (11.933 нови)
- Смртни случаи – 7.743 (312 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 183.198 (533 нови)
- Смртни случаи – 7.037 (9 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 10242 (3.632 нови)
- Смртни случаи – 638 (84 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 02.06.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје