СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 22.05.2020

Тестирани се вкупно 744 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 355 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) без регистрирани позитивни случаи. Од таргетираниот скрининг, 38 тестови се направени во домови за стари лица во Скопје, сите негативни.

Регистрирани се вкупно 20 нови позитивни лица (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 22.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 16 1
Куманово 2 0
Прилеп 2 0
Вкупно 20 1

 

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 8 од женски и 12 од машки пол.

Регистрирани се две хоспитализирани лица. Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 13 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 24 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавен е еден смртен случај со место на живеење во Скопје. Случајот е на возраст од 63 години, со присутни симптоми и коморбидитети. Случајот бил хоспитализиран во ГОБ 8-ми септември каде и починал. Починатиот е без историја на патување и контакт со потврден случај во државата.

 

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 22.05.2020, пријавени се вкупно 1.941 случај на COVID-19 (I=93,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Куманово, Прилеп и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет Леталитет
Вкупно 1.941 93,8 113 5,5 5,8%
Скопје 701 113,5 25 4,0 3,6%
Куманово 425 297,9 21 14,7 4,9%
Прилеп 208 218,2 14 14,7 6,7%
Тетово 165 82,6 15 7,5 9,1%
Велес 127 191,7 8 12,1 6,3%
Струга 71 104,6 15 22,1 21,1%
Дебар 51 183,8 4 14,4 7,8%
Штип 38 72,1 2 3,8 5,3%
Кочани 31 64,6 2 4,2 6,5%
Битола 28 27,5 2 2,0 7,1%
Охрид 21 37,4 0 0,0 0,0%
Гостивар 21 17,5 2 1,7 9,5%
Неготино* 10 42,6 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 5 11,6 1 2,3 20,0%
Гевгелија 4 11,6 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Струмица 3 3,2 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Пробиштип 2 13,1 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Кратово 2 20,9 0 0,0 0,0%
Кичево 2 3,5 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Берово 1 7,7 0 0,0 0,0%
Валандово 1 8,4 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%
Свети Николе 1 4,9 0 0,0 0,0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 297,9 заболени на 100.000 жители, Прилеп (218,2/100.000), Велес (191,7/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (113,5/100.000) и Струга (104,6/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Тетово, Штип, Кочани и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

23.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 945 машки и 996 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 91,2/100.000, додека кај женските 96,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 425 (21,9%) со инциденца од 110,9/100.000, а највисока специфична инциденца од 142,8/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (397 заболени). Најниска инциденца од 31,9 и 35,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 73 и 89 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.941)

23.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.941)

23.5.3

Од пријавените случаи, 26,0% (n=505) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,3%), кашлица (53,1 %), малаксаност (37,5%), треска (19,8%), главоболка (14,7%), отежнато дишење (14,4%) и болка во грло (14,4%).

Кај 625 или 32,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 468 или 74,9% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 596 (30,7%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 413 лица имаат кардиоваскуларна болест, 137 дијабет, 100 се со хронична белодробна болест, 26 со хронична бубрежна болест и 88 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 269 (53,3%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 257 (13,2%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 113 смртни случаи (Лт = 5,8%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=73) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 19,0/100.000 жители. Регистрирани се 78 смртни случаи кај лица од машки и 35 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 84 (74,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=60), дијабет (n=22) и белодробна болест (n=21). Девет (8,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 104 (92,0%) починале за време на хоспитализација.

Од вкупниот број на случаи, 96 (4,9%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020 (Графикон 2). Вкупно 1.151 лице (59,3%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 22.05.2020 тестирани се вкупно 24.762 материјали (детектирано 1.941 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 11.967 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=24.762)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 24.762 1.941 2.060 2 22.702 1.939
ИЈЗ – Вирусологија 16.012 1.528 1.247 1 14.765 1.527
Ветеринарен Факултет 681 63 0 0 681 63
Авицена 642 46 0 0 642 46
Биотек 1.422 52 0 0 1.422 52
Жан Митрев Клиника 4.015 178 0 0 4.015 178
Систина 779 30 0 0 779 30
МАНУ 1.211 44 813 1 398 43

Според исходот од заболувањето, 417 лица (21,5%) се активни случаи, 1.411 случаи (72,7%) се водат како оздравени (237 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 284 (20,1%) биле хоспитализирани додека останатите 1.127 (79,9%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.941)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 189 487 25 701
Куманово 26 378 21 425
Прилеп 53 141 14 208
Тетово 70 80 15 165
Велес 45 74 8 127
Струга 4 52 15 71
Дебар 47 4 51
Штип 3 33 2 38
Кочани 29 2 31
Битола 7 19 2 28
Гостивар 4 15 2 21
Охрид 6 15 21
Демир Капија 2 5 7
Крива Паланка 1 5 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Пехчево 1 2 3
Виница 1 2 3
Неготино 1 2 3
Струмица 1 2 3
Пробиштип 2 2
Кратово 1 1 2
Македонски Брод 2 2
Кичево 2 2
Берово 1 1
Демир Хисар 1 1
Свети Николе 1 1
Делчево 1 1
Валандово 1 1
ВКУПНО 417 1.387 113 1.941

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.941)

23.5.4

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).

На 53-тата седница на владата одржана на 15.05.2020 е донесено дополнување на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.

Со одлука на Владата, се прогласи забрана за движење од 11:00 часот во недела на 24-ти мај до 05:00 часот наутро во вторник на 26-ти мај.

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 22.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво4.993.470 (100.284 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 327.738 (4.482 нови)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.9244 (19.634 нови)
    • Смртни случаи – 17327 (1.044 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 2.220.267 (54.264 нови)
    • Смртни случаи – 131.605 (2.956 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 389.588 (1209 нови)
    • Смртни случаи – 648 (180 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 17748 (838 нови)
    • Смртни случаи – 6.817 (24 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 173.159 (8.934 нови)
    • Смртни случаи – 5.347 (207 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 71.752 (3.405 нови)
    • Смртни случаи – 981 (71 нов)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 23.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје