СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 26.05.2020

Тестирани се вкупно 622 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од вкупниот број на тестирани, 251 припаѓа на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Велес, Куманово и Кочани) со 1 регистриран позитивен случај, пациент згрижен на дом за стари лица во Скопје..

Регистрирани сe 25 нови позитивни случаи од 7 градови во државата (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 26.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 14 1
Штип 4 0
Куманово 2 0
Тетово 2 1
Струга 1 1
Велес 1 0
Прилеп 1 0
Вкупно 25 3

 

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група над 60 години со 7 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 16 лица од женски и 9 од машки пол.

Регистрирани се 4 хоспитализирани лица. Кај 4 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови регистрирани случаи 14 имаат контакт со потврден случај. Не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 17 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 3 смртни случаи. Случаите се на возраст од 41-58 години, ците хоспитализирани со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Еден од случаите имал пропратни коморбидитети, а два имале контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 26.05.2020, пријавени се вкупно 2.039 случаи на COVID-19 (I=98,5/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп, Дебар и Велес. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 2.039 98,5 119 5,8 5,8%
Скопје 747 120,9 27 4,4 3,6%
Куманово 438 307,0 21 14,7 4,8%
Прилеп 211 221,4 14 14,7 6,6%
Тетово 179 89,6 17 8,5 9,5%
Велес 128 193,2 9 13,6 7,0%
Струга 77 113,5 16 23,6 20,8%
Дебар 51 183,8 4 14,4 7,8%
Штип 50 94,9 2 3,8 4,0%
Кочани 31 64,6 2 4,2 6,5%
Битола 28 27,5 2 2,0 7,1%
Охрид 23 41,0 0 0,0 0,0%
Гостивар 22 18,4 2 1,7 9,1%
Неготино* 10 42,6 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 5 11,6 1 2,3 20,0%
Гевгелија 4 11,6 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Струмица 3 3,2 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Пробиштип 2 13,1 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Кратово 2 20,9 0 0,0 0,0%
Кичево 2 3,5 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Берово 1 7,7 0 0,0 0,0%
Валандово 1 8,4 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%
Свети Николе 1 4,9 0 0,0 0,0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 307,0 заболени на 100.000 жители, Прилеп (221,4/100.000), Велес (193,2/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (120,9/100.000) и Струга (113,5/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Штип, Тетово, Кочани и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

27.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 985 машки и 1.054 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 95,0/100.000, додека кај женските 102,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 45,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 446 (21,9%) со инциденца од 116,4/100.000, а највисока специфична инциденца од 147,8/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (411 заболени). Најниска инциденца од 36,3 и 39,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 83 и 99 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.039)

27.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370), а највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=2.039)

27.5.3

Од пријавените случаи, 26,5% (n=540) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,6%), кашлица (52,8%), малаксаност (38,3%), треска (19,8%), главоболка (14,9%), отежнато дишење (14,9%) и болка во грло (14,5%).

Кај 662 или 32,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 499 или 75,4% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавен е 21 (1,0%) случај кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Единаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, кај 624 (30,6%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 432 лица имаат кардиоваскуларна болест, 142 дијабет, 106 се со хронична белодробна болест и 124 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 288 (53,3%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 260 (12,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 119 смртни случаи (Лт = 5,8%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=76) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 19,8/100.000 жители. Регистрирани се 81 смртен случај кај лица од машки и 38 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 87 (75,0%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=62), дијабет (n=24) и белодробна болест (n=22). Регистриран е еден смртен случај кај бремена жена. Девет (7,6%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 110 (92,4%) починале за време на хоспитализација.

Од вкупниот број на случаи, 96 (4,7%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 22.04.2020. Вкупно 1.217 лица (59,7%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 26.05.2020 тестирани се вкупно 26.463 материјали (детектирано 2.039 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 12.789 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=26.463)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 26.463 2.039 2.680 3 23.783 2.036
ИЈЗ – Вирусологија 17.040 1.602 1.675 2 15.365 1.600
Ветеринарен Факултет 726 71 0 0 726 71
Авицена 686 48 0 0 686 48
Биотек 1.571 55 0 0 1.571 55
Жан Митрев Клиника 4.108 181 0 0 4.108 181
Систина 878 31 0 0 878 31
МАНУ 1.454 51 1.005 1 449 50

Според исходот од заболувањето, 450 лица (22,1%) се активни случаи, 1.470 случаи (72,1%) се водат како оздравени (240 од нив се здравствени работници и 9 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 309 (21,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.161 (79,0%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=2.039)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 210 510 27 747
Куманово 33 384 21 438
Прилеп 47 150 14 211
Тетово 70 92 17 179
Велес 40 79 9 128
Струга 9 52 16 77
Дебар 47 4 51
Штип 15 33 2 50
Кочани 29 2 31
Битола 7 19 2 28
Охрид 8 15 23
Гостивар 4 16 2 22
Демир Капија 2 5 7
Крива Паланка 6 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Неготино 1 2 3
Пехчево 3 3
Виница 1 2 3
Крушево 2 1 3
Струмица 1 2 3
Кратово 1 1 2
Пробиштип 2 2
Македонски Брод 2 2
Кичево 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Свети Николе 1 1
Делчево 1 1
Демир Хисар 1 1
ВКУПНО 450 1.470 119 2.039

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=2.039)

27.5.4

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

 

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

 

Владата на Република Северна Македонија на 57-мата седница на 26.05.2020 година донесе одлука со која од 27 мај, целосно престанува важењето на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 26.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво5.404.512 (99.780 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 343.514 (1.486 нови)

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 2.454.452 (59.157 нови)
    • Смртни случаи – 143.739 (2.267 нови)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.041.705 (16.569 нови)
    • Смртни случаи – 173.213 (-1.215* нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 438.900 (11.068 нови)
    • Смртни случаи – 11.293 (129 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 210.273 (9.066 нови)
    • Смртни случаи – 6.140 (188 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 175.397 (878 нови)
    • Смртни случаи – 6.902 (23 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 83.044 (3.042нови)
    • Смртни случаи – 2.214 (94 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 27.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје