СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 05.06.2020

Тестирани се вкупно 1.085 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 124 нови позитивни случаи од 12 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (37,1%).

Од вкупниот број на тестирани, 113 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Штип и Кочани) – нема позитивни случаи.

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 05.06.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 46* 0
Куманово 19 0
Штип 18* 0
Тетово 16 0
Струга 7 0
Гостивар             6 0
Охрид 5 0
Велес 3 0
Неготино 2 0
Битола 1 0
Прилеп 0 1
Струмица 0 1
Вкупно 124 2

 

*4 лица од Скопје и 3 лица од Штип сѐ уште се истражуваат

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 67 лица од женски и 57 од машки пол.

Од епидемиолошки обработените случаи (n=117), регистрирани се 9 хоспитализирани, а кај 29 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од обработените нови случаи, 70 (59,8%) имаат контакт со потврден случај.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 8 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се два смртни случаи, од Прилеп и Струмица. Случаите биле на возраст од 67-73 години. Истите биле хоспитализирани во ГОБ 8-ми Септември и Клиника за неврохирургија каде и починале. Двата случаи имале коморбидитети.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 05.06.2020, пријавени се вкупно 2.914 случаи на COVID-19 (I=140,3/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Прилеп Велес и Дебар. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга и Тетово (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 2.914 140,3 151 7,3 5,2%
Скопје 1201 194,4 38 6,2 3,2%
Куманово 545 382,0 25 17,5 4,6%
Тетово 273 136,7 25 12,5 9,2%
Прилеп 218 228,7 16 16,8 7,3%
Штип 162 307,6 2 3,8 1,2%
Велес 141 212,8 10 15,1 7,1%
Струга 98 144,4 20 29,5 20,4%
Дебар 52 187,4 4 14,4 7,7%
Гостивар 47 39,2 3 2,5 6,4%
Кочани 42 87,6 2 4,2 4,8%
Битола 30 29,4 2 2,0 6,7%
Охрид 30 53,5 0 0,0 0,0%
Неготино* 16 68,2 0 0,0 0,0%
Кавадарци 6 13,9 1 2,3 16,7%
Гевгелија 6 17,4 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 6 25,1 0 0,0 0,0%
Струмица 5 5,3 1 1,1 20,0%
Пробиштип 5 32,7 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Крушево 3 31,5 1 10,5 33,3%
Пехчево 3 60,1 0 0,0 0,0%
Валандово 3 25,3 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Кратово 3 31,4 0 0,0 0,0%
Свети Николе 3 14,6 0 0,0 0,0%
Кичево 3 5,2 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 2 17,9 0 0,0 0,0%
Берово 2 15,4 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 1 11,9 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%

*9 лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 382,0 заболени на 100.000 жители, Штип (307,6/100.000), Прилеп (228,7/100.000), Велес (212,8/100.000), Скопје (194,4/100.000), Дебар (187,4/100.000), Струга (144,4/100.000) и Тетово (136,7/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево, Неготино и Охрид (Табела 2).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.410 машки и 1.504 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 136,0/100.000, додека кај женските 145,6/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 592 (20,3%) со инциденца од 154,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 204,3/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (568 заболени). Најниска инциденца од 68,2 и 62,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 156 и 157 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=2.914)

6.6.1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=180) е регистриран на 04.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=2.790)

6.6.2

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 16-тата недела (n=370) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 22/2020 година (n=2.315)

6.6.3

Регистриран е 151 смртен случај (Лт = 5,2%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 13.04.2020 година (n=9), а според недела на пријавување во тек на 22-рата недела (n=23) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=98) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 25,6/100.000 жители. Регистрирани се 102 смртни случаи кај лица од машки и 49 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 115 (76,2%) се регистрирани коморбидитети. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,0%) од пријавените починале во вонболнички услови, а останатите 94,0% починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=151)

6.6.4

Од епидемиолошки обработените случаи (n=2.907), 100 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје), а последниот импортиран случај е регистриран на 01.06.2020. Вкупно 1.717 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 05.06.2020 тестирани се вкупно 35.471 материјали (детектирани 2.914 позитивно лице) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Со ова во Р. С. Македонија се направени 17.143 тестови на 1.000.000 жители.

Според исходот од заболувањето, 1.123 лица (38,5%) се активни случаи, 1.640 случаи (56,3%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во странство или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 06.06.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје