СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 21-28.06.2020

Тестирани се вкупно 8.413 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 1.103 нови позитивни случаи од 26 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=509; 46,1%) и Тетово (n=147; 13,3%).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 21-28.06.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 509 28
Тетово 147 12
Охрид 67 1
Штип 63 3
Куманово 58 2
Струга 51 3
Ресен 41 2
Гостивар 35 3
Прилеп 26  
Кичево 22 1
Велес 18 2
Свети Николе 13  
Битола 10  
Кочани 10  
Дебар 9  
Пробиштип 5  
Крива Паланка 4  
Кавадарци 4  
Струмица 4  
Неготино 2  
Гевгелија 1  
Пехчево 1  
Демир Хисар 1  
Крушево 1  
Македонски Брод 1  
Вкупно 1.103 57

 

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 288 (26,0%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 50-59 (n=219; 19,9%), 40-49 (n=205; 18,6%) и од 30-39 години (n=188; 17,0%). Најмал број е регистран кај децата од 0-9 (n=40; 3,6%) и 10-19 години (n=34; 3,1%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 521 (47,2%) лица од женски и 582 (52,8%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=915; 83,0%), регистрирани се 158 (17,3%) хоспитализирани, а кај 324 (35,4%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 389 (42,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 11 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 447 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 57 смртни случаи од 10 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=42; 73,7%). Од починатите, 55 биле хоспитализирани, а 2 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 44 починати лица.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 28.06.2020, пријавени се вкупно 6.208 случаи на COVID-19 (I=298,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово и Прилеп. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 6.208 298,8 299 14,4 4,8%
Скопје 3006 486,7 111 18,0 3,7%
Куманово 750 525,6 38 26,6 5,1%
Тетово 681 340,9 52 26,0 7,6%
Штип 330 626,5 7 13,3 2,1%
Прилеп 257 269,6 19 19,9 7,4%
Струга 218 321,3 29 42,7 13,3%
Велес 183 276,2 13 19,6 7,1%
Охрид 167 297,6 4 7,1 2,4%
Гостивар 117 97,7 10 8,3 8,5%
Ресен 100 611,5 3 18,3 3,0%
Дебар 92 331,5 4 14,4 4,3%
Кочани 69 143,8 2 4,2 2,9%
Битола 50 49,1 2 2,0 4,0%
Кичево 30 52,5 1 1,7 3,3%
Свети Николе 27 131,6 0 0,0 0,0%
Неготино* 21 89,5 0 0,0 0,0%
Пробиштип 17 111,1 0 0,0 0,0%
Кавадарци 15 34,9 1 2,3 6,7%
Струмица 15 15,8 1 1,1 6,7%
Крива Паланка 15 62,7 0 0,0 0,0%
Гевгелија** 10 29,1 0 0,0 0,0%
Крушево 6 63,0 1 10,5 16,7%
Пехчево 6 120,2 0 0,0 0,0%
Валандово 6 50,6 0 0,0 0,0%
Радовиш 4 12,3 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 4 35,7 0 0,0 0,0%
Кратово 4 41,8 0 0,0 0,0%
Виница 3 15,4 0 0,0 0,0%
Демир Хисар 2 23,9 0 0,0 0,0%
Берово 2 15,4 0 0,0 0,0%
Делчево 1 4,2 1 4,2 100,0%

*10 лица се жители на Демир Капија  **2 лица се жители на Богданци

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 626,5 заболени и Ресен со 611,5 на 100.000 жители, Куманово (525,6/100.000), Скопје (486,7/100.000), Тетово (340,9/100.000), Дебар (331,5/100.000) и Струга (321,1/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Охрид, Велес и Прилеп (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

мапа 29.06

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 3.087 машки и 3.121 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 297,8/100.000, додека кај женските 302,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,4 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 1.386 (22,3%) со инциденца од 361,6/100.000, а највисока специфична инциденца од 422,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.176 заболени). Најниска инциденца од 122,3 и 113,5 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 280 и 284 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=6.208)

korona 1

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=196) е регистриран на 13.06.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=6.208)

korona 2

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 25-тата недела (n=1.035) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=6.208)

korona 3

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=5.956; 95,9%), 21,3% (n=1.225) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар), моментално се хоспитализирани 354 лица, а од нив 145 се на кислородна поддршка и 13 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,1%), кашлица (43,1%), малаксаност (42,4%), треска (16,0%), главоболка (13,4%), болка во грло (13,3%) и отежнато дишење (12,6%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=5.956; 95,9%), кај 1.805 или 30,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.195 или 66,2% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=5.956; 95,9%), пријавен е 61 (1,0%) случај кај бремени жени, од кои 15 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дваесет и девет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=5.956; 95,9%), кај 1.835 (30,8%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 1.222 лица имаат кардиоваскуларна болест, 524 дијабет, 255 се со хронична белодробна болест и 355 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 733 (59,8%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=5.956; 95,9%), регистрирани се 539 (9,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 299 смртни случаи (Лт = 4,8%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=215) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 56,1/100.000 жители. Регистрирани се 188 смртни случаи кај лица од машки и 111 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 240 (80,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=185), дијабет (n=82) и белодробна болест (n=48). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и еден смртен случај кај здравствен работник. Петнаесет (5,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 284 (95,0%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=299)

korona 4

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=5.956; 95,9%), 122 (2,0%) се импортирани, од нив две лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 28.06.2020. Вкупно 2.987 лица (50,2%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 28.06.2020 тестирани се вкупно 59.633 материјали (детектирани 6.208 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 28.820 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=59.633)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 59.633 6.205 4.982 24 54.651 6.181
ИЈЗ – Вирусологија 31.896 3.726 3.226 22 28.670 3.704
ЦЈЗ Скопје 776 148 0 0 776 148
Авицена 3.224 412 0 0 3.224 412
Биотек 4.895 231 0 0 4.895 231
Жан Митрев Клиника 8.032 539 0 0 8.032 539
Систина 4.487 260 0 0 4.487 260
Лаор 20 7 0 0 20 7
МАНУ 5.351 774 1.756 2 3.595 772
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 90 3 0 0 90 3
ЦЈЗ Битола 107 24 0 0 107 24

*три лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 3.466 лица (55,8%) се активни случаи, 2.443 случаи (39,4%) се водат како оздравени (299 од нив се здравствени работници и 23 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 518 (21,2%) биле хоспитализирани додека останатите 1.925 (78,8%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=6.208)

korona 5

 

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=6.208)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 1.969 925 111 3.005
Куманово 293 419 38 750
Тетово 366 263 52 681
Штип 146 177 7 330
Прилеп 34 205 19 258
Струга 133 56 29 218
Велес 38 132 13 183
Охрид 143 20 4 167
Гостивар 61 46 10 117
Ресен 94 3 3 100
Дебар 40 48 4 92
Кочани 22 45 2 69
Битола 17 31 2 50
Кичево 25 4 1 30
Свети Николе 23 4 27
Пробиштип 9 8 17
Крива Паланка 9 6 15
Кавадарци 9 5 1 15
Струмица 10 4 1 15
Неготино 7 4 11
Демир Капија 3 7 10
Гевгелија 3 7 10
Валандово 2 4 6
Крушево 3 2 1 6
Пехчево 3 3 6
Македонски Брод 2 2 4
Кратово 1 3 4
Радовиш 4 4
Виница 3 3
Демир Хисар 1 1 2
Берово 2 2
Делчево 1 1
ВКУПНО 3.466 2.443 299 6.208

*2 лица се жители на Богданци

 

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=2.335)

Град/ општина Активни случаи
Скопје 1.969
Чаир 442
Гази Баба 175
Аеродром 167
Карпош 158
Бутел 156
Сарај 154
Центар 141
Кисела Вода 119
Ѓорче Петров 115
Студеничани 101
Шуто Оризари 82
Арачиново 55
Илинден 33
Петровец 20
непознато 18
Чучер Сандево 17
Сопиште 12
Зелениково 2
странец 2
Тетово 366
Тетово 224
Желино 36
Јегуновце 31
Теарце 28
Брвеница 27
Боговиње 20

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип, Ресен и Куманово се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 28.06.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 10.021.401

Број на смртни случаи на глобално ниво – 499.913

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 5.042.486
    • Смртни случаи – 244.791
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.673.131
    • Смртни случаи – 196.835
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.041.774
    • Смртни случаи – 23.888
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 760.816
    • Смртни случаи – 21.078
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 288.347
    • Смртни случаи – 5.879
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 214.106
    • Смртни случаи – 7.429

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

Скопје, 29.06.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје