ЕПИДЕМИОЛОШКИ ПОДАТОЦИ

Во текот на 14-та недела од 2016 година (04.04 – 10.04.2016), во Република Македонија од 23 извештајни единици пријавени се 629 случаи на грип/заболувања слични на грип, со инциденца од 30,4 на 100.000 жители, што претставува намалување за 31,0% во однос на минатата недела. Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 44,1% споредено со 14-та недела од минатата сезона, а во однос на типичната сезонска крива за последните 5 сезони постои зголемување од 39,2% (Графикон 1).

Горенаведените податоци говорат во прилог на намалување на интензитетот на грип по достигнатиот пик во текот на седмата недела, а пријавениот број на случаи оваа недела е во рамките на очекуваниот број на случаи и под горната неделна граница (872) (Графикон 1).

Графикон 1. Неделна дистрибуција на заболените од сезонски грип во 2015/2016, споредена со сезона                            2014/2015 и сезонска епидемиска крива за последни 5 сезони

 Grafikon 1И во 13-тата недела, најголем број и процент на заболени (n=427; 67,9%) се пријавени во возрасната група од 15-64 години. Највисока инциденца оваа недела е регистрирана кај децата/учениците на возраст од 5-14 години (I=46,7/100.000).

Оваа недела најголем број заболени (n=158) се пријавени од ЦЈЗ Прилеп, во ЦЈЗ Тетово има регистрирано 110 заболени лица, во ЦЈЗ Охрид – 109, а 90 случаи се пријавени од страна на ЦЈЗ Скопје.

Највисока инциденца од 194,3 на 100.000 жители во текот на неделата е регистрирана на територија на ЦЈЗ Охрид, а во ЦЈЗ Прилеп е регистрирана инциденца од 165,8/100.000 (Картограм).

Картограм. Неделна инциденца на грип/заболувања слични на грип на 100.000 жители по ЦЈЗ/ПЕ, Република Македонија, 14-та недела 2016 година.

 мапаВкупниот број на пријавени случаи од грип во сезоната 2015/2016 изнесува 28.402, a кумулативната инциденца е 1.372,6/100.000 жители. Досега во сезоната се пријавени два смртни случаи асоцирани со грип, двата на територијата на ЦЈЗ Битола.

Во споредба со истиот период од минатата година, кумулативниот број на пријавени случаи е помал за 11,1%, а во однос на моделот за последните пет сезони има зголемување од 16,3%.

Во текот на оваа сезона, случаи на грип се пријавени од вкупно 30 извештајни единици. Најголем број заболени се регистрирани во регионот ЦЈЗ Прилеп (n=3.463; 12,2%), следат ЦЈЗ Струмица (n=3.252; 11,4%), ЦЈЗ Скопје (n=3.074; 10,8%), ЦЈЗ Тетово (n=2.635; 9,3%) и ЦЈЗ Охрид (n=2.422; 8,5%). Оваа сезона нема пријавено заболени лица од грип само во ПЕ Валандово (Графикон 2).

Графикон 2. Дистрибуција на случаи и инциденца на 100.000 жители од сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ,    

                         сезона 2015/16

 Grafikon 2

Во однос на дистрибуцијата по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 18.645 случаи (65,6%; I=1.277,6/100.000), а најголема кумулативна инциденца од 2.392,3/100.000 се регистрира кај децата/учениците на возраст од 5-14 години, како и кај децата на возраст од 0-4 години каде инциденцата изнесува 1.859,0/100.000 жители (Графикон 3).

Графикон 3. Дистрибуција на случаи и инциденца на 100.000 жители од сезонски грип по возрасни групи,

                       сезона 2015/16

 Grafikon 3

Дистрибуцијата на заболените од сезонски грип по месеци покажува континуиран пораст до февруари 2016 кога се пријавени 15.489 случаи или 54,5% од вкупниот  број на заболени случаи во сезоната. Во првите две недели од месец април се пријавени 1.540 случаи или 5,4% од вкупниот број на регистрирани случаи во сезоната (Графикон 4).

 

Графикон 4. Дистрибуција на случаи нa сезонски грип по месеци, сезона 2015/16

 Grafikon 4

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на 14-та недела од 2016, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ нема пристигнати материјали за тестирање за присуство на вирусот на грип.

Во сезоната 2015/2016, тестирани се 107 примероци, од кои 29,9% (n=32) се позитивни на вирусот на грип. Од позитивните примероци 56,3% (n=18) се инфлуенца А (10 се A/H1N1pdm09, 1 е А/H3N2 и 7 се Influenza A – нетипизирани), додека 43,8% (n=14) се  инфлуенца B.

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Од 42 недела од 2015 започната е вакцинацијата со вакцина против сезонски грип. Според досега пристигнатите извештаи, во ЦЈЗ и нивните ПЕ вакцинирани се вкупно 26.854 лица и потрошени  88,9% од вкупниот број на набавени вакцини за оваа сезона.

Во текот на 14-та недела, вакцинирани се 19 лица, од кои 11 во ЦЈЗ Скопје.

79,8% од вакцинираните примиле вакцина во текот на првите три недели од отпочнувањето со вакцинација. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 59,9%, 34,9% се на возраст од 30-64 години, додека лицата на возраст од 5-29 години чинат 2,2% од сите вакцинирани. Вакцинирани се 8 деца под 5 години. Нема вакцинирани бремени жени. Кумулативно, оваа сезона се вакцинирани и 808 здравствени работници. Од вкупниот број вакцинирани, 18.190 или 67,7% се лица со историја на хронично/и заболување/а.

Согласно информациите до затворање на извештајот, во овластените приватни здравствени установи во Македонија досега се вакцинирани вкупно 656 лица во Скопје.

Во овој момент, вакцинацијата е завршена во 10 извештајни единици.

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

И оваа недела се регистрира пад на бројот на регистрирани случаи, но и понатаму има широка географска распространетост.

Може да се констатира дека во Македонија активноста на вирусот на грип се одржува со средно висок интензитет, движејќи е во рамките на очекуваниот број за овој период од сезоната. Се очекува активноста на грип да продолжи да се намалува во наредните недели.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на FluNewsEurope (за 13 недела/2015), инфлуенцата е сè уште широко распространета во земјите во западниот дел на регионот, но најголемиот дел од земјите во пријавиле намалување или стабилен тренд. Процентот на позитивни сентинел примероци остана висок (43%), но од 8-та недела бројот на тестирани примероци е во постојан пад. Како што е вообичаено за крајот на сезоната на северната хемисфера, се регистрира поместување кон Influenza B, па така две третини од детекциите во последната недела се должат на овој вирус. Бројот на случаи на САРИ е помал отколку во претходните недели, но варира од земја до земја. Најтешките случаи се поврзани со А (H1N1) pdm09 и се кај луѓе на возраст од 15-64 години.

59% од откриените вируси во сентинел надзорот оваа сезона се Influenza А, а 41% се Influenza B. Најголем дел од Influenza А отпаѓа на А(H1N1)pdm09 (83%), а од Influenza B, B/Victoria (95%).

Најголемиот дел од вирусите откриени оваа сезона генетски одговараат на оние кои се вклучени вакцината за сезоната 2015-2016 во северната хемисфера.

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје