ЕПИДЕМИОЛОШКИ НАДЗОР

Неделни податоци

Во текот на 1-ва недела од 2017 година (од 01.01.2018 – 07.01.2018), во Република Македонија пријавени се 246 (I=11,9/100.000) новозаболени лица од грип/на грип слични заболувања, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 128 заболени лица.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 8.067 случаи, постои значително намалување на бројот на заболени во 1-вата недела, кое изнесува скоро 97%.

Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични  на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2017, сезона 2016/2017 и сезона 2017/2018

1 (1)

Во 1-ва недела најголем број заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години, додека најголема инциденца е регистрирана кај децата на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени (61 случај) и највисока инциденца од 50,9/100.000 е регистрирана на територија на ПЕ Гостивар.

Всушност, од вкупно 31 извештајна единица во земјата, само на подрачјето на ПЕ Гостивар и ПЕ Дебар се регистрира ниска (сезонска) активност, во 13 извештајни единици се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а останатите 16 извештајни единици оваа недела не пријавиле заболени од грип/ заболувања слични на грип (Картограм 1).

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 1 недела 2017

1 nedela

 

Кумулативни податоци

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 1.328 (I=64,2/100.000).

Регистрираниот број на случаи е помал за 94,4% споредено со истиот период од минатата сезона (23.843).

Вкупно во оваа сезона, пријавени се заболени лица од 23 ЦЈЗ/ПЕ.

Најголем број на заболени лица – 283 се регистрирани во ПЕ Гостивар и 234 во ЦЈЗ Тетово, а најголема инциденцата е регистрирана на подрачјето на ПЕ Дебар (I=637,7/100.000).

 

Во однос на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 888 лица или 66,9%, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години (I=83,8/100.000).

 

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Во текот на 1-вата недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 9 материјали за грип. Од тестираните материјали, 3 се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – 2 Influenza A(H1N1)pdm и еден Influenza А – несуптипизиран.

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се вкупно 82 хумани материјали од здравствените установи од кои 6 (7,3%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца, од кои 4 се инфлуенца A (3 субтипизирани како А(H1N1)pdm и еден е А несубтипизиран), а 2 се Influenza B (Yamagata).

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Бројот на регистрирани случаи на грип е под неделната граница на сезонска активност. Иако се зголемува процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор, сепак активноста на грип е сéуште на многу ниско (вон-сезонско) ниво. Се очекува зголемување на активноста во наредниот период.

 

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ вакцинацијата започна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација во јавните здравствени установи, за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини – вакцинацијата против сезонски грип е завршена на територијата на РМ. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe за состојбата со грип во 52 недела од сезоната 2017/2018 во Европа, активноста на вирусот на грип се зголемува во земјите од западниот, северниот и јужниот дел од континетот. Во однос на географската распространетост, во 14 земји се регистрира спорадична, во 1 локална, во 7 регионална и во 9 широка распространетост. Во текот на оваа недела, како позитивни се потврдени 44% од тестираните материјали од сентинел надзорот (во однос на 38% минатата недела), со заедничка ко-циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот.

Во досегашниот дел од сезоната се забележува заедничка циркулација на Influenza А со 37,5% (60,7% – А (H1N1)pdm09) и Influenza B со 62,5% (96% – B/Yamagata).

Од анализираните А (H3N2) на генетско ниво, сите припаѓаат или се антигенски слични на типот кој е застапен во вакцината за оваа сезона.

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје