Во текот на 44-та недела од 2019 година (од 28.10.2019 – 03.11.2019), во Република Северна Македонија пријавени се 29 (I=1,4/100.000) нови случаи на заболувања слични на грип. Регистрираниот број е зголемен за 12 во споредба со бројот на заболени во минатата недела (n=17).

Во споредба со бројот на регистрирани случаи во 44-та недела од минатата сезона (n=48) постои намалување од 19 заболени лица, како и во споредба со типичната сезонска крива (n=64) каде бројот на пријавени заболени лица е помал за 35.

Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во ЦЈЗ Куманово – 12 заболени лица.

Највисока инциденца од 21,6/100.000 жители се бележи во ПЕ Дебар, а најниска во ЦЈЗ Прилеп (1,05/100.000).

Во текот на неделата, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнаа 7 материјали за тестирање за присуство на вирусот на грип, сите со негативен резултат.

Во сезоната 2019/2020 вкупниот број на заболени од грип изнесува 80 (I=3,9/100.000), намалување за 19 заболени лица во споредба со истиот период минатата година, а намалување од 2,8 пати во споредба со типичната сезонска крива (n=220).

Во досегашниот тек од сезоната, најголем број на заболени се регистрирани во ПЕ Гостивар (n=15), ЦЈЗ Куманово (n=14) и ЦЈЗ Тетово (n=14), а највисока кумулативна инциденца е регистрирана во ПЕ Дебар (25,2/100.000 жители).

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 38 случаи (47,5%), а највисока инциденца (9,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

 

Од почетокот на сезоната 2019/2020, заклучно со 44-та недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ се пристигнати 24 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, сите со негативен резултат.

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР

Релативно малиот број на регистрирани случаи на грип, кој е под неделната граница за сезонска активност, како и негативните резултати добиени од вирусолошкиот надзор одат во прилог на ниска (вон-сезонска) активност на вирусот на грип на територија на Р. С. Македонија.

Вакцинација против сезонски грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):

  • Постарите лица (над 65 години)
  • Бремени жени
  • Лица постари од 6 месеци со хронични болести
  • Здравствени работници
  • Лица сместени во геронтолошки центри и кај лицата вработени во овие центри
  • Лица сместени во установи за социјална заштита и кај лицата вработени во тие установи
  • Лица вработени во јавни служби кои се посебно експонирани на инфекција
  • Децата на возраст од 6-59 месеци.

 

Сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 43-та недела 2019 година, активноста на вирусот на грип е на ниско сезонско ниво низ Европскиот регион. Инфлуенца вирусите се детектираат спорадично кај пациенти со респираторно заболување, а изолирани се типовите Influenza A и Influenza B. Од сентинел надзорот, од почетокот на сезоната, 2,6% од тестираните се позитивни за присуство на инфлуенца вирусите:

  • 30 Influenza A
    • A(H1N1)pdm09 – 12
    • A(H3N2) – 17
    • А несубтипизиран – 1
  • 19 Inluenza B
    • Victoria lineage – 9
    • Неодредена линија – 10

 

 

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје