Советникот за односи со јавност во Амбасадата на САД, Лук Занер, заедно со претседателката на Macedonian American Alumni Association – MAAA, Верица Јорданова, и Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, учествуваа на свечена донација во поддршка на Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија.

Преку грант од Амбасадата на САД, МААА донираше лаптопи за Институтот за полесно прибирање и анализа на податоци за КОВИД-19, како дел од иницијативата за размена на информации помеѓу земјите на Западен Балкан, со цел подобра координација на мерките за јавно здравје во регионот. Зборувајќи на настанот, советникот Занер рече дека донацијата е дел од континуираните напори за поддршка на институциите во Северна Македонија во борбата против пандемијата.

 

126137747_10157678398847157_2467177463004561100_o

 

Извор: U.S. Embassy North Macedonia