ЗАШТИТА НА МЛАДИТЕ ОД ИНДУСТРИСКАТА МАНИПУЛАЦИЈА И НИВНА ПРЕВЕНЦИЈА ОД УПОТРЕБАТА НА ТУТУН И НИКОТИН
Со децении, тутунската индустрија намерно користи стратешки, агресивни и добро снабдени тактики за привлекување на младите кон тутунот и никотинските производи. Документите од внатрешната индустрија откриваат детално истражување и пресметани пристапи дизајнирани за привлекување нова генерација на корисници на тутун, од дизајн на производи до маркетинг кампањи насочени кон замена на милиони луѓе кои умираат секоја година од болести што се припишуваат на тутунот со нови потрошувачи – младите.
Како одговор на систематските, агресивни и одржливи тактики на тутунската и сродните индустрии за привлекување на нови генерации на корисници на тутун, Светскиот ден без тутун 2020 година ќе обезбеди контра-маркетинг кампања и ќе ги поттикне младите да се вклучат во борбата против “Големиот Тутун”.
Глобалната светска кампања за Денот без тутун 2020 година ќе послужи за:
- Разоткривање на митови и изложување на тактики за манипулација користени од тутунската и сродните индустрии, особено маркетинг тактиките насочени кон младите, вклучено и преку воведување на нови и необични производи, вкусови и други привлечни карактеристики;
- Оспособување на младите луѓе со знаење во врска со намерите и тактиките на тутунската и сродните индустрии за да ги намамат сегашните и идните генерации на тутун и никотински производи; и
- Овозможување на влијателните инфуенсери (во поп културата, на социјалните медиуми, во домот или во училницата) да ги заштитат и бранат младите и да ги насочат промените со нивно ангажирање во борбата против “Големиот Тутун”.
Како тутунот и сродните индустрии манипулираат со младите?
- Употреба на вкусови што се привлечни за младите во тутунот и никотинските производи, како што се вкус на цреша, мастика и бонбони, ги охрабрува младите да ги потценат здравствените ризици поврзани со истите и да започнат да ги користат
- Елегантни дизајни и привлечни производи, кои исто така можат да бидат лесни за носење и се лажни (на пр. производи во облик на USB стик или бонбони)
- Промоција на производи како „намалена штета“ или „прочистени“ кои се алтернатива на конвенционалните цигари во отсуство на објективна наука што ги потврдува овие тврдења
- Спонзорства на славни / влијателни (инфлуенсери) личности и брендирани и спонзорирани натпревари за промовирање на производи од тутун и никотин (на пр. влијателни личности на Instagram)
- Клучен маркетинг на продажни места кои што ги посетуваат деца, вклучително и позиционирање во близина на слатки, грицки или газирани сокови и обезбедување на надокнада на добавувачите за да обезбедат нивните производи да бидат прикажани во близина на местата што ги посетуваат младите луѓе (вклучуваат обезбедување на маркетинг материјали)
- Продажба на цигари на парче и други производи од тутун и никотин во близина на училиштата, што им овозможува на училишните деца ефтин и лесен пристап до тутунски и никотински производи
- Индиректно рекламирање на производи од тутун во филмови, ТВ-емисии и емисии преку интернет
- Машини за продажба на тутун на места што ги посетуваат млади луѓе, прекриени со привлечни реклами и прикажани пакувања и подмолни регулативи за продажба на малолетни лица
- Судски спорови за ослабување на сите видови регулативи за контрола на тутунот, вклучувајќи предупредувачки етикети, прикажување во продажни места и прописи со кои се ограничува пристапот и маркетингот за децата (конкретно одредби за забрана за продажба и рекламирање на производи од тутун во близина на училиштата).
Повик за акција
Светот не може да си дозволи друга генерација да потпадне на лагите на тутунската индустрија, која се преправа дека промовира слобода на личен избор, додека истовремено обезбедува вечен профит – без оглед на тоа што секоја година милиони луѓе плаќаат со својот живот.
СЗО ги повикува влијателните инфлуенсери – во поп културата, на социјалните медиуми, во домот или во училницата – кои доаѓаат и се поврзуваат со младите за да им ги прикажат манипулативните тактики на тутунската индустријата која сака да создадат нова генерација на корисници на тутун. Треба да ја поттикнеме младите да се спротивстават на “Големиот Тутун” со тоа што ќе ги отфрлаат тие лаги и ќе одбијат да ги користат тие производи.