Бубрежна болест & деца

Делувај рано,за да ja спречиш!

Темата на кампањата за светскиот ден на бубрегот за 2016 година е: Бубрежна болест & деца. Делувај рано,за да ja спречиш!

Тимот на светскиот ден на бубрегот цврсто верува дека е важно да направиме општата јавност  да стане свесна за бубрежните болести кои делуваат на милион луѓе во целиот свет, вклучувајќи многу деца кои можат да бидат во ризик уште од рана возраст. Затоа е клучно да ја поттикнеме  и поддржиме едукацијата, раното откривање и здравиот начин на живот на децата, почнувајќи од раѓање и продолжувајќи низ годините,  за да се бориме против бубрежни оштетувања кои се превентабилни , вклучувајќи акутна инсуфициенција на бубрегот и хронична бубрежна болест, како и да се лекуваат  децата со вродени и  стекнати нарушувања на бубрезите.

Така, во нашата 11-та кампањска година, ајде уште еднаш да ги здружиме нашите сили да изградиме идни поздрави генерации!

Светскиот ден на бубрегот е глобална кампања за подигање на свеста за важноста на нашите бубрези.

Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година. Низ целиот свет се одржуваат  неколку илјади настани, од јавни превентивни прегледи  во Парагвај, до Зумба маратони во Малезија. Сите настани организираме за подигање на свесноста. Свесност за превентивно однесување, свесност за ризик факторите, и свесност за како да се живее со бубрежна болест. Го правиме ова бидејќи сакаме здрави бубрези за сите.

 www.worldkidneyday.org

За денот

Светскиот ден на бубрегот е глобална кампања за подигање на свеста за важноста на нашите бубрези.

Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година. Низ целиот свет се одржуваат  неколку илјади настани, од јавни превентивни прегледи  во Аргентина, до Зумба маратони во Малезија. Сите настани организираме за подигање на свесноста. Свесност за превентивно однесување, свесност за ризик факторите, и свесност за како да се живее со бубрежна болест. Го правиме ова бидејќи сакаме здрави бубрези за сите.

Нашата мисија

Мисијата на светскиот ден на бубрегот  е подигање на свеста за важноста на бубрезите за нашето целокупно здравје и како да се намали зачестеноста и влијанието на бубрежните болести и поврзаните здравствени проблеми низ  целиот свет.

Нашите цели

  • Подигање на свеста за нашите “извонредни бубрези”.
  • Потенцирање дека дијабетот  и високиот крвен притисок се клучни ризик фактори за хронични бубрежни болести (ХББ).
  • Поттикнување на систематски прегледи на сите пациенти со дијабет и хипертензија за ХББ.
  • Поттикнуање превентивно однесување.
  • Едуцирање на сите медицински професионалци за нивната клучна улога во отркривање и намалување на ризикот од ХББ, особено на население со висок ризик.
  • Потенцирање на важната улога на локалните и националните здравствени авторитети во контролата на епидемијата на  ХББ. На светскиот ден на бубрегот сите влади се поттикнуваат да превземат акција и да инвестираат во понатамошни  скрининг прегледи на бубрезите.
  • Охрабрување за трансплантација како опција со најдобар резултат при откажување на бубрезите, и одлуката за донација на органи како иницијатива за спасување  живот.

Мотото на светскиот ден на бубрегот 2016

Бубрежна болест & деца. Делувај рано, за да ја спречиш!

Тимот на светскиот ден на бубрегот цврсто верува дека е важно да направиме општата јавност  да стане свесна за бубрежните болести кои делуваат на милион луѓе во целиот свет, вклучувајќи многу деца кои можат да бидат во ризик уште од рана возраст. Затоа е клучно да ја поттикнеме  и поддржиме едукацијата, раното откривање и здравиот начин на живот на децата, почнувајќи од раѓање и продолжувајќи низ годините,  за да се бориме против бубрежни оштетувања кои се превентабилни , вклучувајќи акутна инсуфициенција на бубрегот и хронична бубрежна болест, како и да се лекуваат  децата со вродени и  стекнати нарушувања на бубрезите.  Така, во нашата 11-та кампањска година, ајде уште еднаш да ги здружиме нашите сили, да ги информираме родителите, негувателите, младите пациенти, политичарите и општата јавност за важноста од  препознавање и лекување на детските бубрежни болести, истовремено подигајќи ја свеста за ризикот во нивната иднина, од оштетувањето на бубрезите кое  потекнува од детството, затоа да изградиме поздрави идни генерации!

Бубрежните болести може да делуваат на децата на различни начини, рангирајќи ги од болести што се лечат без долготрајни последици, до животно загрижувачки состојби.

Акутна бубрежна инсуфициенција (АБИ)  е сериозна состојба која што се развива ненадејно, најчесто трае краток период и може  целосно да исчезне доколку се делува на причините и пациентот го добие потребниот медицински третман, но иста така може да има долгорочни последици со  доживотни проблеми.

Хронична бубрежна болест (ХББ) не исчезнува со лекување и има тенденција да се влошува  со тек на времето. ХББ најпосле  доведува до откажување на работата на бубрезите ( последна фаза од болеста) и е потребно да се третира со трансплатација  на бубрег или филтрирање на крвта (дијализа).

Акутна бубрежна инсуфициенција  или АБИ

Пример за АБИ е хемолитичен уремичен синдром, или ХУС. Тоа е состојба на бубрегот која се развива кога црвените крвни зрнца се уништени и го блокираат бубрежниот филтрирачки систем. Кога бубрезите и гломерулите- ситни клетки во бубрезите каде се филтрира крвта – стануваат запушени со  оштетените црвени крвни зрнца, тие не се во состојба да ја извршуваат својата работа. Ако бубрезите престанат да функиционираат, детето ќе развие акутна бубрежна инсуфициенција  – ненадеен и привремен прекин на функцијата на бубрегот. Хемолитичниот уремичен синдром  е причинител за АБИ кај децата.

Друга причина за АБИ, вклучувајќи ги децата, е траума како што се изгореници, дехидрација, крварење, повреда или операција. Траумите можат да доведат до многу низок крвен притисок, кој може да резултира со недоволен крвоток во бубрезите, доведувајќи до акутна бубрежна инсуфициенција.

 

Хронична бубрежна болест или ХББ

ХББ кај децата може да биде причинета од вродени мани ( пр. дете родено со само еден бубрег или бубрези со абнонормални структури), наследни болести (пр. полицистични бубрежни болести) инфекции, нефротски синдром ( збир на симптоми со губиток на протеини во урината и задржување на  вода и сол во телото што  укажува на бубрежно оштетување), системски болести (опфаќајќи многу органи во телото вклучувајќи ги бубрезите, како што е Лупус), уринарна блокада или рефлукс (пр. проблеми со уринарниот тракт и мочен меур ). Од раѓање до 4 годишна возраст, вродените мани и наследните болести  се водечки причини за  откажување на бубрезите. На возраст помеѓу 5 и 14 години, откажувањето на бубрезите најчесто е последица на наследни болести, нефротски синдром, и системски болести. Помеѓу 15 и 19 години, болестите што ги зафаќаат гломеруилите водат до откажување на бубрезите.

Најголемиот дел од децата со бубрежни болести во подоцнежниот период развиваат крајни, тешки форми на бубрежната болест.

Превод и адаптација:

Сектор за промоција, анализи и следење на незаразни болести