Менструацијата е природен физиолошки феномен кај адолесцентни девојчиња и жени пред менопауза.
За време на менструацијата е неопходна достапност на материјални ресурси за апсорпција или собирање на менструалната крв, олеснување односно овозможување на личната хигиена и отстранување на отпадот, идеално со соодветна приватност. За жал, жените и девојчињата во услови на ниски примања имаат мала свест за хигиенските практики и немаат соодветни материјали за управување со менструалната хигиена. Многу често, менструацијата се поминува во тишина, срам и во опкружување со социјални табуа кои понатаму се манифестираат во социјалните практики што ја ограничуваат подвижноста, слободата и пристапот до нормални активности. На пример, пиење млеко, подготвување храна, интеракција со луѓе или воздржување од вршење религиозни ритуали се ограничувања кои се наоѓаат во многу култури.
Лошата хигиена на менструалниот циклус предизвикана од недостаток на едукација пo ова прашање, постојаните табуа и стигмата, ограничениот пристап до хигиенски производи за менструација и лошата санитарна инфраструктура ги поткопува образовните можности, здравјето и целокупниот социјален статус на жените и девојчињата низ целиот свет. Како резултат на сé ова, милиони жени и девојки се спречени за повеќе работи во тек на овој нивен сензитивен период.
Младите адолесцентни девојки имаат тенденција да бидат помалку подготвени за МХМ - Менаџмент (управување) на менструална хигиена и да страдаат од вознемиреност, страв и срам за време на менструацијата. Потребите за хигиена во менструалниот циклус не само што се специфични и ги мачат жените и девојчињата во репродуктивна возраст, туку исто така бараат пристап до истото управување со менструалниот период, основно право на репродуктивно здравје.
Заради споменатите и други табуа, потребите за МХМ се присутни како тивка потреба.