Секоја година Светскиот ден на водата се одржува на 22 Март во светски рамки за да се привлече вниманието за важноста на водата и за застапување на одржливо управување со водните ресурси. Прославувањето на Меѓународниот ден на водата беше препорачано на Конференцијата на ОН за животна средина и развој (UNCED) одржана во Рио, Бразил во 1992 година, а за прв Светски ден на Водата е назначен 22 Март 1993 година.

Секоја година Светскиот ден на водата обработува различни теми од аспект на водата. На пример додека во 2013 година тема на одбележувањето на Светскиот ден на водата беше соработката за безбедна вода, оваа година ќе се придаде важност на врската меѓу водата и енергијата координирано од Универзитетот на Обединетите нации (УНУ) и Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) во име на ОН. Домаќин на манифестацијата по повод прославата на Светскиот ден на водата за 2014 година ќе биде Токио, каде ќе се обрне внимание на темата „Вода и Енергија”. Водата и енергијата се тесно поврзани меѓу себе и меѓусебно зависни. Овие компоненти се наоѓаат во срцето на она што е познато како „водно – енергетска врска”.

Кои се клучните пораки:

  1. Водата бара енергија и енергијата бара вода

Побарувачката за вода и енергија значително ќе се зголемува во текот на следните децении. Побарувачката на една компонента ќе стимулира побарувачка на другата. Побарувачката на вода во однос на повлекувањето на водата е проектирано да се зголеми за околу 55% до 2050 година заради растечката побарувачка од производството, производството на енергија во термоцентралите (главно заради експанзија на централите на јаглен и гас), земјоделството и домашната употреба.
Водата и енергијата имаат пресудно влијание врз намалувањето на сиромаштијата, бидејќи развојните цели зависат од подобрувањата во пристапот до вода, санитација, електричната енергија и енергетските извори.

  1. Изборите кои се однесуваат на снабдување, дистрибуцијата, цената и користењето на вода и енергија влијаат еден на друг – Снабдувањето со вода и енергија се силно поврзани

Водата е потребна за да се произведе енергија, енергијата е потребна за екстракција, третман и дистрибуција на водата, како и нејзиното собирање и третман после употребата. Развојот на најчестите форми на енергија (електрична енергија од јаглен-термо и хидро енергија) е ограничен од достапноста на водата. До 2035 година потрошувачката на енергија ќе се зголеми за 35%, што ќе ја зголеми потрошувачката на вода за 85%.
Се проценува дека повеќе од 80% од потрошената вода ширум светот и до 90% во земјите во развој, не се собира ниту се третира/пречистува, со што се загрозува не само човековото здравје туку и животната средина во целост.

  1. Цените на услугите на водата и енергијата мора да го одразуваат трошокот за одредбите и социо-еколошките влијанија

Цената на водата и енергијата се силно погодени од политички одлуки и субвенции кои ги одржуваат главните сектори како што се земјоделството и индустријата, и често се случува овие субвенции да ја нарушат вистинската економска врска меѓу водата и енергијата, 90% од производството на електрична енергија е поврзано со водата. Со глобалниот енергетски пазар проценет на 6 трилиони долари годишно, енергетскиот сектор e синоним за „голем бизнис”.

  1. Итно е потребен пристап до вода и санитација, како и до електрична енергија
    Инвестициите на приватниот сектор во водоводната и енергетската инфраструктура, алтернативните, обновливи и помалку интензивните и зависни од вода извори на енергија се од суштинско значење.
    Традиционално најголемиот дел од инфраструктурата на двете компоненти – водата и енергијата е обезбедена од страна на јавниот сектор. Според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), дополнителни 49 милијарди долари годишно ќе треба да се инвестираат за да се постигне универзален пристап до енергија до 2030 година. Инвестициите за водоводната инфраструктура се уште поголеми: се проценува дека 103 милијарди долари годишно се потребни за финансирање на вода, санитација и третман на отпадна вода до 2015 година.
    Кои се целите во 2014 година?
    Овој светски настан има за цел:
    Интегрирано планирање на енергијата и водата:§
    – Интегрирање на инфраструктурата за енергија и вода.
    – Едукација на потрошувачите во зачувувањето на двата ресурси: водата и енергијата и потрошувачките навики.
    – Зајакнување на заедничкото владеење на енергијата и водата и охрабрување на политичките реформи.
    – Да се вклучат ограничувањата со вода во енергетското планирање.
    Намалување на зависноста од вода:§
    – Употреба на алтернативни системи за ладење во термоцентралите.
    – Иплементирање на обновливи енергетски технологии.
    – Рециклирање и повторна употреба на водата.
    Подобрување на ефикасноста:§
    – Заштеда на водата и енергијата и замена на старите и неефикасни електрани, и подобрување на нивната ефикасност.
    – Зголемување на економската вредност на водата.
    – Подобрување на ефикасноста на производството на биогоривата.
    Енергијата и водата се тесно поврзани меѓу себе. Како што предвидува Меѓународната агенција за енергетика, и номиналното зголемување на побарувачката на биогориво може да ја зголеми побарувачката за вода за околу 20% од количината на водата која се користи во земјоделството во целиот свет. Конвенционалното производство на енергија бара мобилизација и користење на значителни водни ресурси, особено за ладење во нуклеарните централи и термоелектраните, потоа за турбините во хидроелектраните. Од друга страна, околу 8% од глобалното производство на енергија се користи за црпење, пумпање, преработка и дистрибуција на водата до разни потрошувачи.
    Анализата на резултатите за здравствената исправност на водата за пиење во периодот од 2002-2013 година покажува дека процентот на неисправни примероци според физичко-хемиска анализа се движи од 3,4-7,6%, додека процентот на неисправни примероци според бактериолошката анализа се движи од 0,8-2,93% (неисправните примероци се должат на наод на одредени патогени микроорганизми но во сировата вода, не и во водата која се доставува до крајните потрошувачи која е микробиолошки безбедна за употреба). Не постојат поголеми варијации и отстапувања во добиените резултати во текот на единаесетгодишниот период. Мора да се напомене дека процентот на неисправни примероци во однос на физичко-хемиската анализа главно се должи на отсуство или намалена содржина на резидуален хлор во водата за пиење под пропишаните вредности во Правилникот за безбедност на водата (Сл. Весник на РМ бр. 46/08) или во однос на параметарот матност особено во Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, и Битола. Состојбата е слична со претходната година во однос на овој параметар, заради што е во тек изградба на нова постројка за пречистување на водата за пиење од изворот Вруток за град Гостивар. Пристапот до безбедна вода за пиење изнесува 97,3%.
    На градските водоводни системи се приклучени околу 197.597 жители од руралните населени места во 2013 година. Во однос на физичко-хемиската исправност констатирани се 13,06% неисправни примероци од вкупно анализирани 1501 примероци вода, главно заради отсуство или намалена содржина на резидуален хлор во водата за пиење или зголемена потрошувачка на KMnO4, додека од анализираните 1501 примероци вода за бактериолошките параметри, неисправни се 18,72% од вкупниот број примероци.
    450 891 жители се снабдуваат со вода за пиење од водоводи во селските населби кои користат сопствено извориште и самите стопанисуваат со објектите. Во тие села се извршени вкупно 756 санитарно-хигиенски увиди и земени се вкупно 5 252 примероци вода за пиење, од кои 1.416 биле неисправни или 26,96% од вкупниот број анализирани примероци во однос на физичко-хемиски параметри, а најмногу заради отсуство на резидуален хлор и зголемена матност и електроспроводливост. Микробиолошката анализа покажала дека неисправни се 1 270 примероци, или 24,6% од вкупниот број.
    Во текот на 2013 година тестирани се 117 примероци пакувана природна минерална вода или пакувана изворска вода, од кои 50 од увоз и 67 од домашно производство. Напоменуваме дека домашните производители – Кожувчанка и Изворска, Горска, Добра вода и Ладна, редовно, додека периодично – Пелистерка, Визијана и Евина ги тестираат своите производи во лабораторииите на Институтот за јавно здравје на Република Македонија за контрола на производството и доколку се утврди било каква неисправност веднаш се превземаат мерки. Тоа значи дека тие производи не се пуштаат во промет.