Светски ден на водата 2015

Без вода нема одржлив развој!

Институтот за јавно здравје на Република Македонија, по шести пат ќе го одбележи Светскиот ден на водата, годинава во соработка со Кат продукција.

Годинешната порака на ОН по повод празникот на водата која гласи Без вода нема одржлив развој! Институтот за јавно здравје заедно со производителите на пакувата вода Пелистерка, Кожувчанка, Добра вода и Визијана, децата од креативниот центар Ѕвезда, и посетителите на настанот ќе ја испратат на 22 март (недела) од Школка во Градскиот парк во Скопје.

По тој повод се организирани повеќе активности кои паралелно ќе се одвиваат  од 11 до 14 часот. За таа цел се подготвени летоци со податоци за состојбата со безбедна вода за пиење во светски размери и корисни и едукативни информации за значењето на водата за здравјето на луѓето.

Ликовната работилница ќе биде отворена за сите деца кои ќе дојдат на манифестацијата и ќе посакаат да творат на тема ВОДА. Најдобрите творби  ќе бидат подарени во Домот за деца „25 мај“.

Подготвен е перформанс насловен: „Да се грижиме за иднината, да се грижиме за водата“ преку кој ќе се пренесат пораките за значењето на водата за здрав живот и препораки како да се грижиме за да не ги исцрпиме ресурсите на безбедна вода за пиење. Децата од креативниот центар Ѕвезда, хорчето Децата на Скопје, балетското студио Еурека, водителката Изабела Новотни, Викторија Лоба и група артисти со Снежана Конеска Руси преку песна, игра и забава ќе ги едуцираат најмладите како да се грижат за идниата грижејќи се за водата!

Чистите раце можат да ви го спасат животот, препорачуваат превентивците.

Во 2010 година во РМ со пристап до безбедна вода за пиење беше покриено 95% од населението. Денес, пристап до безбедна вода имаат 97 проценти од населението. Тоа покажува дека Република Македонија е во групата земји во светот со многу висок пристап до безбедна вода за пиење.

Овој факт не ја намалува заложбата на нашата земја да го подобри пристапот до безбедна вода за пиење, при што тој до 2020 година би изнесувал 98 проценти“, велат експертите од ИЈЗРМ.

Анкетата направена од Институт за јавно здравје на РМ во 2011 година покажа дека над 80% од испитаниците се задоволни од водата за пиење. Анкетираните граѓани се изјаснија дека преферираат вода од чешма. Процентот на граѓаните кои се изјасниле така соодветствува со процентот на граѓани кои се задоволни од квалитетот на водата која ја пијат односно употребуваат. За жал половина од анкетираните граѓани не внимаваат како ја употребуваат/трошат водата во текот на извршувањето на секојдневните обврски (одржување на личната хигиена и хигиената на домот).

Па затоа апелираме внимателно да се користи водата затоа што Без вода нема одржлив развој!

Манифестацијата ја збогатуваат и производителите на пакувани води за пиење, кои на своите штаднови ќе ги презентираат своите производи, а посетителите на настанот ќе имаат можност да ги пробаат брендираните води од домашните производители.

БЕЗБЕДНОСТ НА ПАКУВАНИ ВОДИ

Во 2009 година во лабораториите на Институтот за јавно здравје биле испитани 136 примероци минерални води, за разлика од 2008 кога биле испитани 214 примероци минерална вода, што пак е за три пати помалку од 2005 година кога биле донесени дури 610 примероци на минерални води. Годинава во акредитираните лаборатории на ИЈЗРМ се испитани 169 примероци на пакувана вода. Радува фактот што процентот на домашните производители на вода се зголемува во однос на предходните години, но сепак редовната контрола на безбедноста на водите од увоз е процентуално позастапена од домашните. Тоа покажува намален интерес на домашните производители да ја следат безбедноста на сопствените производи. ИЈЗРМ има акредитирани лаборатории опремени за испитување на  минералните води во однос на  микробиолошка анализа, физичко-хемиска анализа, содржина на  минерали, токсиколошки агенси, паразитолошка анализа, резидуи на пестициди и радиоактивност. Препорачливо е да се вршат редовни испитувања на сите минерални води, во текот на годината.

Обединетите нации секоја година иницираат масовни манифестации ширум светот по повод Светскиот ден на водата

1 vodaВОДАТА Е  ПРИРОДА

Екосистемите се наоѓаат во срцето на глобалниот воден циклус

Екосистемите – вклучувајќи, на пример, шуми, мочуришта и тревни површини – се наоѓаат во срцето на глобалниот циклус на водата. Сите слатки води во крајна линија зависат од континуираното здраво функционирање на екосистемите, и признавањето на циклусот на водата е од суштинско значење за постигнување на одржливо управување со водите. Сепак, повеќето економски модели не ги вреднуваат основните услуги обезбедени од страна на слатководните екосистеми. Ова води кон неодржливо користење на водните ресурси и деградација на екосистемите.

2 voda

ВОДАТА Е УРБАНИЗАЦИЈА

Секоја недела, еден милион луѓе одат во градовите Денес, еден од двајца луѓе на планетава живеат во град. И градовите во светот растат со исклучителна стапка – 4 лица се преселиле во градовите за времето кое Ви беше потребно да ја прочитате реченицата. Над дведесет посто од урбанизацијата се случува во сиромашните или земјите во развој, а речиси 40% од урбаната експанзија во светот е во пораст во сиромашните квартови. Проекциите покажуваат дека уште 2,5 милијарди луѓе ќе се преселат во урбаните центри до 2050 година.

 

voda 3ВОДАТА Е ИНДУСТРИЈА 

Повеќе вода е потрошена за производство на автомобил одколку да се наполни базен за пливање Секој произведен производ бара вода. Некои индустрии имаат поголема побарувачка на вода од други. 10 литри вода се користат за да се направи еден лист хартија, 91 литри се користат за да се направи 500 грама на пластика.             

 

voda 4

ВОДА И ЕНЕРГИЈА

Водата и енергијата се нераздвојни пријатели

Водата и енергијата се природни партнери. Водата е потребна за да ја генерира енергијата. Енергијата е потребна за да ја обезбеди водата. Денес повеќе од 80% од производството на електричната енергија се добива од топлинска енергија. Водата се загрева за да создаде пареа за да ги покрене електричните генератори. Милијарда галони вода се исто така потребни за ладење.

voda 5ВОДАТА Е ХРАНА

За производство на два стека потребни се 15.000 литри на вода

Секој Американец употребува 7.500 литри вода дневно – првенствено за храна. Неефикасната употреба на вода може да значи дека 100 литри се потребни за производство на една калорија. Наводнувањето зазема до 90% од абстракцијата на водата во некои развиени земји. Глобално, земјоделието е најголемиот потрошувач на вода, сметајќи за 70% од вкупната абстракција на водата.  До 2050 година, земјоделието ќе мора да произведе 60% повеќе храна глобално, и 100% повеќе во земјите во развој.

Економскиот раст и индивидуалната благосостојба влијаат на менување на навиките на исхрана од предоминантно диети базирани на скроб, на диети базирани на месо и млечни производи, кои бараат повеќе вода. На пример, производството на 1 килограм ориз бара околу 3.500 литри вода, додека за 1 килограм говедско месо потребни се 15.000 литри. Менувањето на навиките на исхрана има најголемо влијание на потрошувачката на вода во последните 30 години, и најверојатно ќе продолжи во средината на 21 век.

  voda 6

ВОДАТА И ЕДНАКВОСТА

 Секој ден жените поминуваат 200 милиони часови носејќи вода 

Во земјите во развој одговорноста за собирање вода секој ден паѓа диспропорционално на жените и девојчињата. Просечните жени во овие региони поминуваат 25 проценти од нивниот ден за собирање вода за нивните семејства.  Ова не е време поминато работејќи како работа со приходи, грижа за семејството или одење на училиште. Инвестициите во вода за пиење и санитација покажуваат значителни економски придобивки. Секој долар инвестиран покажува враќање меѓу 5 и 28 $.

Во Извештајот за квалитетот на водата за пиење во Република Македонија за 2014 година на Институт за јавно здравје на РМ е објавено дека 1.301.646 жители т.е 63,1% од популацијата во Републиката се снабдува со вода за пиење од централни водоснабдителни системи, управувани од јавни комунални претпријатија кои ги исполнуваат законските обврски во однос на обезбедување и контрола на здравствената исправност на водата за пиење (Извештај за вода за пиење за 2014 година. Институт за јавно здравје на РМ; 2015). Останатите се снабдуваат на следните начини:

  • 422 жители (10,34%) се приклучени на градски водоводи.
  • 471 жители (22,7%) во селските населби се снабдуваат од локални јавни водоснабдителни системи, со кои не стопанисува секогаш јавно претпријатие (во најголем број на овие објекти водата не се дезинфицира, а доколку и се врши вообичаено со хлорни препарати, тоа се врши нерамномерно и нередовно).
  • 703 жители (3,86%) се снабдуваат со вода за пиење од локални водоснабдителни објекти (јавни чешми, бунари, извори, пумпи и други индивидуални водоснабдителни објекти).

Пристапот до безбедна вода за пиење изнесува 97% и ја категоризира Република Македонија во групата земји во светот со многу висок пристап, што не ја намалува заложбата на земјата да го подобри пристапот до безбедна вода за пиење до 98% во 2020 година.

Безбедноста на водата за пиење од градските водоводи во Република Македонија е на многу високо ниво (Графикон 1).

Графикон  бр. 1 Структура на здравствената исправност на примероците вода за пиење од градските водоводи во Република Македонија за  период од 2002-2014 година

grafik voda MK

UNDP

 

                    LOGOSVETSKI DEN VODA