Водата и работните места

  • Повеќе од 3,6 милиони луѓе секоја година умираат од болести поврзани со водата во нееколошка средина.
  • Секој ден 38 работници умираат од болести предизвикани од вода.
  • Во Суб-Сахарна Африка жените и девојките секојдневно користат преку 25% од времето за снабдување со вода.
  • Повеќе од 1/3 од училиштата во земјите во развој немаат пристап до чиста вода за пиење и за хигиена.
  • Смртните случаи можат да се превенираат со подобра вода и санација

Светскиот ден на водата е меѓународна манифестација која под закрила на Генералното собрание на Обединетите Нации – UN-Water, субјектот кој ја координира работата на ОН за вода и канализација,секоја година на 22 март со разновидни активности се одржува ширум светот. Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниот или идниот предизвик. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.

Денес, околу половина од работниците во светот, 1,5 милијарда луѓе работат во сектори поврзани со водата и речиси сите работи зависат од водата или се поврзани со нејзина достава. Сепак, милиони луѓе чија работа е директно поврзана со вода често не ги уживаат работничките права. Темата за оваа година е „Водата и работните места“, а целта е да  покаже дека  доволните количини вода и квалитетната вода може да го сменат животот и егзистенцијата на работниците, па дури и да трансформира општества и економии.

malawi_girls_0Активности на Институтот зајавно здравје на Република Македонија по повод Светскиот ден на водата 2016

На 22 март во Културниот информативен центар Салон 19,19 во организација на Кат продукција, Драмското студио Ѕвезда ќе изведат театарска претстава на тема:  КАПКА ВОДА ЗА ЖИВОТиПОДОБРА ВОДА, ПОДОБРА РАБОТА, ПОДОБАР ЖИВОТ за децата од градинката Сирит, учениците од второ и осмо одделение од ООУ Јохан Хајнрих Песталоци.

Учениците одговараа прашалници за да добиеме сознание колку се информирани и едуцирани за значењето на водата за здравјето на луѓето и за состојбата со безбедна вода во светот и кај нас.

Ќе бидат емитувани снимка за значењето на водата за здравјето на луѓето, со ретроспектива на манифестациите одржани во изминатите девет години во организација на Институт за јавно здравје, производителите на пакувана вода  и соработниците, и презентација подготвена од студентите на Медицински факултет-Скопје, што ја опфаќа темата за оваа година.

Ќе се одржи трибина на тема: Знаеме ли колкаво е значењето на безбедната вода за здравјето на луѓето и како да штедиме вода, на која на прашањата на учениците од средното економско-правно училиште  „Васил Антевски – Дрен“ ќе одговараат експертите од ИЈЗРМ, и претставници на производителите на пакувана вода кои ја овозможија оваа манифестација: Кожувчанка, Магрони (Ладна и Добра вода) и Визијана.

Секое дете ќе добие  шишенце вода за влез на претставата, на кое освен брендираната етикета на производителот ќе има залепено билет со пораката за оваа година, логото на Светскиот ден на водата, на Институтот за јавно здравјеи на Кат продукција.

Водата и работните местаfetching_water_niger

Агендата 2030 покажува дека  потребите за вода во секторите за вода се поголеми од кога и да е.

Потребна е поголема  инспирација за да ни помогне во обликување на нашата иднина.

Да се нахранат повеќе од 7 милијарди луѓе, не е лесна задача.

На вредните земјоделци водата им е најважна. Особено ако се земат предвид климатските промени.

Луѓе се занимаваат со земјоделство, рибарство и шумарство.

Доволни количини квалитетна вода е основа за нивното преживување.

Секој час во светот 38 работници умираат од болести предизвикани од водата.

Смртните случаи може да се превенираат со подобра вода и санитација.

Македонија

Проценето е дека во 2014 година,околу 37% од населението, или околу 770.000 луѓе, во Република Македонија живеат во 1.420 рурални населени места. Околу 27% од руралното население се конектирани на градските водоводнисистеми, професионално менаџирани од 56 јавни комунални претпријатија. Околу 62% oд руралните жители се снабдувааат со вода од мали водоводи во селските населби кои користат сопствено извориште; околу 4% oд руралното население зависи од локалните водоснабдителни објекти(бунари, пумпи, селски чешми, кладенци). Заеднички проблеми кои влијаат на квалитетот на водата за пиење во малите водоснабдителни системи се недостиг на заштитни зони и огради, застаренaта и оштетена водоводна мрежа, нередовното хлорирање на водата за пиење и несоодветното пречистување на водата.

Во рамки на Протоколот за вода и здравје Институтот за јавно здравје на РМ спроведе повеќе нови активности во периодот 2015-2016 година:

  • ја воведе Програмската активност за вода, санитација и хигиена во училиштата
  • спроведе истражување за еднаков пристап до вода и санитација во Скопје и Општините Велес, Куманово, Кратово, Ранковци, Старо Нагоричино и Крива Паланка
  • реализира Национална работилница за надзор над болести поврзани со водата, со подршка на СЗО

12421991_1071571202865112_408916520_o

 

 

Подобра вода – подобри работни места

Повеќе од 1/3 од работниците во светот се вработени во земјоделскиот сектор

За производство на 1кг пченица се потребни околу 1000 литри вода, а за 1 кг ориз двојно повеќе 2000 литри

Кина е најголем производител на житни култури во светот, произведувакќи  храна за речиси 20% од светското население

За еден човек да консумира храна од 2800 Kcal просечно се потребни 100м3 вода годишно за продукција на таа храна. За седум милијарди луѓе на земјата се потребни 7000м3 вода годишно

Директно или индиректно, животот на преку 500 милиони луѓе од земјите во развој зависи од риболовот и рибната индустрија. Според статистиките ако продолжи овој ритам на загадување на водата, до 2048 година нема да остане риба за ловење, а со тоа ќе изумре и риболовот. Како резултат со несовесно однесување со водните површини, денес во светот постојат преку 1400 загрозени видови риби.

Screen Shot 2016-02-08 at 13.34.30

Шумарството е еден од главните сектори на Чиле застапен со околу 14% од вкупниот извоз на земјата. Во шумарскиот сектор во Чиле работат над 150 илјади луѓе.

Во Суб-Сахарна Африка жените и девојките секојдневно користат преку 25%  од времето за снабдување со вода.

Повеќе од 3,6 милиони луѓе секоја година умираат од болести поврзани со водата во нееколошка средина.

Повеќе од 1/3 од училиштата во земјите во развој немаат пристап до чиста вода за пиење и за хигиена.

ПРЕВЗЕМИ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

ПРЕВЗЕМИ ФЛАЕР ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

ВИДЕО ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА