Што е Светски Ден на Водата?

Светскиот ден на водата, кој секоја година е на 22ри Март, е за фокусирање на вниманието на важноста на водата. Овогодишната тема “Природата за водата” ги истражува решенијата базирани на природата (NBS – nature based solutions) за предизвиците со вода со кои се соочуваме во 21-от век. Кампањата се вика “Одговорот е во природата” и ја подига свеста за NBS.

Централна порака е дека NBS, садењето дрвја за надополнување на шуми, повторното поврзување на реките со поплавените површини и обновувањето на мочуриштата, е одржлив и економичен начин да се помогне во ребаланс на циклусот на водата, да се ублажат ефектите од климатските промени и да се подобри здравјето и благосостојбата на луѓето.

voda sl 2

Со користење на NBS за да помогне во задоволувањето на потребите за вода за популацијата која е во пораст, ќе придонесеме за создавање кружна економија, истовремено помагајќи да се заштити природната средина и да се намали загадувањето – и двете клучни цели во целта 6 за одржлив развој, која го обврзува светот да обезбеди достапност и одржливо управување со вода и санитација за сите до 2030 година.

 

ПРЕВЗЕМИ БРОШУРА ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

ПРЕВЗЕМИ ФЛАЕР ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

ПРЕВЗЕМИ ПОСТЕР ЗА СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

 

b 2018