КАМПАЊА: ЗА БЕЗБЕДНА ХРАНА – ОД НИВА ДО ТРПЕЗА

Светската здравствена организација секоја година одбира приоритетна област на глобалната јавноздравствена грижа како тема за Светскиот ден на здравјето – 7 април.  Темата за Светскиот ден на здравјето за 2015 година е посветена на  безбедноста на храната,  со мото – За безбедна храна, од нива до трпеза.

Темата има големо значење за сите луѓе на планетава, за повеќе заинтересирани страни, вклучувајќи ги властите, граѓанското општество, приватниот сектор, како и меѓувладините агенции. Основната порака е зајакнување на интергираниот пристап во контролата на храната која почнува уште на нивата, фармата, потоа пролдолжува  со складирање, транспорт и дистрибуцијата, производство и преработка, трговија и на крајот стигнува во домот на потрошувачите, на трпезата. Во сите овие фази може да навлезе скриена опасност, која нема да биде препознаена или елиминирана во следните фази и на тој начин стигнува до чинијата на потрошувачот.

Tablemat

Светскиот ден на здравјето за 2015 година е можност да се потсетат сите инволвирани фактори во контролата на безбедноста на храната, да бидат максимално ангажирани за постигнување на крајната цел – безбедна храната во чиниите на луѓето, а тоа се:·

  • Операторите со храна (земјоделци, сточари, производители, трговци на големо и мало,  дистрибутери)
  • Надлежните државни органи и тела за контрола на безбедноста на храната
  • Потрошувачите

MK

 

 Главна цел на кампањата:

• Да ги потикне надлежните тела и органи да ја подобрат безбедноста на храната, преку зајакнување на интерсекторската соработка и покренување кампањи за подигање на јавната свест

•  Поттикнување на потрошувачите да обезбедат безбедна храна во нивните домови или на нивната трпеза    (да поставуваат прашања, да ги проверуваат етикетите, да ги следат советите за хигиена на храната)

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ- 5 КЛУЧА ДО БЕЗБЕДНА ХРАНА

 

Клучни факти за безбедност на храната, во контекст на јавното здравје

  • Пристапот до доволна количина на безбедна и здрава храна е клучен фактор за одржување на животот и промоција на добро здравје. Безбедноста на храната и  правилната исхрана  се есенцијални предуслови за здравје и блaгосостојба на населението на една земја и треба да бидат инегрирани во сите политики.
  • Небезбедна храна е храна која содржи  бактерии, вируси, паразити, хемиски     супстанции (метали, пестициди и други) или физички агенси, како што се страни тела
  • Загадената (контаминрана) храна за која велиме дека е небезбедна создава еден магичен круг на болести и потхранетост, при тоа особено ги погодува доенчињата, децата, старите лица,  хронично болните лица и лица со намален имунитет.
  • Болестите поврзани со небезбедна храна и вода за пиење предизвикуваат смрт за 2,2 милиони  луѓе годишно на глобално ниво, од кои поголем број се деца. При тоа овие болести не предизвикуваат само стомачни тегоби, туку некои од нив вршат трајно оштетување на функцијата на црниот дроб и бубрезите, неуролошки оштетувања, канцер, предвремено раѓање или мртвороденчиња, сепса, а некои завршуваат со смрт.
  • Хемиската контаминација на храната со пестициди, метали, полихлорирани бифенили, полициклични ароматични јаглеводороди  може да предизвика незаразни заболувања, и тука пред сè се мисли на канцер, оштетување на репродуктивното здравје и ендокриниот систем. За последните тврдења постојат сигурни научни докази извлечени од индустриски хаварии и инциденти со хемиски контаминирана храна.
  • Болестите предизвикани со небезбедна храна, заразни или незаразни болести, го попречуваат социо-економскиот развој, го оптоваруваат здравствениот систем, но можат да наштетат и на националната економија, земјоделството, туризмот и трговијата.