
Годинава е фокусиран на целта пет од Светската декларација за канцер: Отфрлање на штететата што ја нанесуваат митовите и заблудите за канцерот.
Пораки на СЗО:
Мит 1: Ракот е само здравствен проблем
Вистина: Ракот не е само здравствен проблем. Тој има широки социјани, економски и развојни импликации врз човековите права.
Мит 2: Ракот е заболување на богатите и старите лица во земјите во развој.
Вистина: Ракот не е дискриминација.Тоа е глобална епидемија, ги афектира сите возрасти во земјите со низок и среден приход имајќи дипропорцинална тежина.
Мит 3: Ракот е казна со смрт.
Вистина: Многу видови на рак кои биле сметани како смртоносни, денес може да се излечат кај многу заболени, а третманите може да се покажат ефективни.
Мит 4: Ракот е мојата судбина
Вистина: Со вистинска стратегија, повеќе од еден на секој три дијагностицирани ракови може да бидат превенирани.
Малигни неоплазми се втора причина за смрт во СВЕТОТ со 7,6 милиони умрени лица во 2008 година или околу 13% од сите умрени, со тенденција за континуиран пораст.
Морталитетот од малигни неоплазми е околу 30% последица на стилот на живеење и дејството на ризичните фактори според податоците наСЗО.
Пушењето е доминантен ризик фактор кај 22% од вкупно умрени лица од малигни неоплазми во светот и 71% кај умрени од малигни неоплазми на бронх и белидробови.
Најзастапени поединечни локализации на малигните неоплазми во земјите на ЕУ се:
- малигни неоплазми на колон и ректум,
- дојка,
- простата и
- бронх и бели дробови
Во структурата на најчести групи на болести лекувани во болничко-стационарната дејност во Република Македонија малигните неоплазми завземаат трето место со 13,3% учество во вкупно лекувани во 2011 година по болестите на респираторниот систем (16,5%) и болестите на циркулаторниот систем (15,0%).
Во периодот од 2009-2011 година бројот на лекувани од малигни неоплазми во болничко-стационарна дејност во Република Македонија зголемен е за 7,1% (во периодот 2002-2011, бројот е зголемен за 136,5%).
Според територијална дистрибуција на стапките на морбидитетот на 10000 жители кај лекувани болни во болничко-стационарни здравствени установи по статистички региони во Р.Македонија во 2011 година, највисоки стапки се во Скопскиот и Пелагонискиот регион.
Најголем пораст на бројот на болничко-стационарно лекувани лица од малигни неоплазми во периодот 2009-2011 година регистриран е во Североисточниот за 32,3% и Полошкиот регион за 29,4%, потоа во Вардарскиот за 17,2% и Jугозападниот регион за 16,4%.
Во Југоисточниот регион бројот на лекуваните лица од малигни неоплазми намален е за 10,9%.
Малигните неоплазми се втора причина за смрт кај населението во Република Македонија со застапеност 18.2% во структурата на вкупно умрени лица, веднаш после болестите на циркулаторниот систем со 59,2% застапеност во 2011 година.
Во периодот 2002-2011 година морталитетот покажува тренд на пораст. Бројот на умрени лица од малигни неоплазми како основна причина за смрт во Република Македонија зголемен е за 13.5%.
Во дистрибуција по пол, бројот на умрени лица од малигни неоплазми покажува позитивна развојна тенденција кај двата пола.
Морталитетот од малигни неоплазми расте со возраста. Најзастапена е возрасната група од 70 – 74 години, а потоа следат возрасните групи од 65-69 години и 75-79 годишна возраст.
Според анализа на најчести причини за смрт од малигните неоплазми по поединечни дијагнози во периодот 2009-2011 година најзастапена е малигната неоплазма на бронх и бел дроб, потоа следат малигните неоплазми на желудник, дојка, колон, црн дроб и интрахепатични жолчни патишта.
Перманентен пораст на бројот на заболени од малигни неоплзми, голема распространетост и кај помладата популација, најчеста причина за смрт кај двата пола, големи трошоци за лекувањето, висок абсентизам, економска оптовареност од инвалидитет и прерана смрт, укажуваат на нивното изразено социјално – медицинско значење и се еден од приоритетните здравствени проблеми во патологијата на населението во Република Македонија.
Повеќе информации на интернет страницата на следниот линк:
http://www.iph.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=164&Itemid=48&lang=mk