“ТОЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ЌЕ ПОМОГНАТ ДА СЕ СПАСАТ ЖИВОТИ“, изјава на Геј Рајдер, генерален директор на МОТ

 

Во прилог кон одбележувањето на 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје на работа, Институтот за јавно здравје, како единствен овластен носител на здравствените статистики за евиденциите што се водат во здравствените установи во Република Македонија, ја објави Информацијата за повреди на работа во 2016 година.

Податоците покажуваат дека во 2016 година во Република Македонија се регистрирани 894 повреди на работа од кои 356 (39,8%) се во индустријата и рударството. Според податоците доставени до Институтот за јавно здравје, во минатата година се регистрирани 2 смртни случаја поради повреди на работа.

Конфедерацијата на меѓународните синдикати уште во 1996 година 28 април го востанови како Меѓународен ден на комеморација за загинатите и повредени работници ширум светот. Затоа, во спомен и сеќавање на оние кои ги изгубија животите во несреќни случаи на работа, Инситутот за јавно здравје повикува на минута молк и почит на 28 април (петок) 2017 година, точно во 12 часот.