
На 19 септември 2014 г. во просториите на Институтот за јавно здравје се одржа првата TrainMiC работилница во Република Македонија. Присустуваа 45 учесници од регионалните центри за јавно здравје, од Биро за метрологија на Република Македонија и Факултетот за земјоделски науки и храна. Темите: валидација на методи, контролни дијаграми и употреба на референтни материјали, беа презентирани од д-р сци Зорица Арсова Сарафиновска, м-р сци Анита Најденкоска и м-р Фросина Бабановска.
Програмата TrainMiC (Training in Metrology in Chemistry) е воспоставена во 2001 година од страна на Европската комисија со цел да се одговори на предизвиците поврзани со мерења кои се применуваат во хемијата. TrainMiC е програма за тренинг на профили од лабораторија, менаџери за квалитет, акредитационо тело, биро за метерологија, институти, но секако и за крајните корисници на резултатите (клиенти). Програмата дејствува на европско и национално ниво. На европско ниво дејствува одборот, со седиште во IRMM (Institute for Reference Materials and Measurement) којшто е метролошки институт на Европската Комисија. Мисијата на IRMM е да се промовира заеднички мерен систем. На национално ниво дејствува националниот тим обучен од TrainMiC советот. На учесниците им беа доделени сертификати од Eвропската комисија потпишани од Филип Тејлор лидер на TrainMiC програмата.