Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија е долгогодишен активен учесник и клучен актер во борбата против климатските промени. Мотивирани од итната потреба за преземање мерки, врз основа на научно основани докази, секогаш дејствува во корист на јавното здравје. Како членка на Меѓународното здружение на национални институти за јавно здравје (IANPHI), ИЈЗ на РСМ, будно ја следи состојбата со климатските промени на национално ниво и активно делува во адаптацијата и ублажувањето на нивните пред сѐ здравствени ефекти врз на населението. Институтот учествува во адаптацијата и ублажувањето на климатските промени за да го заштитат здравјето на населението.

IANPHI е мрежа од 110 национални институти за јавно здравје (НИЈЗ) во 95 земји, кои колективно ги градат капацитетите и способностите на јавното здравје преку поврзување, развивање и зајакнување на НИЈЗ ширум светот. IANPHI го поддржува развојот на глобалниот капацитет на националние институти да бидат клучни застапници и актери за ублажување и адаптација на климатските промени.

Негативните влијанија на климатските промени се сериозна закана за физичкото и менталното здравје на населението ширум светот, а исто така, ги влошуваат постојните демографски и социо-економски нееднаквости. Националните институти за јавно здравје можат да ги следат и да предложат соодветни интервенции за да се намалат нееднаквостите во здравјето поврзани со климата.

Состојба во Република Северна Македонија

Емисиите на стакленички гасови од 2016 година се намалени за 34,6% во споредба со емисиите од 1990 година. Намалувањето се должи на намаленото производство на електрична енергија од домашен лигнит, промената на горивото (зголемена употреба на природен гас), како и намаленото индустриско производство.

Уделот на обновливи извори на енергија во бруто-финалната потрошувачка на енергија покажува зголемување од 23% во 2020 на 49% во 2050 година.

Инвестиции во зелената енергија создаваат најголем број на зелени работни места во 2035 година: 10.000 зелени работни места, што претставува 2,7 пати повеќе работни места од сегашниот број на вработени во термоцентралите на јаглен во Северна Македонија. Нашата земја, според Парискиот договор, се обврза да ги намали емисиите на СО2 од согорување на фосилни горива за 30%, односно за 36% во однос на повисокото ниво на амбиција, до 2030 година.