Ова видео развиенo од Институтот за истражувања и развој (IRD) и  Пастеровиот Институт од Париз,Франција, ја објаснува суштинската улога што медицинската ентомологија ја има во точната идентификација на инсектите- вектори на заразните болести, а со тоа и проценка на нивниот ризик за човечката популација. Медицинската ентомологија е една од четирите компоненти на европскиот проект MediLabSecure кој има за цел да ја зголеми здравствената безбедност во Медитеранскиот  и  Црно Морскиот регион преку единствен пристап во здравството.

Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје е дел од Европскиот проект MEDI LAB Secure – со цел зголемување на здравствената безбедност во Медитеранскиот и Црноморскиот регион од Вектор преносливите болести. Лабораторијата е учесник во делот за Медицинска ентомологија и Хумана Вирусологија.