Повеќе од 20 000 лица дневно умираат заради компликации предизвикани од висок крвен притисок. Најчести компликации од висок крвен притисок се бубрежни заболувања, срцев и мозочен удар.
Дијагноза
Дијагностицирање на висок крвен притисок задолжително се прави под лекарски надзор.
Пред мерењето, и се овозможува на личноста одмор од неколку минути во тивка просторија
Се изведуваат најмалку две последователни мерења на растојание од 1-2 минути, а доколку разликата е голема, се изведува и дополнително мерење. Повисоката измерена вредност е референтна.
Манжетната треба да биде во висина на срцето, независно од положбата на личноста.
СЗО препорачува започнување на фармаколошки антихипертензивен третман на пациенти со потврдена дијагноза на хипертензија и систолен крвен притисок од ≥140 mmHg или дијастолен крвен притисок од ≥90 mmHg.
СЗО препорачува фармаколошки антихипертензивен третман на лица со постоечки кардиоваскуларни заболувања и систолен крвен притисок од 130-139 mmHg.
Силна препорака, умерени до високосигурни докази: СЗО предлага фармаколошки антихипертензивен третман на лица без кардиоваскуларни болести, но со висок кардиоваскуларен ризик, дијабетес мелитус или хронична бубрежна болест и систолен крвен притисок од 130-139 mmHg.
Препораки за целниот крвен притисок
СЗО препорачува крвниот притисок да е <140/90 mmHg кај сите пациенти со хипертензија без коморбидитети.
Кај лица кои имаат висок ризик од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес мелитус, хронична бубрежна болест препорачана цел е систолниот крвен притисок да е <130 mmHg.
Препораки за фреквенција на оценување
СЗО предлага месечно следење по започнувањето или промена на антихипертензивните лекови додека пациентите не ја достигнат целта.
СЗО предлага следење на секои 3-6 месеци за пациенти чиј крвен притисок е под контрола.
Како настанува?
Нема само еден причинител туку збир од повеќе фактори.
Кои се тие ризик фактори?
- Возраст
- Генетика
- Стрес
- Пушење на цигари
- Консумација на алкохол повеќе од максимално препорачаната количина
- Физичка неактивност
- Дебелина
- Покачени масти
- Солена храна
- Недоволен сон
Можеби голем дел од ризик факторите ги имате. Но, не се грижете. Никогаш не е доцна, макар и да имате дијагноза. Може да направите промена во вашиот живот пред да биде доцна.
Доколку имате близок член во семејството со висок крвен притисок, не се вознемирувајте.
Возраста не мора да значи дека имате висок крвен притисок.
Можеби во модерниот начин на живот стресот е секојдневна појава. Меѓутоа, најдете начин да го намалите односно да се ослободите од стресот. Што на пример? Пешачете во природа. Посетете места кои ви причинуваат задоволство. Споделете со лица кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.
Доколку употребувате тутун, исфрлете го од вашиот живот веднаш после ова видео.
Намалете ја дневната консумација на алкохол на една алкохолна единица доколку сте припадник на женскиот пол односно на две ако сте припадник на машкиот пол или помалку. Со други зборови, тоа би било вака; една лкохолна едница дневно или една чаша вино од 150 мл дневно, пиво во износ од 330 мл или жесток алкохолен пијалак од 10 мл (виски, ракија и сл.).
Редукција на ексцесивен внес на алкохол (мажи <20-30 g етанол дневно, жени <10-
20 g етанол дневно). Односно, неделна консумација <240 g за мажи, а 160 g за жени).
Ограничете го времето пред екран. Пешачењето е најдобар начин за физичка активност за сите возрасни категории. 30 минути на умерена физичка активност дневно, односно минимум 150 минути неделно. Умерена физичка активност вклучува аеробни активности како брзо одење, танцување, пливање или возење велосипед на рамен терен.
Избегнувајте јадење надвор од домот, брза и преработена храна. Вкупен дневен внес на сол не треба да ви биде повеќе од 5 грама. Не додавајте дополнителна количина сол на храната. Избегнувајте или намалете го внесот на храна со висока количина на сол како сувомеснати производи, тестенини, солени јаткасти производи и слично.
Пресметајте Индекс на телесна маса-ИТМ (kg поделени со квадратот на вашата висина изразена во метри).
Нормална исхранетост претставува ИТМ кој се движи меѓу 18,5-24,099кг/м2
ИТМ <18.49 | Потхранетост |
ИТМ 18.5 – 24.99 | Нормална исхранетост |
ИТМ 25.00 – 29.99 | Зголемена телесна тежина |
ИТМ >30.00 | Обезност (здебеленост) |
Зголемен обем на струк или умбиликален обем (мерен во стоечка положба): >102 cm кај мажите, т.е. >88 cm кај жените, претставува критериум за абдоминална (висцерална) гојазност или здебеленост.
Контролирајте го внесот на калории и временскиот период кога и што јадете. Зголемете го на внесот на целозрнести (интегрални) жита, зеленчук и овошје, намалете го внесот на засладени безалкохолни пијалаци.
Спијте 7 до 9 часа ноќен сон.
Што ако имате веќе дијагноза?
Навремено и редовно пијте ги апчињата.
Редовно мерете го крвниот притисок.
Применете ги препораките на вашиот лекар.
И сепак држете се до наведените препораки за да спречите компликации.
Мерете го вашиот крвен притисок прецизно, контролирајте го, живејте подолго!
СВЕТСКИ ДЕН НА ХИПЕРТЕНЗИЈА (ФЛАЕР): Висок крвен притисок:Можеш да го спречиш!
Подготвил
Оддел за хигиена и здравствена екологија