Водичот за исхрана на населението во Република Македонија е вклучен во новото ажурирање на базата на водичи за исхрана на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО). Водичот, кој содржи насоки за исхрана на населението на возраст над 2 години, е подготвен од Одделението за физиологија и мониторинг на исхрана при Институтот за јавно здравје на РМ и е официјално поддржан од Министерството за здравство. Ова е прв пат Република Македонија да биде дел во базата на ФАО и е една од 26-те (од вкупно 54) земји на Европскиот регион на СЗО кои имаат презентирано ваков документ.

Страната на ФАО со збирките од сите достапни водичи за исхрана се наоѓа на следниот линк: http://www.fao.org/nutrition/educacion-nutricional/food-dietary-guidelines/home/en/