СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 24-30.08.2020

Тестирани се вкупно 9.944 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, намалување од 10,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 666 нови позитивни случаи од 29 градови во државата (Табела 1), намалување од 20,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=209; 31,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Пехчево -160,2/100.000 (Картограм 1).

 

Табела 1.  Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 24-30.08.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 209 11
Куманово 94 3
Прилеп 64 5
Гостивар 50 3
Штип 26 1
Тетово 22 3
Делчево 19  
Берово 19  
Струга 16  
Свети Николе 13  
Кавадарци 13  
Охрид 12 1
Велес 11  
Кочани 11  
Дебар 11 2
Гевгелија 10  
Крива Паланка 10 1
Виница 8 1
Пехчево 8  
Струмица 7  
Битола 7  
Кичево 6 2
Македонска Каменица 6  
Пробиштип 4  
Кратово 3  
Радовиш 2  
Македонски Брод 2  
Валандово 2  
Неготино 1 1
Демир Хисар 0 1
Вкупно 666 35

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, 24-30.08.2020, Р.С. Македонија

 

kartogram1

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=138; 20,7%), 50-59 (n=122; 18,3%) и 20-29 (n=113; 17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=12; 1,8%) и 10-19 години (n=31; 4,7%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 288 (43,2%) лица од женски и 378 (56,8%) од машки пол.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=657; 98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови (Табела 1), зголемување од 84,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 29 починати лица.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 30.08.2020, пријавени се вкупно 14.341 случаи на COVID-19 (I=693,1/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово, Штип, Скопје и Тетово. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет/100 000 Леталитет
Вкупно 14.341 693,1 603 29,1 4,2%
Скопје 5903 955,7 245 39,7 4,2%
Куманово 1472 1031,6 63 44,2 4,3%
Тетово 1211 606,2 78 39,0 6,4%
Штип 1134 2152,9 22 41,8 1,9%
Гостивар 791 660,4 36 30,1 4,6%
Струга 562 828,3 48 70,7 8,5%
Прилеп 463 485,7 29 30,4 6,3%
Охрид 337 600,6 11 19,6 3,3%
Свети Николе 288 1404,1 1 4,9 0,3%
Велес 270 407,5 14 21,1 5,2%
Кичево 269 470,7 12 21,0 4,5%
Дебар 252 907,9 10 36,0 4,0%
Битола 203 199,2 6 5,9 3,0%
Кавадарци 182 422,9 2 4,6 1,1%
Ресен 146 892,9 4 24,5 2,7%
Кочани 145 302,3 4 8,3 2,8%
Пробиштип 80 522,8 0 0,0 0,0%
Македонски Брод 71 634,1 3 26,8 4,2%
Виница 71 365,5 1 5,1 1,4%
Струмица 65 68,6 3 3,2 4,6%
Демир Хисар 60 716,2 2 23,9 3,3%
Делчево*** 60 249,6 1 4,2 1,7%
Берово 58 446,1 2 15,4 3,4%
Гевгелија** 52 151,2 0 0,0 0,0%
Крива Паланка 47 196,5 1 4,2 2,1%
Неготино* 45 191,7 2 8,5 4,4%
Радовиш 42 128,8 1 3,1 2,4%
Кратово 19 198,6 0 0,0 0,0%
Пехчево 18 360,5 0 0,0 0,0%
Крушево 16 167,9 2 21,0 12,5%
Валандово 9 75,9 0 0,0 0,0%

*10 лица се од Демир Капија  **7 лица се од Дојран, 9 од Богданци ***13 случаи се од Македонска Каменица

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (2.152,9/100.000), Свети Николе со 1.404,1 на 100.000 жители, Куманово (1.031,6/100.000), додека инциденца со над 500 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Дебар, Ресен, Струга, Демир Хисар, Гостивар, Македонски Брод, Тетово, Охрид и Пробиштип (Табела 2, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

 

kartogram2

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 7.247 машки и 7.094 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 699,2/100.000, додека кај женските 687,0/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44,2 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 3.158 (22,0%) со инциденца од 823,9/100.000, а највисока специфична инциденца од 963,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (2.679 заболени). Најниска инциденца од 222,4 и 271,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 509 и 679 случаи соодветно (Графикон 1).

 

 

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=14.341)

 

grafikon1

 

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=243) е регистриран на 17.07.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=14.341)

 

grafikon2

 

Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 28-мата недела (n=1.074) (Графикон 3).

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=14.341)

 

grafikon3

 

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=14.323; 99,9%), 19,3% (n=2.766) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, Клинички болници Штип, Тетово, Битола и Систина, Општи болници Прилеп, Куманово, Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Велес), моментално се хоспитализирани 325 лица, а од нив 82 се на кислородна поддршка и 2 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,8%), малаксаност (41,5%), кашлица (38,5%), главоболка (15,0%), болка во грло (14,8%), треска (11,7%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,1%) и отежнато дишење (10,5%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=14.323; 99,9%), кај 3.784 или 26,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=14.323; 99,9%), пријавени се 126 (0,9%) случаи кај бремени жени, од кои 34 биле хоспитализирани во текот на болеста. Педесет и четири од регистрираните се асимптоматски случаи.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=14.323; 99,9%), кај 4.307 (30,1%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 2.974 лица имаат кардиоваскуларна болест, 1.197 дијабет, 609 се со хронична белодробна болест и 799 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 1.628 (58,9%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=14.323; 99,9%), регистрирани се 842 (5,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 603 смртни случаи (Лт = 4,2%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 и 27.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=54) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=439) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 114,5/100.000 жители. Регистрирани се 377 смртни случаи кај лица од машки и 226 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 484 (80,3%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=368), дијабет (n=174) и белодробна болест (n=92). Регистрирани се три смртни случаи кај бремени жени и шест смртни случаи кај здравствени работници. Триесет и шест (6,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 567 (94,0%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=603)

 

grafikon4

 

 

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=14.323; 99,9%), 328 (2,3%) се импортирани, од нив 8 лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 29.08.2020. Вкупно 6.151 лица (42,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 30.08.2020 тестирани се вкупно 148.262 материјали (детектирани 14.341 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 71.656 тестови на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=148.269)*

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни Тестови скрининг Позитивни скрининг Тестови рутина Позитивни рутина
ВКУПНО 148.269 14.341 4.982 24 143.287 14.317
ИЈЗ – Вирусологија 68.278 8.041 3.226 22 65.052 8.019
ЦЈЗ Скопје 1.870 202 0 0 1.870 202
Авицена 11.881 1.046 0 0 11.881 1.046
Биотек 14.029 707 0 0 14.029 707
Жан Митрев Клиника 19.842 1.334 0 0 19.842 1.334
Систина 14.842 726 0 0 14.842 726
Лаор 642 44 0 0 642 44
МАНУ 10.972 1.642 1.756 2 9.216 1.640
Ветеринарен Факултет 755 81 0 0 755 81
Судска медицина 459 7 0 0 459 7
ЦЈЗ Битола 3.295 398 0 0 3.295 398
КИБФС 759 85 0 0 759 85
ГАК 638 21 0 0 638 21

*7 лица се лабораториски потврдени во странство

Според исходот од заболувањето, 2.332 лица (16,3%) се активни случаи, 11.406 случаи (79,5%) се водат како оздравени (732 од нив се здравствени работници и 104 се бремени жени), испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 1.844 (16,2%) биле хоспитализирани додека останатите 9.562 (83,8%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=14.341)

 

grafikon5

 

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=14.341)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 794 4864 245 5903
Куманово 305 1104 63 1472
Тетово 117 1016 78 1211
Штип 124 988 22 1134
Гостивар 201 554 36 791
Струга 51 463 48 562
Прилеп 111 323 29 463
Охрид 31 295 11 337
Свети Николе 49 238 1 288
Велес 29 227 14 270
Кичево 63 194 12 269
Дебар 57 185 10 252
Битола 37 160 6 203
Кавадарци 58 122 2 182
Ресен 142 4 146
Кочани 27 114 4 145
Пробиштип 13 67 80
Виница 33 37 1 71
Македонски Брод 16 52 3 71
Струмица 19 43 3 65
Демир Хисар 16 42 2 60
Берово 49 7 2 58
Крива Паланка 18 28 1 47
Делчево 43 3 1 47
Радовиш 6 35 1 42
Гевгелија 25 11 36
Неготино 11 22 2 35
Кратово 4 15 19
Пехчево 12 6 18
Крушево 14 2 16
Македонска Каменица 8 5 13
Демир Капија 10 10
Богданци 2 7 9
Валандово 2 7 9
Дојран 1 6 7
ВКУПНО 2.332 11.406 603 14.341

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје, Гостивар, Прилеп и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Пехчево, Берово, Делчево и Свети Николе се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

 

На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје, Куманово, Гостивар и Прилеп (n=1.411)

Град/ општина Активни случаи Град/ општина Активни случаи
Скопје 794 Куманово 305
Чаир 101 Куманово 292
Кисела Вода 100 Липково 9
Гази Баба 97 Старо Нагоричане 4
Аеродром 96 Гостивар 201
Карпош 85 Гостивар 179
Центар 75 Врапчиште 22
Бутел 56 Прилеп 111
Ѓорче Петров 48 Прилеп 104
Шуто Оризари 31 Долнени 3
Студеничани 26 Кривогаштани 2
Сарај 24 странец 2
Илинден 14
Арачиново 14
странец 8
Петровец 8
Сопиште 4
Чучер Сандево 4
Зелениково 3

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 30.08.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво24.854.140

Број на смртни случаи на глобално ниво – 838.924

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 13.138.912
    • Смртни случаи – 461.754
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 4.205.708
    • Смртни случаи – 219.131
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 4.073.148
    • Смртни случаи – 75.276
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.903.547
    • Смртни случаи – 50.466
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.044.513
    • Смртни случаи – 21.722
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 487.571
    • Смртни случаи – 10.562

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 31.08.2020

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје