Здравствена состојба и здравствена заштита на училишни деца и младина во Р.Македонија, 2015
Дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина се остварува во 38 места пунктови, кои сите се во град.
Во оваа дејност работат 68 лекари и 121 здравствени работници со виша и средна стручна подготовка. При тоа не е постигнат задоволителен стандард на обезбеденост со лекари на оваа групација од населението и тоа 1 лекар на 4617деца од 7-19 години просечно за Републиката.
Не задоволува и соодносот на лекарите и здравствените работници со виша и средна стручна подготовка кој изнесува 1:1,8
Вкупниот обем на превентивни здравствени услуги и активности извршени во 2015 година бележат пораст од 32.1 индексни поени во однос на 2014г.
Дијаграм 1
Извор: ИЈЗРМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2014 и 2015
Морбидитет регистриран во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2015
Во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина во 2015 година регистрирани се вкупно 695 724 заболувања што е за 2.1% повеќе во однос на претходната година.
Стапката на морбидитет е зголемена на 21692.7%оо во 2015 година во однос на 20241.2%оо од 2014 година
Во структурата на поедините групи на болести, респираторните се повторно на првото ранг место со учество од 43,2% во вкупниот број и стапка на морбидитет од 9366,1%оо.
На второ место се болести на кожа и поткожно ткиво со 5.5% учество и стапка од 1201.1%оо; на третото место се болести на дигестивниот систем со учество од 4.4% и стапка од 948.9%оо; на четвртото место се болести на око и аднекси со учество од 3.9% и стапка од 851.2%оо; на петтото место се одредени инфективни и паразитарни болести со учество од 3,6% и стапка од 791.4%оо и. т. н.
Дијаграм 2 и 3
Дијаграм 2
Извор: ИЈЗРМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2015
Дијаграм 3
Извор: ИЈЗРМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2015
Во споредба со претходната година забележан е тренд на зголемување кај инфективните и паразитски болести за 0,3%; кај болестите на окото и аднексите за 5,2%; кај болести на увото за 3,6%; кај болестите на дигестивниот систем за 3,3% и кај болестите на мускуло-скелетниот систем за 1,5%. Кај сите останати групи на болести забележан е тренд на намалуванје на бројот на регистрирани болни во 2015 во однос на 2014 година.
Морталитет регистриран во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина
Во 2015 година регистрирани се вкупно 148 умрени лица на возраст од 5-24 години и стапка од 28.8%оо.
Дистрибуцијата по возраст покажува дека младите луѓе од 15-24 годишна возраст се најзастапени во вкупниот морталитет на оваа популација и тоа со 64,9% учество и стапка од 34%оо.
Дистрибуцијата по пол покажува дека машките деца се повеќе застапени во морталитетот во однос на женските.
Морталитет според возраст и пол, 5-24, РМ, 2015 (стапка/100000)
Вкупно | 5-9 години | 10-14 години | 15-24 години | |||||
Број | Стапка | Број | Стапка | Број | Стапка | Број | Стапка | |
Вкупно | 148 | 28.8 | 26 | 22.9 | 26 | 22.2 | 96 | 34 |
Мажи | 97 | 36.7 | 14 | 23.9 | 16 | 26.5 | 67 | 46.1 |
Жени | 51 | 20.5 | 12 | 21.8 | 10 | 17.6 | 29 | 21.2 |
Извор: Природно движење на населението,2015
Препораки:
- подигање на свеста на младите преку програми за здравствена едукација на сите нивоа со цел укажување на значењето за сопственото здравје и севкупната благосостојба;
– активно учество во имплементација на здравствените програми со цел примена на знаењата стекнати со здравствена едукација за здрави животни стилови;
- подигање на свеста на младите за ризикот кој постои кај нивното здравје со цел намалување на ризичното однесување.