• Имаме традиција од 90 години постоење
  • Поседуваме квалитет
  • Работиме доверливо, достапни сме во секое време за информации
  • Патоказ сме за зачувување на јавното здравје и креирање на здравствените   политики
  • Учествуваме во наставната дејност на Универзитетите во Р. Македонија
    • Универзитет “Универзитет Св. Кирил и Методиј”
    • Тетовски Државен Универзитет
    • Универзитет на Југоисточна Европа
    • Универзитет” Гоце Делчев” – Штип
  • Учествуваме во подигање на свеста кај граѓаните за здрав стил на живот
  • Изготвуваме и дистрибуираме информации за чување на здравјето, проценка на ризик и превенција и надзор на болестите;
  • Изготвуваме и дистрибуираме информации, брошури, памфлети, флаери за зачувување на здравјето, проценка на ризик и превенција и надзор на незаразните хронични болести.
  • ИЈЗ води регистри за рак, дијабет
  • ИЈЗ е Регионален Центар за Развој на службите за Јавно здравје на здравствената мрежа на Југоисточна Европа;
  • ИЈЗ е Референтна институција за дијагностика на ХИВ и има функционално Советувалиште за ХИВ/СИДА за бесплатно, анонимно советување и тестирање за ХИВ
  • Поседуваме радиолошка лабораторија(MKC EN ISO/IEC – 17025 – 2006) и Лабораторија за јонизирачко зрачење
  • ИЈЗ поседува акредитирана лабораторија за испитување на вода (MKC EN    ISO/IEC 17025- 2006)
  • Акредитирана лабораторија за испитување на контаминенти и екотоксикологија     (MKC EN ISO/IEC 17025- 2006)
  • Акредитирана лабораторија за испитување на квалитет на храна (MKC EN   ISO/IEC 17025- 2006)
  • Поседуваме акредитирани функционални лаборатории за Вирусологија од   страна на СЗО (единствена во Р.Македонија), Бактериологија и Паразитологија
  • Спроведуваме превентивни прегледи: санитарни, прегледи на лица изложени         на јонизирачко зрачење и систематски прегледи
  • Се грижиме за квалитетот на водата за пиење
  • Се грижиме за безбедноста на предметите со кои сме во секојдневен допир
  • Се грижиме за безбедноста и здравјето на работниците на работното место
  • Се грижиме за спроведување на хигиената и заштитата на човековата околина како предуслов за здрав живот
  • Поседуваме лабораторија за хематолошки и биохемиски испитувања
  • Учествуваме во изготвување на Законски и Подзаконски актив во областа на превентивната медицина и зачувување на човековата средина
  • Поседуваме современи лабораториски капацитети за испитување и контрола на лекови и медицински помагала
  • Спроведуваме Проектни активности