Безбедноста на храна е сечиј интерес!

Храната што ја јадеме треба да безбедна од „нива до трпеза“ . Со посвтеност и ангажман на секој чинител кој учествува во одгледување, преработка, транспорт, складирање, продажба, подготвка и послужување. Безбедната храна придонесува за здрав живот, здрава економија, здрава планета и здрава иднина.

Со практикување на безбедна храна во нашиот дом и секојдневен живот ќе помогнеме да се намалат болестите поврзани со храната.

Безбедната храна е неопходна за здравјето и благосостојбата на човекот

Светската здравствена организација проценува дека годишно повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат и 420 000 умираат од консумација на храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии. Сепак, овие бројки претставуваат само видливиот дел од „сантата мраз“ бидејќи сеопфатните податоци за надзор за болести пренесени од храна не се достапни насекаде. Кога храната не е безбедна, луѓето не можат да имаат корист од нејзината хранлива вредност и не можат да имаат нормален и очекуван психофизички развој.

Безбедна храна сега за здрава иднина

Безбедност на храната во време на КОВИД-19

Иако COVID-19 не се пренесува преку храната, пандемијата го насочи фокусот на прашања поврзани со безбедноста на храната, како што се хигиена, антимикробна резистенција, зоонози, климатски промени, измама со храна и потенцијалните придобивки од дигитализацијата на системите за храна. Исто така, ги идентификува слабостите и вулнерабилноста на системите за производство и контрола на храна. Во непосредна иднина, минимизирањето на нарушувањата во ланецот за снабдување со храна останува еден од највисоките приоритети на сите влади, бидејќи потрошувачите мора да имаат сигурен пристап до храна.

По повод светскиот ден на безбедност на храната го споделуваме со вас водичот за превенција на COVID-19 во објекти за производство и промет со храна.

 

COVID-19 и безбедност на храна насоки за бизниси со храна.PDF