СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 12.05.2020

Тестирани се вкупно 309 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 20. Потврдените случаи се од 4 градови (Табела 1).

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 12.05.2020

ЦЈЗ/ПЕ Број на заболени Починати
Скопје 10 0
Прилеп 5 1
Тетово 4 1
Велес 1 1
Вкупно 20 3

 

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 11  женски и  9 машки лица.

Регистрирани се 7 хоспитализирани лица.  Кај 10 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 10 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 24 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Регистрирани се три смртни случаи по место на живеење од Прилеп, Велес и Тетово. Починатите беа на возраст од 59 – 76 години, со присуство на симптоми и хоспитализирани. Кај два случаи се регистрирани коморбидитети, еден имал контакт со веќе потврден случај, а сите се без историја на патување надвор од државата.

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 12.05.2020, пријавени се вкупно 1.694 случаи на COVID-19 (I=81,9/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Дебар, Прилеп и Куманово. Највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Морталитет Леталитет
Вкупно 1.694 81.9 95 4.6 5.6%
Скопје 579 93.7 18 2.9 3.1%
Куманово 410 287.3 20 14.0 4.9%
Прилеп 184 193.0 12 12.6 6.5%
Тетово 121 60.6 10 5.0 8.3%
Велес 109 164.5 6 9.1 5.5%
Струга 67 98.7 14 20.6 20.9%
Дебар 51 183.8 4 14.4 7.8%
Штип 35 66.4 2 3.8 5.7%
Кочани 31 64.6 2 4.2 6.5%
Битола 23 22.6 2 2.0 8.7%
Гостивар 19 15.9 2 1.7 10.5%
Охрид 15 26.7 0 0.0 0.0%
Неготино* 9 38.3 0 0.0 0.0%
Крива Паланка 6 25.1 0 0.0 0.0%
Кавадарци 5 11.6 1 2.3 20.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 10.5 33.3%
Пехчево 3 60.1 0 0.0 0.0%
Струмица 2 2.1 0 0.0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0 0.0%
Виница 2 10.3 0 0.0 0.0%
Кратово 2 20.9 0 0.0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0 0.0%
Берово 1 7.7 0 0.0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0 0.0%
Делчево 1 4.2 1 4.2 100.0%

*седум лица се жители на Демир Капија

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 287,3 заболени на 100.000 жители, Прилеп (193,0/100.000), Дебар (183,8/100.000) и Велес (164,5/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Пехчево (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

13.5.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 808 машки и 886 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 78,0/100.000, додека кај женските 85,8/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 368 (21,7%) со инциденца од 96,0/100.000, а највисока специфична инциденца од 128,0/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (356 заболени). Најниска инциденца од 27,1 и 29,2 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 62 и 73 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.694)

13.5.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.694)

13.5.3

Од пријавените случаи, 24,7% (n=419) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,1%), кашлица (54,5%), малаксаност (37,2%), треска (19,8%), главоболка (15,3%), болка во грло (14,8%) и отежнато дишење (14,6%).

Кај 560 или 33,1% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 412 или 73,6% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 512 (30,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 352 лица имаат кардиоваскуларна болест, 113 дијабет, 90 лица се со хронична белодробна болест, 21 со хронична бубрежна болест и 74 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 218 (52,0%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 243 (14,5%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 95 смртни случаи (Лт = 5,6%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=62) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 16,2/100.000 жители. Регистрирани се 63 смртни случаи кај лица од машки и 32 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 70 (73,7%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 96 (5,7%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 1.014 лица (59,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 12.05.2020 тестирани се вкупно 19.739 материјали (детектирани 1.694 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 9.540 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=19.739)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 19.739 1.694
ИЈЗ – Вирусологија 13.260 1.371
Ветеринарен Факултет (скрининг) 507 34
Авицена (скрининг) 475 32
Биотек (приватни) 1.095 47
Жан Митрев Клиника (приватни) 3.616 160
Систина (приватни) 542 21
МАНУ 244 29

Според исходот од заболувањето, 370 лица (21,8%) се активни случаи, 1.229 случаи (72,6%) се водат како оздравени (220 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 3). Од случаите кои се водат како оздравени, 229 (18,6%) биле хоспитализирани додека останатите 1.000 (81,4%) биле на домашно лекување.

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=1.694)

Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 129 432 18 579
Куманово 46 344 20 410
Прилеп 56 116 12 184
Тетово 58 53 10 121
Велес 50 53 6 109
Струга 4 49 14 67
Дебар 47 4 51
Штип 2 31 2 35
Кочани 5 24 2 31
Битола 4 17 2 23
Гостивар 4 13 2 19
Охрид 15 15
Демир Капија 5 2 7
Крива Паланка 2 4 6
Кавадарци 4 1 5
Гевгелија 4 4
Радовиш 4 4
Крушево 2 1 3
Пехчево 1 2 3
Кичево 2 2
Кратово 2 2
Пробиштип 2 2
Виница 2 2
Македонски Брод 2 2
Струмица 2 2
Неготино 2 2
Берово 1 1
Валандово 1 1
Демир Хисар 1 1
Делчево 1 1
ВКУПНО 370 1.229 95 1.694

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=1.694)

13.5.4

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 19:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 05:00-12:00 часот во деновите од понеделник до петок, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-19:00 часот.

На 12.05.2020 Владата на Република Северна Македонија го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази (https://vlada.mk/node/21367).

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 12.05.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво4.088.848 (82.591 нов)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 283.153 (4.261 нов)

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.755.790 (24.184 нови)
    • Смртни случаи – 157.880 (1.277 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 1.743.717 (41.266 нови)
    • Смртни случаи – 10549 (2.675 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 274.027 (8.863 нови)
    • Смртни случаи – 138 (125 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 16872 (962 нови)
    • Смртни случаи – 6.527 (34 нови)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 105.901 (5.020 нови)
    • Смртни случаи – 597 (116 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 46.829 (2.296 нови)
    • Смртни случаи – 449 (34 нови)

 

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 13.05.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје