Рана дијагноза
Раната дијагноза го намалува оптоварувањето со рак, спасува животи, ги намалува трошоците и ги пронаоѓа здравствените нееднаквости.Зајакнувањето на раната дијагностика ја зголемува шансата на преживување на милион луѓе кои живеат со рак. Ракот е причина за речиси 1 од 6 смртни случаи на глобално ниво. Раната дијагноза во голема мера може да го намали ова оптоварување.
Раната дијагноза на ракот може да спаси многу животи од 8,8 милиони луѓе кои умираат секоја година од рак. Помалку од 30% од земјите со ниски приходи имаат достапни услуги за дијагноза и третман.Раната дијагноза на ракот овозможува, одбегнување на трошоци за скапи третмани.
Посилниот систем за рано дијагностицирање на ракот во земјите со низок и среден приход ќе им помогне на многу луѓе да го победат ракот. Намалувањето на страдањето од рак и трошоците за третман на ракот се од витално значење за националниот одржлив развој.
Оптоварување со рак
Ракот убива приближно 9 милиони луѓе секоја година. Оваа глобална трагедија ние можеме да ја надминеме.Повеќето од луѓето кои имаат дијагностициран рак, живеат во земји со низок и среден приход, каде што се случуваат две третини од смртните случаи на рак.Влијанието на економските трошоци од ракот е сé позначајно и сé повеќе се зголемува. Вкупните трошоци за рак во 2010 се проценуваат на 1,16 трилиони американски долари.
Во светот околу 14% од луѓето на кои им е потребна, добиваат соодветна палијативна нега. Потребна е акција веднаш! Само една од пет земји со низок и среден приход ги имаат потребните податоци за водење на политики поврзани со борба против ракот. Во 2015 година, помалку од 30% од земји со низок приход објавиле дека услугите за третман на заболени од рак биле општо достапни, а повеќе од 90% во земјите со висок приход.
На земјите им треба план за силна контрола на ракот која вклучува, превенција, рана дијагноза и скрининг, третман, палијативна грижа и нега.
Рак на грлото на матката
Во периодот меѓу 2000 и 2015 година, најголем дел од земјите со високи приходи постигнале намалување на бројот на смртни случаи од рак на грлото на матката. Само една земја со ниски приходи го постигнала истото.
90% од смртните случаи од рак на грлото на матката се случуваат во земји со ниски или средни приходи.
Ракот на грлото на матката како јавно-здравствен проблем може да се елиминира преку интензивно вакцинирање против ХПВ, скрининг и третман.
Ракот на грлото на матката е високо превентивен, но болеста е една од водечките причини за најголем број на смртни случаи од рак кај жените на глобално ниво.Интензивно вакцинирање против ХПВ, скрининг и третман на преканцерозни лезии на грлото на матката ги превенираат најголем број од смртните случаи на рак на грлото на матката.
Бројот на смртни случаи од рак на грлото на матката во светот расте: во 2015 година умреле приближно 280 000 жени, споредено со 265 000 умрени жени во 2012 година.Речиси сите случаи на рак на грлото на матката се припишуваат на инфекција со хуман папилома вирус (ХПВ). Постојат вакцини против двата најчести типови на ХПВ, кои во комбинација се причина за 70% од случаите на рак на грлото на матката и преканцерозните лезии на грлото на матката.СЗО и ОН работат на елиминирање на ракот на грлото на матката како проблем на јавното здравство.
Превод и адаптација: Сектор за промоција, анализи и следење на незаразни болести