Во текот на 48-ма недела од 2016 година (од 28.11.2016 – 04.12.2016), во Република Македонија пријавени се 267 новозаболени лица од грип или заболувања слични на грип, што е зголемување за 30,2% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 205 заболени лица. Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 2,7 пати споредено со 48-ма недела од минатата сезона, кога беа регистрирани 100 случаи (Графикон 1).

Пријавениот број на случаи и oваа недела е над бројот кој ја означува неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (n=148), што значи дека прагот за влез во сезоната е достигнат и надминат (Графикон 1).

Графикон 1. Број на заболени од сезонски грип/заболувања слични на грип, по недела на пријавување во     сезоната 2016/2017, споредена со очекувана сезонска крива и сезона 2015/2016

Графикон 1

Најголем број заболени на неделно ниво (128) и највисока инциденца на 100.000 жители се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Куманово.

Како и претходната, во 48-ма недела најголем број заболени (n=141, 52,8%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 32,0/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 5-14 години.

Вкупниот број на пријавени случаи оваа сезона е 970, а кумулативната инциденца – 46,9/100.000 жители. Случаи на грип/заболувања слични на грип се пријавени од 21 извештајна единица, а во 8 од нив бројот на пријавени заболени лица е помал од 10. Најголем број се регистрирани во регионот на ЦЈЗ Куманово (269) и ЦЈЗ Тетово (209), додека во останатите региони се регистрираат спорадични случаи. Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во ПЕ Свети Николе (I=331,5/100.000) каде има пријавено 68 заболени и во ПЕ Дебар (I=302,6/100.000), со 84 заболени лица (Графикон 2).

Графикон 2. Дистрибуција на случаите сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и инциденца на 100.000 жители, сезона 2016/2017

Графикон 2

Во однос на возраста, најголем број на заболени во оваа сезона се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 572 случаи (59,0%), а најголема кумулативна инциденца од 86,9/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години и децата на возраст од 5-14 години (I=85,5/100.000).

Во 48-та недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестирани се 14 примероци на присуство на вирусот на грип и сите се негативни. Во текот на оваа сезона, од досега пристигнатите 34 примероци, не е добиен позитивен резултат за вирус на грип.

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР:

И оваа недела пријавениот број на случаи на територија на Р. Македонија го надминува сезонскиот праг, и е над горната неделна граница за сезоната на грип. Сепак, останува релативно малиот број на примероци тестирани на грип без ниту еден позитивен резултат, што укажува на ниска  активноста на вирусот на грип.

 

ВАКЦИНАЦИЈА: Од 43 недела, 2016 започната е вакцинацијата со вакцина против сезонски грип.

Според пристигнатите извештаи од страна на ЦЈЗ/ПЕ, заклучно со 48-ма недела, вакцинирани се вкупно 26.576 лица и потрошени се 99,6% од вкупно набавените вакцини за оваа сезона.

Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 15.303 лица или 57,6%. На возраст од 30-64 години, вакцинирани се 9.960 лица или 37,5%, додека на возраст од 5-29 години се вакцинирани вкупно 690 лица или 2,6%. Од возрасната група деца под 5-годишна возраст, вакцинирани се 10 лица. Од категоријата на здравствени работници вакцинирани се 613 лица или 2,3%. Нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 17.871 или 67,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

Вакцинацијата против сезонски грип е завршена во 25 ЦЈЗ/ПЕ.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (за 47 недела/2016) за состојбата со грип во сезоната 2016/2017 во Европа, активноста на вирусот на грип е на ниско ниво со локална, регионална или спорадична географска активност низ земјите од Регионот. Процентот од позитивните тестирани примероци од сентинел надзорот оваа недела е 16%.

Процентот од позитивните тестирани примероци од сентинел надзорот достигна до 10% со што е достигнат прагот кој укажува на зголемена регионална активност на вирусот на грип. Достигнувањето на прагот во 46-тата недела е најрано по пандемската 2009/2010 сезона, а во претходните 5 сезони било во периодот од 49-та до 51-ва недела.

Досега предоминира инфлуенца А типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2).

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје