Во текот на 50-та недела од 2016 година (од 12.12.2016 – 18.12.2016), во Република Македонија пријавени се 853 новозаболени лица на групни пријави за заболени од грип, што е зголемување за 3,1 пати во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 273заболени лица. Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 8 пати споредено со 50-та недела од минатата сезона, кога беa регистрирани106 случаи.

Активноста на вирусот на грип е на сезонско ниво, и оваа недела бројот на заболени е над очекуваниот според моделот за периодот 2010-2016. На Графикон 1 е претставена неделната инциденца, како и граничните вредности за одредени нивоа на интензитет добиени со МЕМ метод на моделирање.

Графикон 1.Број на заболени од сезонски грип/заболувања слични на грип, по недела на пријавувањево     сезоната 2016/2017, споредена со очекуванасезонска крива и сезона 2015/2016

Графикон 1

Во 50-та недела, најголем број заболени (n=186) е регистриран на територијата на ЦЈЗ Тетово и ЦЈЗ Куманово – 128 (ЦЈЗ Скопје пријави 107 заболени лица). Највисока инциденца од 204,8/100.000 е регистриранана подрачјето на ПЕ Свети Николе каде се пријавени 42 заболени лица. На територија на ПЕ Кратово, ПЕ Свети Николе и ПЕ Дебар, активноста на грип е на над-сезонско (средно) ниво, додека во останатите ЦЈЗ/ПЕ активноста на грип е многу ниска или на сезонско (ниско) ниво, Картограм 1.

Како и претходната, во 50-та недела најголем број заболени (n=600, 70,3%) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 61,4/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 5-14 години.

Картограм 1. Ниво на активност на грип според инциденца на 100.000 жители, 50 недела 2016

Mapa grip 50ta nedela

Вкупниот број на пријавени случаи оваа сезона е 2.096, акумулативната инциденца –101,3/100.000 жители.Случаи на грип/заболувања слични на грипсе пријавени од 25 извештајни единици,а во 8од нив бројот на пријавени заболени лица е помал од 10. Најголем број се регистрирани во регионот на ЦЈЗ Куманово(500) иЦЈЗ Тетово (453), додека во останатите региони се регистрираат помал број заболени или спорадични случаи.Највисока кумулативна инциденца е регистрирана во ПЕ Свети Николе (I=604,5/100.000) каде има пријавено 124 заболени и во ПЕ Дебар (I=490,0/100.000), со 136 заболени лица(Графикон 2).

Графикон 2. Дистрибуција на случаите сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и инциденца на 100.000 жители,сезона 2016/2017

Графикон 2

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 1.350 случаи (64,4%), а најголема кумулативна инциденца од 166,3/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години и децата на возраст од 0-4 години (147,2/100.000).

Од вкупниот број на регистрирани случаи на грип и слични на грип заболувања,  1.393 или 66,4% се пријавени во декември месец, 25,4% во ноември и најмал процент во октомври – 8,2%.

Во 50-та недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестиран e еден примерок, кој е позитивен на  вирус на грип  A/H3. Во текот на оваа сезона, од досега пристигнатите 48 примероци, добиени се 5 позитивни резултати за присуство на вирусот на грип(10,4%)(Influenza A/H3).

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР:

 

Епидемиолошките податоци за бројот на пријавени случаи на грип/заболувања слични на грип и лабораториски потврдените случаи на грип укажуваат на почеток на сезоната на грип 3-4 недели пред очекуваното. Оваа недела, со исклучок на три подрачни единици, на територијата на сите ЦЈЗ/ПЕ активноста на грип е на ниско или многу ниско ниво. Имајќи ги во предвид ниските температури, се очекува бројот на заболени да расте и во наредните недели.

 

ВАКЦИНАЦИЈА:

Од 43 недела, 2016 започната е вакцинацијата со вакцина против сезонски грип.

Според пристигнатите извештаи од страна на ЦЈЗ/ПЕ, заклучно со 49-та недела, вакцинирани се вкупно 26.607лица и потрошенисе99,8% одвкупнонабавенитевакцини за оваа сезона.

Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 15.322 лица или 57,5%.На возраст од 30-64 години, вакцинирани се9.995 лица или 37,5%, додека на возраст од 5-29 години се вакцинирани вкупно 648 лица или 2,4%. Од возрасната група деца под 5-годишна возраст, вакциниранисе 10 лица. Од категоријата на здравствени работници вакцинирани се 613 лица или 2,3%. Нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 17.902 или 67,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

Вакцинацијата против сезонски грип е завршена во 28 ЦЈЗ/ПЕ.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe (за 49 недела/2016)за состојбата со грип во сезоната 2016/2017 во Европа, активноста на вирусот на грип е на ниско ниво,но забележан е раст на активноста во некои земји. Процентот од позитивните тестирани примероци од сентинел надзорот оваа недела е 28%.

Процентот од позитивните тестирани примероци од сентинел надзорот достигна до 10% со што е достигнат прагот кој укажува на зголемена регионална активност на вирусот на грип. Достигнувањето на прагот во 46-тата недела е најрано по пандемската 2009/2010 сезона, а во претходните 5 сезони било во периодот од 49-та до 51-ва недела.

Досега предоминира инфлуенца А типот, а повеќето од вирусите се субтипизирани како А (H3N2).

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

 

Институт за јавно здравје