ЕПИДЕМИОЛОШКИ ПОДАТОЦИ  (20 недела)

Во текот на 20-та недела од 2017 година (15.05 – 21.05.2016), во Република Македонија од пет извештајни единици пријавени се 26 случаи на грип/заболувања слични на грип, со инциденца од 1,3 на 100.000 жители, што претставува зголемување од 23,8% во однос на минатата недела кога беше регистрирано 21 заболено лице.

Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 2,2 пати споредено со 20-та недела од минатата сезона (n=12), а во однос на очекуваната епидемиска крива (моделирана од последните 6 сезони) постои зголемување од 18,2% (Графикон 1).

Вкупниот број на пријавени случаи оваа недела одговара на многу ниско ниво на интензитет според моделот за одредување на интензитет на активноста на грип (Графикон 1).

Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2016, сезона 2015/2016 и сезона 2016/2017

1

Оваа недела, само пет ЦЈЗ/ПЕ регистрирале случаи на грип/заболувања слични на грип и тоа ПЕ Гостивар – 10, ЦЈЗ Куманово – 9, ЦЈЗ Тетово – 3, ПЕ Свети Николе – 3 и ЦЈЗ Штип – 1.

Највисока инциденца оваа недела е регистрирана во ПЕ Свети Николе (14,6/100.000 жители).

Во сите ЦЈЗ/ПЕ каде се регистрирани случаи во тек на 20-тата недела, активноста на вирусот на грип одговaра на многу ниска (вон-сезонска) активност.

Оваа недела, најголем број на заболени (n=13) се пријавени во возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца (I=4,3/100.000 жители) е регистрирана кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

КУМУЛАТИВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛА СЕЗОНА 2016-2017

Во сезоната 2016/2017, пријавени се вкупно 35.079 случаи со грип/ заболувања слични на грип, a кумулативната инциденца е 1.695,3/100.000 жители.

Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=29.094), кумулативниот број на пријавени случаи во оваа сезона е поголем за 20,6%, а во однос на моделот за последните 6 сезони (n=25.638) се регистрира зголемување од 36,8%.

Во текот на оваа сезона, сите Центри за јавно здравје и Подрачни единици пријавиле случаи на грип/заболувања слични на грип.

Најголем кумулативен број и процент на заболени (n=4.566; 13,0%) се регистрирани во регионот на ЦЈЗ Скопје. Поголем број на заболени (>2.000) е регистриран во ЦЈЗ Струмица (n=3.283; 9,4%), ПЕ Гостивар (n=3.020; 8,6%), ПЕ Кавадарци (n=2.998; 8,5%), ЦЈЗ Битола (n=2.828; 8,1%), ЦЈЗ Прилеп (n=2.448; 7,0%), ЦЈЗ Тетово (n=2.319; 6,6%) и ЦЈЗ Велес (n=2.138; 6,1%) (Графикон 2).

Највисока кумулативна инциденца од 6.966,6/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци, каде се регистрирани вкупно 2.998 заболени лица (8,5% од вкупно регистрираните случаи).

Инциденца над 3.000/100.000 жители се регистрира и во ПЕ Свети Николе (I=5.913,6/100.000), ЦЈЗ Струмица (I=3.466,1/100.000), ЦЈЗ Охрид (I=3.395,2/100.000) и ЦЈЗ Велес (I=3.226,8/100.000) (Графикон 2, Картограм).

Во сезоната 2016/2017, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за деца на возраст од 3 и 4 години од Кичево и Гостивар, кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега. Во однос на вакциналниот статус против сезонски грип, двете лица не биле вакцинирани. Кај едното лице, во Вирусолошката лабораторија во ИЈЗ, со PCR метод е докажан Influenza A/H3 вирус, додека пак за другото лице, инфекцијата не е микробиолошки потврдена.

Графикон 2. Дистрибуција на случаи и инциденца на 100.000 жители од сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ, сезона 2016/17

2

Картограм. Инциденца на грип/заболувања слични на грип на 100.000 жители по ЦЈЗ/ПЕ, Република Македонија, сезона 2016-2017

завршна

Според возрасната дистрибуција, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 24.217 случаи (69,0%), а најголема кумулативна инциденца од 2.006,9 на 100.000 жители се регистрира кај школските деца на возраст од 5-14 години каде што кумулативно се регистрирани 4.645 случаи. Кај децата на возраст од 0-4 години инциденцата изнесува 1.959,7/100.000 (n=2.277), а кај лицата над 65-годишна возраст, кумулативниот број на случаи е 3.940, со инциденца од 1.503,0 на 100.000 жители (Графикон 3, Графикон 4).

 

Графикон 3. Дистрибуција на случаи и инциденца на 100.000 жители од сезонски грип по возрастсезона 2016/2017

3

Графикон 4. Неделна дистрибуција на случаите сезонски грип по возрасни групи – инциденца на 100.000 жители, сезона 2016/2017

4

Дистрибуција на заболените од сезонски грип по месеци (Графикон 5):

  • октомври – 171 случај или 0,5%
  • ноември – 532 случаи или 1,5%
  • декември – 15.073 случаи или 43,0%
  • јануари – 17.158 случаи или 48,9%
  • февруари – 1.396 случаи или 4,0%
  • март – 519 случаи или 1,5%
  • април – 165 случаи или 0,5%
  • мај – 65 случаи или 0,1%

Пикот на заболени лица оваа сезона е достигнат во текот на 52-рата недела кога беа регистрирани 9.485 заболени лица. Со исклучок на пандемската сезона 2009/2010, бројот на пријавени случаи во оваа недела е највисок регистриран во последните 10 години (на неделно ниво), како за овој период од сезоната, така и воопшто.

Од вкупниот број на заболени лица, во текот на 2016 година се регистрирани 15.776 лица или 45,0%. Во текот на 2017 година, регистрирани се 19.303 лица или 55,0%.

Графикон 5. Дистрибуција на случаи нa сезонски грип по месеци, сезона 2016/2017

 5

 

 ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Со почетокот на сезоната 2014/2015, паралелно со рутинскиот систем на надзор, ИЈЗ започна со спроведување на нов систем на надзор на грипот (и епидемиолошки и вирусолошки), преку воведување на сентинел надзор над ИЛИ/АРИ и сентинел САРИ. Оттогаш, за присуство на инфлуенца вирусолошки се тестираат примероци од двата напоредн ситеми за надзор.

Во текот на 20-тата недела од 2017 година, во Вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, пристигнати се 2 примероци за тестирање, од кои еден е позитивен за присуство на инфлуенца тип B-Victoria.

Во текот на сезоната 2016/2017, во Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ анализирани се вкупно 172 хумани материјали од амбулантски и болнички лекувани пациенти добиени од здравствените установи низ републиката – преку рутинскиот и сентинел системот за надзор над инфлуенца, од кои 64 или 37,2% биле позитивни на инфлуенца-вирусот. Од вкупниот број на пристигнати материјали, 90 се од рутинскиот надзор (од кои 40 или 44,4% примероци биле позитивни), а 82 од сентинел надзорот (24 или 29,3% позитивни на инфлуенца).

Од позитивните, 62 материјали се конфирмирани како Influenza А (96,9%), а кај 2 е докажано присуство на Influenza B вирусот (3,1%).

Од Influenza А позитивните, 60 материјали (96,8%) се конфирмирани како Influenza A/H3, а 2 (3,2%) се нетипизирани Influenza А вируси.

Од двата докажани Influenza тип В вируси, еден припаѓа на линијата Victoria.

Од примероците од рутинскиот надзор (n=90), 40 (44,4%) се тестирани позитивни за присуство на вирусот на грип. Од нив, 38 материјали се конфирмирани како Influenza tip А (36 – Influenza A/H3 и 2 – нетипизирани Influenza А вируси) и 2 материјали се конфирмирани како Influenza tip В (1 – Influenza B Victoria lineage, 1 – Influenza B).

Од примероците од сентинел надзорот (n=82), 29,3% се позитивни за присуство на вирусот на грип. Сите материјали се конфирмирани како Influenza A/H3 (Графикон 6).

Графикон 6. Дистрибуција бројот и процентот на позитивни материјали од рутинскиот и сентинел надзор по тип и недели, Македонија, 2016/2017

6

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата со вакцина против сезонски грип во Македонија е започната од 43 недела, 2016. Вкупната количина на нарачани тритипни вакцини (Influvac, произведена во Abbot Biologicals Olst, Холандија) за оваа сезона изнесува 26.900 дози (26.670 се распределени во ЦЈЗ/ПЕ, а 230 дози од ЦЈЗ Велес се дадени на Специјална Болница Демир Капија).

Согласно пристигнатите извештаи од страна на ЦЈЗ/ПЕ вакцинирани се вкупно 26.670 лица и потрошени се сите набавени вакцини.

На Табела 1. е претставен бројот на вакцинирани лица по недели (групирано), од каде се гледа дека 90,4% примиле вакцина во текот на првите три недели од отпочнувањето со вакцинација. На Табела 2 е претставен бројот на вакцинирани лица по недели вкупно во текот на целата сезона 2016/2017.

Табела 1. Број на вакцинирани против грип по недели (збирно), сезона 2016-2017

таб1

Најголем број од вакцинираните се на возраст над 64 години – 15.326 лица или 57,5%. На возраст од 30-64 години, вакцинирани се 10.001 лице или 37,5%, додека на возраст од 5-29 години се вакцинирани вкупно 720 лица или 2,7%. Од возрасната група деца под 5-годишна возраст, вакцинирани се 10 деца. Нема вакцинирани бремени жени.

Кумулативно, оваа сезона се вакцинирани и 613 здравствени работници (2,3% од сите вакцинирани лица).

Од вкупниот број вакцинирани, 17.910 или 67,2% се лица со историја на едно или повеќе хронични заболувања.

Институтот за јавно здравје не располага со податоци за вакцинирани лица во приватните здравствени установи (ПЗУ), кои имаат дозвола од МЗ за вакцинација против грип.

 

ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР:

Сезоната на грип 2016/2017 се карактеризираше со невообичаено ран почеток – најголем број на заболени беа регистрирани во втората половина на декември 2016 и првата половина од јануари 2017 година и со ран пик на активноста – во 52 недела, 2016. Ова се однесува не само на бројот на пријавени случаи, туку и на процентот на позитивни примероци од вкупно тестираните материјали (што е исто така индикатор за сезонската активност на грипот!), а кој е највисок помеѓу 50-тата недела и  2-рата недела од сезоната 2016/2017 и се движи од 55,6% до 100%.

Во последните 25 години ран почеток и ран пик на сезоната во Македонија (декември месец) беше регистриран само во време на пандемијата на грип 2009/2010 година.  

Почнувајќи од 6-та недела, податоците од епидемиолошкиот и вирусолошкиот надзор укажуваа на многу ниска активност на грипот во Македонија, која континуирано опаѓаше до 20-тата недела од 2017, односно до крајот на сезоната.

Процентот на позитивно тестирани примероци во сезоната 2016/2017 изнесува 37,2%. Од позитивните, 96,9% се конфирмирани како Influenza А (притоа 96,8% како Influenza A/H3, а 3,2% се нетипизирани), а кај 3,1% е докажано присуство на Influenza B вирусот. Од двата докажани Influenza тип В вируси, еден припаѓа на линијата Victoria.

Позитивниот примерок на инфлуенца тип Б од линијата Викторија е докажан во последната недела од оваа сезона, што корелира со состојбата во Европскиот Регион, каде кон крајот на сезоната расте процентот на позитивни изолати на инфлуенца тип Б.

Активноста на вирусот на грип е на вон-сезонско ниво.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe за состојбата со грип во сезоната 2016/2017 во Европа, активноста на грип е на вон-сезонско ниво во најголем дел од земјите.

Процентот на позитивно тестирани примероци од сентинел надзорот оваа недела е 6% и е намален во споредба со претходната недела (12%). Почнувајќи од 11 недела, најголемиот процент на примероци се Influenza B. Иако се забележува зголемен број на Influenza B, како што е и вообичаено за крај на сезоната, сепак бројот останува мал.

Меѓу хоспитализираните лица доминираа лицата постари од 65 години, што одговара на претпоставката дека во сезона во која доминира активноста на Influenza А(H3N2), се очекува да се најзафатени постарите возрасни групи.

Кај поголем дел од 19-те земји кои водат статистика за вишок на смртни случаи, беше регистриран зголемен број на смртни случаи кај возрасната популација од 15-64 години и кај лицата постари од 65 години, што најверојатно се должи на циркулацијата на А(H3N2).

По раниот старт на сезоната (46 недела/2016), сезоната на грип се смета за завршена во голем дел од земјите во регионот, а активноста на вирусот на грип е на вон-сезонски нивоа во сите земји и процентот на сентинел детекциите падна до епидемискиот праг (10%).

Во сезоната, најзастапен беше Influenza А (90%), а 99% од вирусите се субтипизирани како А(H3N2). Минатата сезона предоминраше вирусот A(H1N1)pdm09.

Циркулирачкиот А(H3N2) вирус е антигенетски сличен со сојот што е вклучен во вакцината, иако две третини од изолираните соеви оваа сезона припаѓаат на различна субкласа.

За сезоната 2017-2018 на северната хемисфера СЗО препорачува тривалентна вакцина која содржи:

  • A/Michigan/45/2015 (H1N1)pdm09-like virus;
  • A/Hong Kong/4801/2014 (H3N2)-like virus;
  • B/Brisbane/60/2008-like virus.

Се препорачува квадривалентната вакцина да ги содржи горенаведените плус уште еден тип на Influenza B вирус – B/Phuket/3073/2013-like virus.

 

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје