Одделение за контаминенти и екотоксикологија

Одделение за контаминенти и екотоксикологија, во рамките на Оддел за хемиски и радиолошки испитувања

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за контаминенти и екотоксикологија

Во Одделение за контаминенти и екотоксикологија се врши определување на остатоци од пестициди во следниве матрикси: овошје и зеленчук, вода, житни производи, тутун, цвет и масло од канабис согласно правилникот за остатоци од пестициди Сл. весник на РСМ, бр. 95 и Eвропската фармакопеjа (Ph. Eur. 2.8.13) за производите од канабис. Се вршат и анализи за определување на микотоксини во житни производи, сушено овошје, јаткасти плодови, зачини и друго согласно правилникот за  контаминенти Сл. весник на РСМ, бр. 143 од 10.7.2024 година и Eвропската фармакопеjа  (Ph. Eur.2.8.18) за производите од канабис. Опремата која се користи за испитувањата е гасна хроматографија со различни видови на детектори (MS, ECD, FTD), потоа флуориметар и ELISA читач.

Акредитирани се следниве методи:

  1. Oпределување на пестициди во вода со гасен хроматограф со детектор на маси (GC-MS);
  2. Oпределување на остатоци од пестициди во овошје и зеленчук со гасен хроматограф со детектор на маси (GC-MS);
  3. VICAM AflaTest флуориметриска процедура за определување на вкупни афлатоксини во кикирики, производи од кикирики, бадеми, семки од кајсии, фстаци, лешници и индиски ореви;
  4. VICAM AflaTest флуориметриска процедура за определување на вкупни афлатоксини во житни производи и пченка;
  5. VICAM AflaTest флуориметриска процедура за определување на вкупни афлатоксини во цвет од канабис;
  6. ELISA метод: определување на Вкупни Афлатоксини во жита и житни производи, јаткасти плодови, суво овошје, зачини, пиво и масла;
  7. ELISA метод: определување на Охратоксин во житни производи, Пиво и Вино;
  8. ELISA метод: определување на Фумонисини во житни производи и пиво;
  9. ELISA метод: определување на Деоксиниваленол во житни производи и пиво;
  10. ELISA метод: определување на Зеараленон во житни производи и пиво; 

 

Контакт информации

Контакт лице: М–р дипл. инж. технолог Анита Најденкоска, спец. по санитарна хемија

Контакт телефон: +389 70 380 285  3125 044 лок. 21

Електронска поштаa.najdenkoska@iph.mk

Работно време: Секој работен ден: од 07:30 до 15:30