ПРАВЕН ИДЕНТИТЕТ
Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст ИЈЗРСМ) е регистриран во Централниот регистар на Република Северна Македонија со Решение од 2 ноември 2009 година како Јавна здравствена установа. Со правните акти Статут и Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места се регулирани организацијата, работните задачи, овластувањата, меѓусебниот однос и одговорностите на вработените.
НАЧЕЛА НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ
Јавното здравје е систем од знаења и вештини за спречување на болести, продолжување на животот и унапредување на здравјето преку организирани напори на општеството. ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија согласно Законот за здравствена заштита и Законот за јавно здравје, како национална здравствена институција е првата линија на реализацијата на таквата цел. Обезбедувањето на соодветно ниво на извонредност во процесот на пружање на своите услуги, засновани на највисокиот степен на знаење кое е достапно и применливо во Република Северна Македонија, се темели на начелата за:
АКРЕДИТАЦИЈА И СЕРТИФИКАЦИЈА
Препознавајќи го значењето на примената на стандардите за квалитет во своето работење ЈЗУ ИЈЗ започна со активности за нивна имплементација уште многу одамна. Лабораториите од ЈЗУ ИЈЗ кои се дел од Центарот за референтни лаборатории беа меѓу првите во Македонија кои се акредитираа согласно барањата на стандардот ISO 17025:2006. Првиот сертификат за акредитација на лабораториите за тестирање и калибрација според ISO 17025:2006, ЈЗУ ИЈЗ го доби на 25.12.2006 година, доделен од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија. Оттогаш, ЈЗУ ИЈЗ редовно ја унапредува својата работа и ги следи новите барања за обезбедување квалитет во работата што се потврдува и со редовните годишни проверки од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија. Стручноста и компетентноста на лабораториите се потврдува и со редовното успешно учество во шеми за тестирање на оспособеноста и меѓулабораториски споредби во земјата и странство. Основната цел на воспоставениот систем за квалитет е задоволување на барањата од прописите и други нормативни документи како и барањата на корисниците на услуги што се рефлектира преку издавање точни и квалитетни резултати од испитувањата, како и почитување на роковите и правовремено изведување на активностите. Сите вработени во ЈЗУ ИЈЗ се запознати со Политиката за квалитет и се вклучени во документираниот систем на управување, користат процедури и работни упатства кои доследно ги спроведуваат во својата работа. За правилно функционирање на сертифицираниот систем за квалитет одговорен е наименуван претставник од страна на раководството - Менаџер за квалитет. На ваков начин, раководството на ЈЗУ ИЈЗ ја истакнува својата посветеност и заложба за развој, а секој од вработените согласно сопствените овластувања и одговорности придонесува за подобрување на ефективноста на работа на институцијата. Институтот за јавно здравје се стреми да ги следи светските достигнувања во областа на аналитиката и во секој момент да биде подготвен да одговори на барањата и потребите на корисниците на услуги и инспекциските тела. Лабораториите за тестирање кои припаѓаат на Одделот за хемиски и радиолошки тестирања, Одделот за микробиологија и Одделот за контрола и испитување на лекови во ЈЗУ ИЈЗ се акредитирани за испитување на храна (квалитет и безбедност - микробиологија, пестициди, тешки метали, микотоксини, радиологија), вода за пиење, минерална вода и површинска вода (квалитет и безбедност, содржина на гамарадионуклиди, алфа и бета активност), почва и атмосферски талози, градежни материјали, лекови и предмети за општа употреба (играчки, пластични предмети и керамика) и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Лабораторијата за калибрација е акредитирана за калибрација на инструменти за детекција на јонизирачко зрачење. Опсегот на акредитација вклучува околу 100 методи за тестирање и 4 методи за калибрација, а списокот на акредитирани методи по лаборатории може да се најде на веб страницата на Институтот за акредитација на Р.С. Македонија (LT-005 и ЛК-008) – страна 10 со се печат да се превземе.
ФИНАНСИРАЊЕ
Финансирањето на дејностите на Институтот се обезбедува преку реализација на програмските активности предвидени со владините превентивни програми, од услуги за граѓани и пациенти од лабораториската дејност по основ на договор со Фондот за здравствено осигурување на РСМ, средства кои се обезбедуваат од донации по основ на истражувачки проекти, други средства кои се обезбедуваат од услугите кои Институтот ги реализира за производителите, увозниците и извозниците на лекови, храна, предмети за општа употреба, како и други услуги од доменот на стручните компетенции на вработените во Институтот.
ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА