Одделение за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба

Одделение за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба, во рамките на Оддел за хемиски и радиолошки испитувања

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба

Одделението за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба е од големо значење, бидејќи е единствено засебно одделение и акредитирано од ваков вид во РСМ.

Во ова одделение се вршат испитувања на здравствената исправност на:

  1. материјали и производи наменети да дојдат во контакт со прехрамбените производи, кои мораат да исполнуваат општи и посебни услови, така да не влијаат на квалитетот и безбедноста на храната и да не го загрозуваат здравјето на потрошувачите;
  2. испитувања на здравствената исправност на материјали и производи наменети да дојдат во контакт со кожа и слузокожа;
  3. како и испитување на безбедноста и здравствената исправност на детските играчки.

Испитувањата се изведуваат согласно постојната национална законска регулатива, која се однесува на предметите за општа употреба и детски играчки, како и најновите ЕУ Регулативи и Директиви.

Од параметрите кои се тестираат на поедини видови на предмети се:

  1. целосна миграција на неиспарливи супстанции,
  2. специфична миграција на метали,
  3. специфична миграција на сума од примарни ароматични амини,
  4. испуштање на боја во тест раствор и
  5. тестирање на механички и физички својства на детски играчки.

Одделението врши тестирања согласно следнава поделба на предметите за општа употреба (од увоз и домашно производство):

  1. садови и прибор за животни намирници (стакло, керамика, дрво, хартија, метал, емајл);
  2. амбалажа за животни намирници;
  3. детски играчки;
  4. средства за лична хигиена;
  5. средства за хигиена во домаќинство;
  6. прибор за мали деца и доенчиња;
  7. пластични гранулати;
  8. делови од машини и
  9. амбалажа.

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба

Одделението за испитување на здравствена исправност на предмети за општа употреба е акредитирано согласно стандардот ISO/IEC 17025 за следниве методи:

1. Определување на миграција на метали (олово и кадмиум) од керамички предмети согласно Directive 84/500/EEC и Сл. Весник на РМ бр.1/2013 (20130010005);

2. Определување на специфична миграција на сума од примарни ароматични амини од предмети изработени од пластика, согласно ”Amtliche Sammlung von Untersuchungsverfahren nach§35 LMBG  L00.00-6;

3. Определување на миграција на тешки метали (олово, кадмиум и хром) од детски играчки од различни материјали согласно ЕН 71-3:2019;

4. Определување на миграција на метали (олово и кадмиум) во стаклени садови, кои се полнат, согласно ISO 7086:2020 – 1,2. 

5. Oпределување на целосна миграција на неиспарливи супстанции во пластични материјали и предмети, согласно EN 1186-3:2022

Контакт информации

Раководител: Д–р сци. Евгенија Кироска-Петреска, спец. по санитарна хемија

Контакт телефон: +389 70 378 329, +389 2 3125 044 локал 13

Електронска пошта: predmeti2019@gmail.com

Работно време: Секој работен ден: од 07:30 до 14:30


Дипл.инг.спец. Светлана Тошевска / Самостоен аналитичар, е-пошта: predmeti2019@gmail.com

Контакт телефон: +389 2 3125 044 локал 13

Дипл.инг.спец. Тони Мицков / Самостоен аналитичар, е-пошта: t.mickov@iph.mk

Контакт телефон: +389 2 3125 044 локал 48

Контакт телефон: +389 2 3125 044 локал 13