ИСХРАНА
Испитување на антропометриски карактеристики на нутритивен статус на население (определување на физиолошка исхранетост и на сите други форми на пореметувања во ухранетоста, од неухранетост до зголемена телесна тежина и дебелина);
Испитување на нутритивните карактеристики на исхраната на одделни популациони групи (определување на количина на макро и микронутриенси во исхраната и нивна карактеризација во однос на препорачаниот дневен внес);
Проценка на телесен состав (преку биоелектрична импеданца).
ЗДРАВСТВЕНО-ХИГИЕНСКИ ПРЕГЛЕДИ
Здравствено-хигиенските прегледи се вршат под услови, рокови и начин пропишан во гореспоменатиот правилник, а врз основа на критериумите кои се пропишани во Законот за заштита на населението од заразни болести.
Како се вршат овие прегледи?
Здравствено-хигиенските (санитарните) прегледи се спроведуваат по строго дефиниран протокол, со кој може да се запознаете тука
За кои лица и на колку време се задолжителни овие прегледи ?
За подетален преглед на лица опфатени со овие прегледи и роковите за нивно извршување можете да ги прочитате тука:
Што опфаќа здравствено-хигиенскиот преглед?
Издавање на санитарни книшки
Санитарната книшка го подигнува лицето на кое што му е извршен прегледот или претставник на компанијата овластен да ги преземе санитарните книшки.
Каде се вршат овие прегледи?
Начин на плаќање
Во готово или фактура.
ИСХРАНА
Главна задача на одделението во делот исхраната е да ги следи и проучува здравствените ризици на населението во РСМ поврзани со исхраната, посебно на ранливите популациони групи и да предлага соодветни мерки за унапредување, согласно новите научни сознанија од областа на исхраната. Врши испитувања на исхраната и нутритивниот статус на популациони групи со диететски, антропометриски, лабораториски и функционални испитувања, а во соработка со тимовите од Центрите за јавно здравје во РСМ, го следи растот и развојот на децата и учениците на целата територија во државата.
ЗДРАВСТВЕНО-ХИГИЕНСКИ ПРЕГЛЕДИ
Здравствено-хигиенски прегледи се вршат со цел спречување на заразни заболувања на вработените во дејности пропишани со Правилникот за начинот на вршење, содржина на прегледите, видовите на прегледите и роковите на вршењето на задолжителните здравствено-хигиенски прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр.152/2007 и бр.8/2008) како и здравствена безбедност на лицата кои ги користат услугите од овие дејности.