- Планира, координира, реализира и евалуира активности за промоција на здравје и превенција на болести,
- ја следи здравствената состојба на населението, системот, на организација и финансирање на здравствената заштита,
- учествува во изготвување и спроведување на посебни програми од здравствената дејност,
- предлага мерки за решавање на здравствените потреби на населението,
- утврдува приоритети за задоволување на потребите и подобрување на здравствената состојба на населението,
- врши стручна експертиза за креирање на јавно-здравствената политика базирана на докази
- учествува во изготвување национални закони од областа на здравството, национални и интернационални стратегии, акциски планови, стандарди и нормативи, јавно-здравствени превентивни програми, национални и интернационални индикатори за мониторинг и евалуација на здравствената состојба и здравствената заштита на ранливи групи од населението,
- спроведува публицистичка дејност преку изработка на публикации и здраствено-воспитни средства (брошури, плакати, летоци и др.),
- спроведува научно –истражувачки проекти од областа на здравството,
- соработува со меѓународни и национални институции од земјата и странство,
- спроведува наставна и едукативна дејност од областа на социјална медицина и јавно здравје,
- обезбедува стручно-методолошка помош на здравствените организации, од областа на социјалната медицина, здравственото воспитание и економиката во здравството.