Во одделението за бактериологија се врши бактериолошка дијагностика на материјали по клиничка и епидемиолошка индикација. Се врши микробиолошка контрола на нежива средина: микробиолошка исправност на воздух, микробиолошка исправност на сува и влажна стерилизација со биолошки индикатори и микробиолошка исправност на нежива средина -предмети и површини.
Особено внимание се посветува на регистрирање и следење на резистенцијата на бактериските соеви кон антимикробните средства.
Во лабораторијата се работат и бактериолошки анализи за клицоносителство на лица кои подлежат на санитарни прегледи согласно Законот за здравствена заштита на Република Северна Македонија.
Бактериолошки услуги: