Одделение за превенција и контрола на заразни заболувања

Одделение за превенција и контрола на заразни заболувања, во рамките на Оддел за епидемиологија на заразни заболувања

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за превенција и контрола на заразни заболувања

Појавата на нови и стари микроорганизми и нивната зголемената отпорност кон антимикробни средства, се феномени кои укажуваат дека заразните заболувања и понатаму претставуваат закана за здравјето на населението и голем јавно-здравствен и социјален проблем. Здравствениот сектор мора да спроведува програми базирани на докази, насочени кон намалување на ризично однесување, навремено препознавање, регистрирање и третман на заболените лица, како и навремено преземање ефикасни мерки за спречување на појава и ширење на заразните заболувањата  и нивно ставање под контрола, и промовирање на здравјето и благосостојбата.  

Стабилен и современ систем за следење и одговор кон заразни болести е неопходен за навремено детектирање како предуслов за брз одговор кон заканите од заразни болести.

Во контекст на заложбите на Македонија за интеграција во Европската Унија, потребно е да се продолжи со активности насочени кон усовршување и хармонизирање на системот за следење и одговор на заразните болести и обезбедување на компарабилни податоци со Европскиот центар за контрола и превенција на заразни болести (ЕЦДЦ) и СЗО.

Публикации:

  1. седмодневни извештаи,
  2. месечни билтени,
  3. тековни информации и извештаи,
  4. периодични информации,
  5. годишни извештаи, информации и годишни анализи за движењето на заразните заболувања во Република Северна Македонија, за состојбата со бруцелоза и ХИВ/СИДА, АЛЕРТ систем и болнички-стекнати инфекции (ИХИ) 

 

Mерки и активности во надлежност на Одделение за превенција и контрола на заразни заболувања

  1. Следење и контрола над заразните болести во Северна Македонија по пат на прибирање, анализирање и обработка на индивидуални пријави за заразни болести, пријави за микробиолошки докажани причинители на заразни болести, групни (седмодневни) пријави за грип, како и бројни информации, известувања и други сознанија за движењето на заразните болести, кои ги добива од регионалните Центри за јавно здравје и нивните подрачни единици како и други здравствени установи;
  2. Предлагање, превземање и контрола над спроведувањето на мерките за спречување и сузбивање на заразните заболувања и епидемии;
  3. Учество во теренските епидемиолошки истражувања во републиката и укажување на стручно-методолошка помош;
  4. Изготвување на неделни, месечни, годишни извештаи за движењето на заразните заболувања во Република Северна Македонија, со епидемиолошки коментар;
  5. Следење на состојбата со бруцелоза во републиката и координирани активности за нејзино ставање под контрола, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, како зооноза која подлежи на посебни програмски регулирани мерки и активности за превенција;
  6. Следење на состојбата со ХИВ/СИДА во републиката и координирани активности за нејзино ставање под контрола во соработка со стратешките партнери од владиниот и невладиниот сектор, а во координација на Министерството за здравство. 
  7. Подготвување на предлог годишни Програми (за јавно здравје, бруцелоза, ХИВ/СИДА и имунизација) и поднесување до Министерството за здравство;
  8. Изготвување на годишни извештаи за остварување на споменатите превентивни Програми, годишен извештај за движењето на заразните болести во републиката, како и годишни извештаи за остварената работа на одделението.
  9. Епидемиолошко следење и анализирање на состојбата со грип во и вон сезона;
  10. Интегриран епидемиолошки надзор/следење и анализирање на состојбата со грип и КОВИД-19 во тек на пандемија. 

Контакт информации

Контакт лице: Раководител на одделение – асс. д-р Драган Кочински

Контакт телефон:   +389 2 3125 044 лок. 05

Електронска пошта:  ijz.epidemiologija@gmail.com

Работно време: Секој работен ден: од 07:30 до 15:30