Одделение за правно-нормативна дејност и меѓународна соработка

Одделение за правно-нормативна дејност и меѓународна соработка, во рамките на Сектор за административни работи и логистика

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за правно-нормативна дејност и меѓународна соработка

  1. Ги подготвува, правно оформува и разработува нацртите на сите интерни општи акти на Институтот,
  2. Разработува и правно ги оформува сите одлуки, решенија и заклучоци на органите на управување на Институтот,
  3. Ги следи и спроведува законските прописи од општо значење и дава правни мислења во поглед на правилната примена на законските и други прописи,
  4. Ги врши сите управни и правни работи во Институтот,
  5. Врши технички припреми за седниците на органите на управувањето односно ги извршува сите административни работи за овие органи,
  6. Се грижи за наменско користење на работните простории,
  7. Ја води архивата на Заводот спрема прописите на канцелариското работење, се грижи за примање, отварање, заведување, распоредување, разведување и испраќање на пошта,
  8. Ги регистрира и одлага-ахивира и чува актите, односно се грижи за административната архива на Заводот,
  9. Насочува, обединува и координира работата во врска со подготвување на платформа за меѓународна соработка,
  10. Презема мерки и активности за обезбедување на материјални услови за остварување меѓународна соработка,
  11. Ја координира подготовката за изготвување на нацрт-договори за соработка со меѓународни институции и со други субјекти,
  12. Изработува документи за унапредување на соработката на Институтот со институции од земјите-членки на Европската унија и со други земји,
  13. Го координира учеството на Институтот во организирањето на меѓународни состаноци што се однесуваат на јавно-здравствените активности и ја спроведува програмата за меѓународна размена на искуства во областа на јавното здравје,
  14. Ги извршува работите и задачите во Заводот врз основа на конкретни упатства, насоки и со контрола од раководителот на одделението, што се однесуваат на подготвителните работи и задачи во врска со координација на проекти,
  15. Помага во подготовките и во следењето на програмите и проектите за меѓународна соработка,
  16. Помага во подготовката, изработката и следењето на проектите и програмите на Институтот и помага во изготвувањето на анализи, на мислења по општи акти и на материјали од оваа област.

 

Контакт информации

Контакт лице: дипл. правник Валентина Кочубовска, раководител на Одделението

Контакт телефон: 02 312 50 44 лок. 39

Електронска поштаkocubovska@yahoo.com