Одделение за радијациона заштита

 

Информации за дејноста што се извршува во Одделение за радијациона заштита

Одделението поседува професионална компентенција, базирана на закон, во сферата на заштитата од јонизирачкото зрачење за вршење на мониторинг во животната средина, мониторинг и процена на изложеност на професионално изложени лица и население.

Дополнително поседува компентенција за вршење на обука и советување, во сферата од заштитата од јонизирачко зрачење, на институции и лица во чија дејност е користењето на јониирачко зрачење, дополнително, по потреба и на поединци или групи од населението.

Оддеелението управува и со калибрациона единица за еталонирање на инструменти, радиометри, кои се користат во сферата од заштитата од јонизирачко зрачење, вклучително обука и советување за корисниците (за исправно користење на инструментите).

Во одделението во моментот се ангажирани вкупно 12 лица, со висока и средна стручна спрема, меѓу кои и специјалисти и магистри на науки во областите од дејноста на одделението.

Високата професионална компетентност одделеието ја потврдува преку свое полноправно членство во:

  1. Светската мрежа на Секунтарно стандардните дозиметриски лаборатории (ССДЛ) на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Светската здравствена организација (WHO),
  2. Европската групација на дозиметриски лаборатории – EURADOS,
  3. Европската мрежа за континуиран мониторинг на јонизирачко зрачење во надворешна средина – EURDEP и
  4. Мрежата на радиометриски лаборатории на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) – ALMERA.

Одделението соработува со повеќе меќународни институции и организации преку активна партиципација во нивните активност и тоа:

  1. Реализација, координација или учество на наши експерти во проектите на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, IAEA, Vienna,
  2. Соработка со Истражувачкиот центар на Европската комисија, JRC Center, Ispra, Italy.

 

Контакт информации

Контакт лице: Дипл. инж. по хемија Јорданка Aнушева, спец. по санитарна хемија
Контакт телефон: +389 2 312 50 44, лок. 12

 

Електронска поштаdozimetrija@gmail.com / doza@iph.mk / jordankaanuseva@yahoo.com