Одделението за човечки ресурси, логистика и односи со јавност ја применува законската регулатива врз основа на Законот за работни односи, Законот за здравствена заштита, Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за образование, Колективниот договор за вработените во јавните здравствени установи од областа на здравството и социјалната политика, и други закони што се однесуваат на остварување на правата и обрврските на вработените.
Примена на внатрешните акти што произлегуваат од законската регулатива, Актот за внатрешна организација, Актот за систематизација на работни места и Правилниците што произлегуваат од цитираните акти (Правилници што го регулчираат двојниот работен однос, едукација и усовршување на вработените, надомест на штети по основ на повреди, смртен случај.... )
Ова Одделение е во непосредна комуникација со Министерството за информатичко општество и администрација по основ на примена на Законот за вработени во јавниот сектор, Каталогот на работни места и ажурирање на податоците во ХРМИС, согласно Законот за заштита на лични податоци.
Одделението преку лицето за односи со јавност се грижи за достапност на информациите до медиумите.
Одделението ја води и организира целокупната логистика во Институцијата.