Оддел за здравствена статистика и публицистика

 

Mерки и активности во надлежност на Оддел за здравствена статистика и публицистика

  1. спроведува здравствено-статистичка дејност преку прибирање, контрола и компјутерска обработка на здравствено-статистички податоци од индивидуални и збирни здравствено статистички извештаи;
  2. преку софтверска обработка на податоци ги води и публицира националните регистри ” Регистар за рак во Република Северна Македонија”, “Регистар за шеќерна болест во Република Северна Македонија”, изготвува публикации за лекуваните во примарната здравствена заштита “Амбулантно поликлинички морбидитет во Северна Македонија” и за стационарно лекуваните лица во болничките одделенија “Болнички морбидитет и морталитет во Република Северна Македонија”
  3. прецизно ги евидентира кадрите во здравството преку добро формирана компјутерска база на податоци;
  4. соработува со државни и меѓународни институции и организации (како СЗО, ЕУРОСТАД, ЕУ и др.) за следење и применување на новините во својата дејност;
  5. ја следи статистичката обработка на извештаите за работата на здравствените организации;
  6. учествува во изготвување на програмите за статистички истражувања од областа во здравството;
  7. учествува во изготвување на стручно-методолошки упатства за спроведување на статистичките истражувања од областа на здравството;
  8. изготвуваат национални здравствени индикатори;
  9. учествува во изготвување на обрасци за медицинската документација, евиденции и извештаи;
  10. врши стручен надзор од областа на здравствената статистика во здравствените организации;
  11. ја координира стручната работа од областа на здравствената статистика во заводите за здравствена заштита и подрачните служби на заводите;
  12. учествува во изработка на проекти за здравствениот информациски систем во Републиката;
  13. учествува во изработка на оперативни планови за воведување на апликативни програми;
  14. врши анализа и евалуација на статистичките податоци;
  15. учествува во образовната дејност и спроведува стручно усовршување на здравствените работници и соработници од различни профили за време на приправничкиот и специјалистичкиот стаж и други видови на стручно усовршување, од областа на здравствената статистика;
  16. изведува едукација и стручно усовршување на медицинските кадри од различни профили од областа на здравствената статистика, информатика во здравството и електронска обработка на податоци преку курсеви и семинари, како и теренски увиди во здравствените организации со стручно-методолошка помош и инструктажа.

Контакт информации:

Контакт лицеМ-р д-р Вјоса Речица - специјалист по социјална медицина со организација на здравствена дејност, Раководител на Оддел

Контакт телефон: +389 76 370 122 / 02 2622-237 / факс: 02 3223-354

02/3125 044 лок. 29

Електронска пошта vjosa.recica@gmail.com / v.recica@iph.mk

Работно време: Секој работен ден, од 07:30 до 15:30