ЗДРАВСТВЕНО-ХИГИЕНСКИ ПРЕГЛЕДИ
Здравствено-хигиенски прегледи се вршат со цел спречување на заразни заболувања на вработените во дејности пропишани со Правилникот за начинот на вршење, содржина на прегледите, видовите на прегледите и роковите на вршењето на задолжителните здравствено-хигиенски прегледи на вработените (Сл. Весник на РМ бр.152/2007 и бр.8/2008) и здравствена безбедност на лицата кои ги користат услугите од овие дејности. Здравствено-хигиенските прегледи се вршат под услови, рокови и начин пропишан во гореспоменатиот правилник, а врз основа на критериумите кои се пропишани во Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ бр.66/2004)
Како се вршат овие прегледи?
Здравствено-хигиенските (санитарните) прегледи се спроведуваат по строго дефиниран протокол, со кој може да се запознаете тука
За кои лица и на колку време се задолжителни овие прегледи ?
За подетален преглед на лица опфатени со овие прегледи и роковите за нивно извршување можете да ги прочитате тука
Што опфаќа здравствено-хигиенскиот преглед?
Издавање на санитарни книшки
Санитарната книшка го подигнува лицето на коe што му е извршен прегледот или претставник на компанијата овластен да ги преземе санитарните книшки.
Каде се вршат овие прегледи?
Адреса: Скопје, ул. 50та Дивизија бр.6, во Одделението за исхрана и здравствено-хигиенски (санитарни) прегледи во соба со број А-8;
Начин на плаќање
Во готово или фактура.
Работно време
Секој работен ден: Од 8:00 до 14:00
Пауза: Од 10:30 до 11:00
Контакт телефон: 075 276 136
Електронска пошта: sanitarni@iph.mk
Ви изразуваме искрена благодарност за соработката!
Со почит,
Институт за јавно здравје на РСМ